Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.739
Поени од реакции
30.556
Ќе почне од најобичен фудбал па ќе заврши со општествени поделби (не дека до сега немаше) ама ќе биде по изразено.
Не знам ни на кој начин се одбрани овие тимови затоа што некои се заглавени у камено доба со фудбалот што го играат.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Ќе почне од најобичен фудбал па ќе заврши со општествени поделби (не дека до сега немаше) ама ќе биде по изразено.
Не знам ни на кој начин се одбрани овие тимови затоа што некои се заглавени у камено доба со фудбалот што го играат.
Хахаха ти уште мислиш дека ова има некаква врска со фудбалот? :ROFLMAO:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.191
Поени од реакции
9.198
Некои имаа помалку титули од Астон Вила,Евертон и Сандерленд и ќе поставувале нов фудбалски поредок и ги рачунаат за големи клубови одите фудбалот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.997
Поени од реакции
18.763
А јас ќе си земам за право да го соопштам ставот на Фан Клуб Барселона.
Од една страна, ние сме изрично против ова натпреварување во кое секое коло би биле торпедирани од екипи како Ливерпул, Јуве, Сити и остали. Ние сакаме да си ја задржиме традицијата создадена последните неколку сезони, да бидеме торпедирани само еднаш во сезона, па после тоа фино лепо си отпаѓаме, правиме ремонт на екипата во нашиот фан клуб и чекаме нова сезона и ново торпедирање.

МЕЃУТОА, од друга страна, сега за сега не го отфрламе целосно овој предлог за ново фудбалско натпреварување, затоа што позитивна работа е што во истото нема да учествуваат Баерн, ПСЖ и Рома.
Вашиот духовен гуру Филе не мисли така, со отворени раце ја прифаќа супер лигата.

Иначе интересен факт - Сантијаго Бернабе го има креирано европскиот куп (денешна ЛШ). Флорентино Перез денес, а и во изминативе неколку години, е најголемиот гласноговорник за Супер Лига. #авангарда
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.828
Поени од реакции
6.370
Ако ги исфрлат клубовите од лигите секако повеќе ке изгуби лигата , пример во Шпанија борба за титула Севиља и Реал Сосиедат ..
Во Англија за титула ке се борат Евертон и Лестер .. смешно е ова .. нема логика да ги исфрлат ке биде катастрофа ..
Тргате од ова како фанови од Македонија. Евертон и Лестер и те како имаат навивачи кои полнат стадиони дали биле Јунајтед или Норич како противник. Раџеш и Петко што дрка на екипа што никогаш во живот не ја гледал и мисли дека фудбалот почнал и завршил со Меси и Роналдо ќе ја гледаат, но се уништува тоа што е „grassroot" поддршка.
Во случај навистина да има бојкот низ Европа на Супер лигата, на краток рок поголеми губитници се самите лиги, но на долг рок загубите на одменатата 12ка ќе бидат поголеми.

Како и да е, група богаташи што трошеа со години како ненормални, ги лупна пандемијата по џебот и од страв од помали екипи кои многу подобро ги менаџираат своите ресурси, решија да го разјебат целиот спорт за да не испаднат некоја сезона.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Ваљда е леџит ова.

1618844586811.png


И да не е, правото е растеглива материја, ќе најдат начин да ги исфрлат.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.191
Поени од реакции
9.198
Имаше линкнато од биг 6 некој висок функционер дека нема врска со фудбалот се е за профит незнам натаму што не е јасно и во темава беше постирано видео.
 
Член од
16 август 2019
Мислења
88
Поени од реакции
171
Иначе интересен факт, Сантијаго Бернабе го има креирано европскиот куп (денешна ЛШ), Флорентино Перез денес, а и во изминативе неколку години, е најголемиот гласноговорник за Супер Лига. #авангарда
Да се надеваме дека ќе тргнеме во Супер Лига како што тргнавме и во евроспкиот куп:zloo:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.739
Поени од реакции
30.556
Вашиот духовен гуру Филе не мисли така, со отворени раце ја прифаќа супер лигата.

Иначе интересен факт - Сантијаго Бернабе го има креирано европскиот куп (денешна ЛШ). Флорентино Перез денес, а и во изминативе неколку години, е најголемиот гласноговорник за Супер Лига. #авангарда
Разликата е огромна, во европскиот куп секој има шанса да учествува преку квалификации а во суперлигата тоа нема да биде случај.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Јас не гледам дека тие се противат да им биде истестирано влијанието. УЕФА е сега на потег, нека дејствуваат.
Точно и треба да дејстувваат и нека постават пример за другите. Па овие нека си се одвојат и нека си играат во таа приватна лига . Ако се толку овие 12 екипи сигурни во нивната моќ нека си го тераат бизнис моделот одвоено од лигите. 100 годишни корпорации пропаѓаат преку ноќ и никому ништо. Сега има и каде стануваат уште помоќни али ќе покаже времето. Повеќето од овие тимови се во огромни долгови кој самите си ги направија и ова е начин да се спасат.

Баш размислував нешто, сакав да дупчам некој од другарите дека нема да му игра клубот у супер лигава, и не знам ни еден што не навива за овие клубови. Така да може им е добро пресметано, тргај си од себе чисто сумљам дека некој нема да си го глеа својот клуб каде и да игра.
Баерн изјави дека нема да учествува и ќе си гледам Бундес лига и Лига на шампиони без овие 12. Кајн проблем :icon_lol:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.768
Поени од реакции
36.749
Целиот европски фудбал се движи кон каубојски стил на капитализам во последниве 10-15 години. Со влезот на нафташите и разно разни тајкуни по фудбалските клубови кои кур ги заболе за спортот туку само имаат интерес во профитот прашање на време кога ќе се десеше нешто вакво.

Едноставно нејќе да игра со тимови кои не му носат пари од телевизиски права и кур го заболе за спортскиот аспект дали победил или изгубил од другиот тим. Затоа ќе ги исклучат од конкуренција и богаташи ќе си играат само меѓу себе. Ете штом се шпекулира дека ЏП Морган ќе бил кум спонзор на лигата ваљда ќе не чека American style of entertainment.

Здравје па нека воведат и тајм аути или трето полувреме за да има повеќе комерцијален простор и реклами за газирани пијалоци, пиво, лекови за пропуштен мочен меур, и лекови за потенција.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.387
Поени од реакции
85.320
Баш размислував нешто, сакав да дупчам некој од другарите дека нема да му игра клубот у супер лигава, и не знам ни еден што не навива за овие клубови. Така да може им е добро пресметано, тргај си од себе чисто сумљам дека некој нема да си го глеа својот клуб каде и да игра.
Под ова мислиш на фанови од Македонија, Индија и Кореа или мислиш на англиските фанови?

Пошто ќе има голем дел на фанови од самиот град што би го бојкотирале ова.

А за тоа дека екипиве утре да направат наместо фудбал да има натпревар во јадење на колбаси на стадион, сигурен сум дека пак фановите од Индија и Бангладеш не само што ќе си ги гледаат екипите туки и редовно на социјални мрежи ќе постираат "RONALDO GOAT WE WON WE ATE MORE SAUSAGES LETS GO LIKE FOR RONALDO SAD REACT FOR MESSI LETS GOOO BEST FOOTBALLER IN THE WORLD"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom