- Член од
- 19 септември 2009
- Мислења
- 5.081
- Поени од реакции
- 4.932
Тоа се другар туристи, имаат една утакмкца изгледано и тоа било плус, пази немој.Не е мал број на тие фанови од Азија кои доаѓаат во Европа да ги гледаат клубовите за кои навиваат (упс, па тогаш се и навивачи). А тоа што купуваат дресови и многу други работи, не е за потсмев, туку само поголем плус за тие фанови, како ги викаш.
Прво намерно не ги спомнав ултра движењата, кои како што кажа се посебна субкултура, туку правам муабет за обични навијачи кои живеат за клубот, се поистоветуваат со него, се пронаоѓаат со вредностите кои ги репрезентираат... е сега баш некој азијат се поистовету со клуб како тотенхем кој важи за еврејски клуб...Е сега, доаѓаме до тие митски навивачи. Тоа е всушност носталгија за таму седумдесетите, посебно осумдесетите, нов бран, панк, тифо сцена... (Не станува тука збор за 80% (веројатно и повеќе), кои доаѓаат денес на стадион, од кои некои ќе промрсат за тоа дека во денешниот фудбал се е во пари, но без проблем ќе си доаѓа пак на стадион) А тоа навивачки групи, тифо, трт-мрт, полека исчезнува или се менува скоро до непрепознатливост. Тие се последица на социјални, (суб)културни движења, кои веќе се минато. А речиси како по правило, секое ново движење трае пократко, дури и е и помалку масивно од претходното, од кое што и произлегува (иако некогаш и преку негирање). Денес веќе не постои ни почва за некое такво движење.
Е сега второ намерно не ги поменував ни од источна европа навијачките движења за да не се тука препуцувам со ботови, но да тврдиш дека истите се ви изумирање е во најмала рака плод на неинформираност... идемо даље...Начин на кој се прати фудбалот, како се навива, се менува и ќе се менува, исто како и типот на луѓе кои што доаѓаат на стадион.
Е сега, од таа тифо сцена, во Западна Европа скоро па и да не остана ништо. Неколку "кежуал" групи кои ќе се испотепаат меѓу себе во Британија, а имаат скоро никакво влијание врз клубовите и врз било што друго. И во други држави, највеќе што може да видиме е некоја организација, која ќе подготви кореографија и слично, во името на добрите стари времиња, некаде ќе ги испочитуваат малку повеќе. А некои порадикални групи, кои што и немаат пристап на стадион ќе ги користат разни странски к домашни служби (како во Германија, на пример).
И тука доаѓаме до фамозните навивачи од Источна Европа, каде што некако се задржува уште таа субкултура. Но, тоа е последица на транзицијата, политичките околности и најважното манипулација од страна на секакви служби. Ги користат за политички, етнички пресметки, за пресметки со мигрантите (многу често и ги користат како корисни будали, па одработуваат токму за тоа за што се против). Но, да не заборавиме и за криминал.
Да ги баталиме Полска, Унгарија и др., и да видиме што се случува во "регион".
Уште од крајот на осумдесетите политички користени, водени од службите, на крај, тоа кулминираше, така што навивачките групи служеа за регрутирање во разни паравоени единици. Уште од тогаш поврзани со криминал... често одработуваат за менаџери или други лица околу клубот... И до ден денес е исто. Само што сега ги вклучуваат и во некои легални бизниси, како сега овие на ЦЗ.
Да се донесе одлука дека повеќе се штетни отколку корисни, за месец дена има да ги растурат.
Како што потенцирав не зборувам за ултра движењата , туку за обичните навијачи кои секој викенд чекаат даигра нивниот тим к да се појават на стадион и да го гледаат својот клуб... рецимо како може Баерн Минхен да биде поголем клуб од Минхен 1860, кога за вториот навија 90% од Минхен и редовно одат на стадион, додека за другиот “навија” некој си таму од балкан или азија... како објасни ми евертон или астон вила се мали клубови бидејќи немале финансиска и маркетиншка вредност, а едните го имаат пола ливерпул другите пола бирмингем и секогаш полни стадиони,исто размисли за селтик или ренџерс, тие клубови да пропаднат во 5 енглеска дивиизја истите тие навијачи ке останат а фановите едноставно ке исчезнат и ке си најдат ново клубче за “навијање”, исто ке се деси и со фамозниот Манчестер Јунајтед ако испадне во втора лига толку ке биде од “ѓаволите од македонија” на прсти ке ги броиш, всушност и сега покрај слабите резултати се помалку луѓе свршаваат на истиот, за разлика од времето на фергусон каде имаше многу поголем број на “македонски навијачи”на манчестер.
Така да поентата ми е дека големината на клубот немоѓе да се рачуна врз основа на маркетиншка вредност , а која вредност се заснова фан базата од пичке ск мајчине кои за клубот се основа за профит, толку... големината на клубот се гледа и во добро и во лошо кои луѓе го подржуваат рецимо ренџерс во селска лига, или наполи за кој цел град живее за нив... се надевам ме разбра.