UEFA Champions League - Season 2020/21

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Зошто од кога им дојде Роман станаа најпопуларен тим у Англија и ако не се лажам у неговиот мандат Челзи е најуспешен тим у Премиер лигата односно имаат највеќе титули освоено. Пластичен тим, дека ги купил богат газда. Пошто газдите на другите клубови се сиромашни и просечни ликови кои држат продавница или книжара у населбата кај што живеат.

Е сеа, доека го немаше Челзи, Ливерпул уживаше комоција како најтрофеен клуб у Англија, титули што ги освоил пред 800 години, Арсенал беше самопрогласен голем клуб со 0 прволигашки титули, Манчестер Јунајтед газеше у 90тите и зимаше залет да го збрише Ливерпул од тронот, арно ама им се појави Челзи и им освои неколку титули коишто овие си ги планираа за да станат ултра доминантен англиски клуб и првак.

Истото важи и за Сити.

И милион пати е пишувано и дискутирано за истото, сите клубови во моментите кога бележеле подем биле управувани од богати газди и за сите клубови важи истото правило дека во одреден момент од историјата биле пластични.
Секој тим имал период каде што бил никој и ништо и од таму почнал да си ја пишува историјата, некој у 40сетите, некој у 70сетите. Ама сеа дека Челзи, Сити и ПСЖ почнале да го праат тоа пред 10-20 години се етикетираат као пластични, што е доста тажен муабет.

Фан сум на Милан, клуб со голема историја. Арно ама Милан на почетокот на осумдесетите поминува 2 години во втора лига, неколку години покасно и ги купува италјанскиот Доналд Трамп. У еден или два трансфер рока ги купува Ван Бастен, Рајкард и Гулит и истиот тој Берлускони продолжува да троши пари и купува ѕвезди барем уште 10-15 години. Никаква разлика не гледам помеѓу ова и тоа што го прават Челзи, Сити и ПСЖ 20 години покасно.

Горе доле слична е приказната со трошењето пари на Морати со Интер.

Го иам зборено истово многу пати со фанови на Милан и одговорот секогаш е дека Милан имал освоено 2 ЛШ у 60сетите и затоа било океј. Истите тие први би стенкале и урлекале да речеме ако хипотетички Нотингем Форест (тим со истотака освени 2 ЛШ, една премиер лига и неколку ФА купа) утре ги купи арап и за година - две ги донесе Нејмар, Мбапе и Халанд.
 
Во анкетата најмалку гласови за Челзи, ПСЖ и Сити, а сите три се во полуфинале. :pos:

Тоа пошто обично се гласа навивачки. ПСЖ и Сити немаат навивачи тука. Челзи има ама и тие не веруваа дека ќе стигне до тука. :)
 
Не туку тоа ти е кајгана експертиза на дело :)
 
Зошто од кога им дојде Роман станаа најпопуларен тим у Англија и ако не се лажам у неговиот мандат Челзи е најуспешен тим у Премиер лигата односно имаат највеќе титули освоено. Пластичен тим, дека ги купил богат газда. Пошто газдите на другите клубови се сиромашни и просечни ликови кои држат продавница или книжара у населбата кај што живеат.

Е сеа, доека го немаше Челзи, Ливерпул уживаше комоција како најтрофеен клуб у Англија, титули што ги освоил пред 800 години, Арсенал беше самопрогласен голем клуб со 0 прволигашки титули, Манчестер Јунајтед газеше у 90тите и зимаше залет да го збрише Ливерпул од тронот, арно ама им се појави Челзи и им освои неколку титули коишто овие си ги планираа за да станат ултра доминантен англиски клуб и првак.

Истото важи и за Сити.

И милион пати е пишувано и дискутирано за истото, сите клубови во моментите кога бележеле подем биле управувани од богати газди и за сите клубови важи истото правило дека во одреден момент од историјата биле пластични.
Доста точни факти изнесе во постов
Прво Арсенал пред Абрамович имаше 13 ПЛ титули 3 најтрофеен клуб во Англија а не самопрогласен голем клуб. Др работа кој биле тие газди на Арсенал МЈ и Ливерпул што им овожможиле да освојат толку титули пред да дојди Абрамович баш ме интересира побарајги и пишиги.
Иначе да Челзи е поим за пластичен клуб исто како и Сити и ПСЖ клубови без значителна историја да не речиме никаква благодарение на богатите сопственици ги постигнале своите успеси не знам што е толку страшно да се прифати тоа како факт.
 
Едноставен е одговорот.

Глеј сега цитати, а треба да се спремаат за најбитниот натпревар сезонава, со Гранада во ЛЕ.

Толку е weak коментаров, што се докажува сосема спротивното - фанови на Јунајтед и не се замараат премногу со Челзи (си имаат ривалство со Сити и Ливерпул + Лидс), а првиве упорно се боцкаат демек ривали (уствари ривали им се можда милвол а ни тие богами). Остај што се пецкаме по форумов со БОТМ и остала екипа.

Најуспешен тим во ерата на Роман Абрамович мислиш освоиле 10 премиер лиги, 4 ЛШ титули, а оно уствари разликата ја прават со Лига Европа и купови што не ги есапат баш од Јунајтед а и цела Англија богами (секако не е оправдание што Јунајтед не биле конкурентни и не ги освоиле). Многу поуспешно, нема што свака част. Имало некое ривалство во периодот околу 2008ма кога се јадеа за ЛШ и ПЛ и си дишеа во врат едни со други - ривалство по успех, но ништо поише. Одамна е умрено тоа, заедно со конкурентноста на двата тима за титули, па аналогно и "ривалството".Секако немаат историја на жешка крв, инциденти меѓу нив или меѓуградски фрки. Директна трка за топ 4 меѓу двата тима ми е бед да го наречам било како, зошто е само одраз на неспособноста и некадарноста на тимовите.
Исто ко што умрело "ривалството" со Арсенал откако Арсенал пропаднаа ко жетон, така и ова вашево.

Наративот дека "ни го украле успехот, па сега ги хејтаме ради тоа" е утнат на многу нивоа, пред се зошто не е одлика на тимот, второ зошто Арсенал и Ливерпул беа конкурентни низ тие години, секако би имало ривалство за успех со некого. Од 2013та наваму (кога Челзи ја прави главната разлика у успех - 2 титули во ПЛ, 2 во ЛЕ, неколку купови), ако не постоеле Челзи ко тим, Јунајтед секако не би бил нешто поуспешен така да исти ташак ни доаѓа.

ПС: Секако дека уживам во фактот дека Роман фрли 250м фунти, смени цел тим (купи 8-9 играчи колку и да беа) и пак не можат да го пројдат во лига мастеркласот на тактичката шупелка способна да изигра само 0-0, Оле Гунар Солскер такозвани PE Teacher <3.
 
Подобро да слушав десетчасовна компилација од Knez - Dal si ikada mene voljela, отколку што го прочитав ова, баш ништо, ова.

Тој пецкал, па измислувал надимаци. Тој. Четири реченици украл, две фрази од духовниот лидер и дошол тука да негира и да кажува дека Јунајтед си имале ривалство со Сити. :pos:

Сочувајте минимум достоинство.
 
Факти се, па се ти види си како одговара :toe:. За надимакот ваљда не си толкав нарцисоид па да мислиш дека Челзи и така нареченото "ривалство" меѓу клубовите е заслужно за тој став.Башка што цел форум со фанови од разни екипи те знаат како таков - БОТМ.
Патем ни ти не си поарен, редовно делиш сочни коментари небаре боље ти се аргументите со тоа, за среќа не сме 4то одделение па не проаѓаат такви будалаштини.
 
Јунајтед нема никакво ривалство со Сити! Неколку краткотрајни инциденти и периоди на висок притисок, ама класично ривалство не би рекол!
 
Факти се, па се ти види си како одговара :toe:. За надимакот ваљда не си толкав нарцисоид па да мислиш дека Челзи и така нареченото "ривалство" меѓу клубовите е заслужно за тој став.Башка што цел форум со фанови од разни екипи те знаат како таков - БОТМ.
Патем ни ти не си поарен, редовно делиш сочни коментари небаре боље ти се аргументите со тоа, за среќа не сме 4то одделение па не проаѓаат такви будалаштини.

* сепак се одлучува за десетчасовната комплилација на господинот уметник Кнез
 
Во тие трофеите што ги постира Донев фалат уште неколку како Ауди куп, Кока Кола куп, некое турнирче од pre-season во Индија и то е то, никој нема да можи да се спори со нив, повеќе титули и од Јунајтед и од Реал заедно ќе извадат.
 
Манчестер Јунајтед: 5 ПЛ и 1 ЛШ (од 2003)
Челзи: 5 ПЛ и 1 ЛШ (од 2003)

Немој вака да им ги дискредитираш успесите на Челзи, одма допиши им го бројот на учества во полуфиналиња. :icon_lol:
 
Вакви периодични споредби може да си прави кој сака.
Може сега да дојди фан на Астон Вила, да извади табела со број на трофеи до 1990.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom