Маестрална партија на Ливерпул денеска. Заслужена победа.
Повеќе твитови.
Повеќе гугл пребарувања.
Повеќе продадени дресови.
Повеќе фанови во Малезија.
Повеќе фанови и во Египет.
Во Македонија е тврда битката, ама се води и таму.
Водат три спрема еден во уплатени тикети во Ново село.
Водат и во уплатени тикети во Булачани.
Се крчка победа и по уплатени тикети во Демир Хисар.
Ливерпулски црвен град ќе биде и Пехчево.
Да не говориме за Кисела Вода и Аеродром.
Водство и на Бинг.
Повеќе лајкови на Инстаграм.
Сајтот е убедливо попосетен според Алекса параметрите.
Кога сме кај Алекса, убедливо повеќе луѓе ја користат Алекса за барање фудбалери на Ливерпул отколку фудбалери на Лидс.
Повеќе луѓе рекле "Ok, google, tell me Liverpool's next game" во споредба со натпревари на Лидс.
Повеќе продадени дресови на црно во Кина создадени во подрум на богаташ што нелегално ги држи луѓето 16 саати на ден пошто баш тој ден повеќе луѓе нарачале дресови онлајн.
Победа по СИТЕ ВАЖНИ ФУДБАЛСКИ ПАРАМЕТРИ!
Браво Ливерпул, заслужена победа!!!
Ќе беше зезнато ако не победевте, можеби немаше да се плас...ах, да.
Како и да е, сепак победивте. Газдите смеат да се радуваат вечерва.
Браво