- Член од
- 15 ноември 2008
- Мислења
- 5.771
- Поени од реакции
- 11.773
Секој тим имал период каде што бил никој и ништо и од таму почнал да си ја пишува историјата, некој у 40сетите, некој у 70сетите. Ама сеа дека Челзи, Сити и ПСЖ почнале да го праат тоа пред 10-20 години се етикетираат као пластични, што е доста тажен муабет.Зошто од кога им дојде Роман станаа најпопуларен тим у Англија и ако не се лажам у неговиот мандат Челзи е најуспешен тим у Премиер лигата односно имаат највеќе титули освоено. Пластичен тим, дека ги купил богат газда. Пошто газдите на другите клубови се сиромашни и просечни ликови кои држат продавница или книжара у населбата кај што живеат.
Е сеа, доека го немаше Челзи, Ливерпул уживаше комоција како најтрофеен клуб у Англија, титули што ги освоил пред 800 години, Арсенал беше самопрогласен голем клуб со 0 прволигашки титули, Манчестер Јунајтед газеше у 90тите и зимаше залет да го збрише Ливерпул од тронот, арно ама им се појави Челзи и им освои неколку титули коишто овие си ги планираа за да станат ултра доминантен англиски клуб и првак.
Истото важи и за Сити.
И милион пати е пишувано и дискутирано за истото, сите клубови во моментите кога бележеле подем биле управувани од богати газди и за сите клубови важи истото правило дека во одреден момент од историјата биле пластични.
Фан сум на Милан, клуб со голема историја. Арно ама Милан на почетокот на осумдесетите поминува 2 години во втора лига, неколку години покасно и ги купува италјанскиот Доналд Трамп. У еден или два трансфер рока ги купува Ван Бастен, Рајкард и Гулит и истиот тој Берлускони продолжува да троши пари и купува ѕвезди барем уште 10-15 години. Никаква разлика не гледам помеѓу ова и тоа што го прават Челзи, Сити и ПСЖ 20 години покасно.
Горе доле слична е приказната со трошењето пари на Морати со Интер.
Го иам зборено истово многу пати со фанови на Милан и одговорот секогаш е дека Милан имал освоено 2 ЛШ у 60сетите и затоа било океј. Истите тие први би стенкале и урлекале да речеме ако хипотетички Нотингем Форест (тим со истотака освени 2 ЛШ, една премиер лига и неколку ФА купа) утре ги купи арап и за година - две ги донесе Нејмар, Мбапе и Халанд.