Идеата со фиксно учество е тешко да се разбере како фудбалски фан, ама од економска гледна точка, клубот знае со колку пари располага и може да функционира ко нормална корпорација (што и е). А не денес се задолжил милијарда за играчи, утре игра со лече и има 10 пати помали приходи. Тоа ќе биде форматот.
Мислам не го сваќаш влогот, лесно е да се каже тоа биди константен, освојувај. Ама клубовите се економски нестабилни, вајда до ризик на банкрот чим се решиле на ваков радикален потег.
Се сложуваме. Само па не иде 100 клубови во еврпа да страдаат ради 12 великани што трошеле повеќе него што можеле. Сите бркаат успех и верувај успехот во фудбалот е најбитен. Ако Сити што троши по 150+ милиони на играчи секоја година не освојува титули тогаш џабе му е се. Не смее заради 12 екипи да се уништи се што со години се правело. Сите бизниси се економски нестабилни, никој не им е крив што се на раб на банкрот, веќе има и банкротирани тимови, имаш и тимови ко Нотингем Форест што биле алфа и омега па паднале 2-3 дивизија итн. Некако не ги жалам, нека си се борат за својот успех, борбата за успех е тоа што го прави фудбалот да биде најатрактивниот спорт у свет. Ако нема борба, ако нема ризик, ако нема награда и казна тогаш ќе нема ни жар.
Плус што е интересно, не може да нема „слаби“ екипи, мора некоја екипа да изгуби, мора некој да биде 1 и некој да биде 12 место. Не постои натпреварување без слаби и јаки екипи.
Исто така, дури и во таа НБА иако има стабилни тимови, исто има и огромен број на тимови + имаш и екипи што служат само за билдање разлика и за плеј оф можат само да сонуваат сезоната и имаш супер тимови како Лејкерс и Нетс на пример што направија. Значи најдобрата лига у свет ги има и Мемфис и Лејкерс, а не е составена само од Лејкерс, Бруклин итн. (не пратам многу нба се глеа)
Иако и во Нба има огромна разлика од пре-сеазон, сезона и Плеј Оф. Нормално најгледан е плеј офот. Нешто како ЛШ
