Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Леле лупање глупости, ако одиме до детали, авионската несреќа се случи затоа што ПЛ не дозволувала натпреварот со Волвс да се презакаже за друга дата и морале да се враќаат по мразовите. Врти сучи, ако веќе бараме вина, ПЛ била виновна за несреќата.
 
Леле лупање глупости, ако одиме до детали, авионската несреќа се случи затоа што ПЛ не дозволувала натпреварот со Волвс да се презакаже за друга дата и морале да се враќаат по мразовите. Врти сучи, ако веќе бараме вина, ПЛ била виновна за несреќата.
A не давала преместување затоа што Јунајтед со учеството во тоа новото грдо европско натпреварување ја рушел традицијата и го уништувал фудбалот. :D
 
A не давала преместување затоа што Јунајтед со учеството во тоа новото грдо европско натпреварување ја рушел традицијата и го уништувал фудбалот. :D
Мене ми е јасно ова да не го знае навивач на друга екипа ама навивачи на Јунајтед поготово кога за таа несреќа има и филмови и документарци на Дискавери...

Ене адвокатон што го пастирал @Донев само потврдува дека само се силат и нема никаков правен инструмент да налупаат забрани за играчите и клубовите. Изјавиве од Чеферин ми се saving face, нема теорија вака да има наседнато.
 
Го утињаат ФИФА/УЕФА клучниот детал у ова

Екипиве КУР ГИ БОЛИ што ќе се деси

Нема лига? Ок, има пари
Бришење на сите титули? Ок, има пари
Играчите нема да играт репрезентации? Ок, ќе играат само за нас......и има пари


Истово ќе важи и кога ќе почне лигата

Некоја екипа е на последното место со гол разлика - 60? Екипата е срање? Тренерот е лош? Играчите не се мотивирани? Е ако де...........И М А П А Р И

Не е битно ништо друго, не можеш да заплашиш вакви фаци
До кога?

Клубовите од СЛ сметаа на тоа дека ќе си играат лигите и понатаму, тоа се десетици милиони кои нема да ги има.
Има играчи кои пред се сакаат да играаат за репрезентацијата и не им менува дали ќе играат во Јуве или Лацио тие нема да можеш веќе да ги врбуваш.
90% од навивачите во Европа на „големите“ клубови и 99% од навивачите на другите се против таа идеја. Ако главниот пазар престане да ги конзумира производот, кој што евентуално ќе стане досаден и за Раџеш и Дикембе, од каде покровителите на лигата ќе ги вадат retun-от што го очекваат со масовната ивнестиција?

Искрено, супер што се случува ова сега. Фудбалот во Европа е многу повеќе од оваа 12ка и нека ги нека си ја прават нивната затворена супер лига. Слободно нека одјебат, цел фудбал без нив ќе пати, но полесно ќе се опорави отколку тие самите клубови кои за 5 години ќе цвилат и ќе бараат назад. Време беше некако да се стават под контрола.
 
Доколку се случи нешто навистина и почни да се игра SL. Мислиш дека Баерн ќе остани сам во ЛШ на пример да игра против Рома за толку пари? Ви село без кучиња ?
Знаејки ги Баерн, да, why not :icon_lol:
 
Луѓе дали сте свесни какви корпорации стојат позади и се самите овие 12 клубови?
Дали мислите дека би превземале волку конкретни чекори,без да ги предвидат сите можни сценарија и последици?
Дали мислите дека стварно еве пример Интер толку близу до скудетото,би правел ваква суперлига,а знаејќи дека може да му ја одземат или да ги истераат од домашното првенство и уште едно лудило да ги избришат титулите на сите учесници.
Тотален нонсенс,овие 12 екипи имаат ненормални адвокатски тимови позади нив,познавајки дека се повеќето со американски власници маме ќе ебаваат по судови ако УЕФА или федерациите превземат некои абнормални постапки.
Се е ова испланирано и не мислам дека е блеф кон УЕФА пошто многу далеку отиде работата според мене,реално блам ќе биде за овие 12 да се деси некој преокрет.
А ова гласовиве на поддршка на сите федерации на УЕФА е само уште еден плус колку е тој круг корумпиран,сите тие федерации добиваат пари и поддршка за развој на истата,значи нормално никој не би го закопал бунарот од кај што иде вода,додека не видат на што се.Германците имаат различно водење на клубот,таму навивачите имаат голем дел влијание во клубовите внатре,а ПСЖ го одбиваат предсе ради тв-правата и тоа што газдата е главен на beIN групацијата којашто ги има екслузивно правата за сите такмичења на УЕФА.
Мал апдејт на напишаното погоре.
European Super League hires Theresa May’s former director of communications to lead press strategy
 
А што ако ставрно има бојкот на лигава од страна на фановите?


Кога се дешаваа киксови во ЛШ се полнеа страниците, вака во тема за новата лига нема да има постови и форумов ќе умре.


Се надевам Ацид ќе се јави со свое видување за работава и дека ќе упати писмо до креаторите на ЕСЛ, последна шанса да ги исплашиме малце.
 
Прашање е сега какви казни може да им опне УЕФА и што е легално изводливо а што не. Мислам дека целава работа ќе заврши по судови. Против сум да се банираат играчи за национални тимови, нека си се пресмета УЕФА со клубовите ама не на грбот на играчите.
 
Добро за играчите не можат да им забранат да играт за нивните репрезентации. Ама дека не можат моментално сега да ги банираат Челзи, Реал, Сити од нивно натпреварување не би рекол.
Не се господ овие 12 тимови ќе опстане фудбалот и без нив може со дупло помалку гледаност во ЛШ, ЕЛ ама сепак ќе си продолжи.
 
Нека ги банираат, таман да истестираат колкава гледаност ќе имаат на тоа што ќе им остане од лиги и ЛЕ без тие 12 клуба.
Супер. Нека се тестира влијанието на овие 12 тима и да видиме дали се толку моќни или ќе го јадат наредни 3-4 години додека да се вратат.
 
Добро за играчите не можат да им забранат да играт за нивните репрезентации. Ама дека не можат моментално сега да ги банираат Челзи, Реал, Сити од нивно натпреварување не би рекол.
Не се господ овие 12 тимови ќе опстане фудбалот и без нив може со дупло помалку гледаност во ЛШ, ЕЛ ама сепак ќе си продолжи.
И да ги банираат, кур ги боли екипиве, си имаат златна кокошка, уште подобро, ексклузивност добива ЕСЛ - единствено место каде можеш да ги гледаш овие екипи.

За второво...мислиш УЕФА го сака тоа? Мислиш УЕФА сака да се замара со дупло помалку гледаност и почнување на се од почеток?
Не сакаат, исти ташак се и тие
 
Супер. Нека се тестира влијанието на овие 12 тима и да видиме дали се толку моќни или ќе го јадат наредни 3-4 години додека да се вратат.
Јас не гледам дека тие се противат да им биде истестирано влијанието. УЕФА е сега на потег, нека дејствуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom