Работава е што многу пари влагаат во Фифа и Уефа, а големите клубови добиваат многу малку. Сеа со короната им дојде јајцето на гзот и тоа е.
Како прво не знам зошто да ги суспендираат играчите за Светско? Тоа е невозможно... што е крив Кејн на пример што Тотенхем прифатил да игра во оваа лига и да не може тој да игра за неговата репрезентација?
Со самото укинување на Светско, Фифа губи уште толку... а тие се најалчни од сите, се шиткаа за пари.
Како второ, ако ги суспендираат од лигите, пак лигите губат на гледаност и пак они се во загуба.
Мислам дека им пуштиа озбилна прича сеа и на крај ќе се договорат, да остане ЛШ, овие 12 клубови да имаат загарантирано место, за останатите места ќе си се борат пак другите преку лигите и ќе добијат многу поголеми суми фиксни годишно.
На кој основ некој на Тотнем и Арсенал ќе им дае ЗАГАРАНТИРАНО учество?
Милан ајде малце се дигна сезонава ама сеуште не е тоа што треба да се.
Интер е во подем а Јувентус полека паѓа.
Е сеа зашо бе Тотнем, Арсенал и Јуве што едвај фаќа топ 4, и не е сигурно дека ќе обезбедат и место во ЛШ во утепана серија а со беневентовци, специи, џенови итн?
Зашо Арсенал и Тотнем што преку ПЛ немаат шанси да фатат ЛШ да имаат загарантирано место?
Устваро зашо било кој клуб да има загарантирано место во ЛШ? Лига на ШАМПИОНИ Е. Кој шампион е Тотнем дај не ме зезај. Лига имаат освоено некогаш и негде. ЛШ и ЛЕ у мој животен век не.
Ептен глупо е ова. Никој нема право да бара загарантирано место, земи играј фудбал и избори си место.
Бјанконеро убаво имаше напишано, ако не можат да фатат место преку лига нека идат у нива некоја нека играат.
Е сеа никој нема да ти укине светско ниту европско. Фино лепо пошто и лигите и уефа и фифа се против, ќе и кажат на Англиска федерација, ќе ги известат сите дека Играч којшто игра во клуб од Супер Лигата нема право да настапува на натпреварувања од ФИФА и УЕФА, и тој Кејн ако сака да иде на еврпоско нека си бара чаре. Пошто и немаат нешто многу адути ФИФА И УЕФА без тие уцени.
Од друга страна, доколку го дозволат ова, кој ти гарантира дека нема за некоја година 6-7 тима од тие да земат и да оформат нова лига? Или пак нема Баерн и ПСЖ со уште 10тина тима да се одделат од УЕФА и они да си оформат нивна Супер Лига? Или пак Јужно Америчките клубови? МЛС? Кина? Кој гарантира дека нема некој катарски или саудиски клуб со тон пари да влезе? На арапите барем од земја им искачаат парите. Кој ќе ти гарантира дека у таа супер лига нема некој Ал Алкхахаха да влезе и да изнакупи се и да доминира? Кој ќе ја контролира таа Супер Лига?
Фифа и УЕФА постојат со некоја причина, Лигата на Шампионите е направена со причина. Лига Европа си постои и еве и трет ешалон прават за следна сезона.
Оваа Елитава што се мачи за лига европа или место за ЛШ да фати можела да побара измени во ЛШ, намалување на екипи итн. А не они ќе правеле супер лига. Не смее да се дозволи 12 газди да го диригираат европскиот фудбал. Некој ред мора да има. Ај ако не и репрезентацииве да си напраат свое светско првенство со 16тина најјаки репки а другите кој ги ебе.

Ме сфаќаш што ми е муабетот така.