O
ob1
Гостин
Можеше, но ете, не се реши.Па и не мора еден играч да кошта 200 милиони и да земаат одредени играчи пола милион месечно. Можеше да се реши се и со моменталните средства што ги добиваат, ако лимитираа уште пред некоја година максимална сума на трансфер + максимум плата.
Останатите клубови и онака немаат многу пари и сега, ама во ПЛ ради ТВ правата си играат курташак Вила, Лестер, Палас и остали и може да бараат 60+ милиони за играч без проблем затоа што живеат од ТВ правата. Ако немаат големите тимови пари нема да страдаат помалите воопшто. Убедливо највеќе страдаат големиве, затоа што се до гуша во долгови.
Никој не им е крив на Реал и Барса што се по 1 милијарда во долгови.
Така да ова што го збори е само мачкање очи, сигурно не им е идејата да им помогнат на останатите фудбалски клубови.
А зашто бе некој да им лимитра на играчите колку пари да зимаат?
Зашто некој да му лимитира на Мбапе да зима 20 милиони годишно, ако он со неговата игра и неговиот имиџ на клубот му генерира x10 пати од платата која ја зима?
Не е ова НЕ ФЕР према играчите?
Прочитај убаво што збори човекот, никаде не вика дека они не се оштетени.
Големите клубови се најоштетени, затоа и ја прават оваа Супер Лига, бидејќи во ваква ситуација единствениот приход што го имаат е од ТВ правата, а тие се премали за да опстанат со ова темпо на движење.
Ако се деси финансиски крах на најголемите 20 клуба во светот, мислиш дека нема тоа последица да има и врз останатите клубови?
Дека сите нормално ќе си функционираат без овие?
Никаде ништо не мачка, си излезе и си кажа брутално искрено се.
Пак ќе кажам, гомнарски начин е ова, ама е брутална реалност.