Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Има да не наполнат вечер...за класикото не ми се ни помислува.
Се надевам средината и Бенз ќе имаат добра вечер, барем со победа да одат на Енфилд.
 
Овој пат Зидан со 4-3-3

Интересно.

Да играш добро со 2 формации е заебано за противникот. Ништо од ова не е случајно, од неодамна реков дека од оваа сезона немам очекувања и се е бонус, ако нешто навистина окуриме ќе е чудо, и Зидан ќе е веќе зацементирано тренериште.
 
Значи сработеното до сега:

- Почнавме сезона без нови играчи.
- И ондак стим и без очекувања.

Али чика Перез (кој е ќелав) ни гради вселенски брод кај шо ни стоеше стадионот, и наводно ќе носел многу приход одкога Ковид апокалипсата ќе заврши. Со господ напред. Флорентино повеќе разбира од мене и од тебе така да ќе го оставиме да работи.

Зидан (ќелав, со другар му помошник, ќелав нормално, другар од детството, до вчера без лиценца, ги болеше стојко) сезонава е повеќе баач и врач.

Зошто?

Воскреснува доодени играчи и претопува луѓе бетер од Заев:

Модриќ на 35 игра ко 25. Заеби логика. Улав е хрватот мамицу му јареќу. Ме потсеќа на мене кошарка кога играв на 35.

Крос имаше кризен период, другарите џерманци го споредуваа со трактор, воскресе во Ламборџини. Амин. Долги пасеви? Чаби Алонсо likes this. Игра како на плејстејшн.

Марсело воскресе во LWB. Се надевам дека Зидан со другар му ќелав нема да го стават да игра LB повеќе. Овој ни е само за LWB и тоа добар. На почетокот и он беше ќелав, али одкога се направи како жбун му тргна. Најчуден играч во Мадрид.

Васкез воскресе во RB/RWB. Верувам на СИТЕ им е криво за парите фрлени на Одриорзола (или беше Одриозола? Ете гледаш). Мора нов договор. Можда треба да шета ќелав.

Начо воскресе во Неста/Лусио филм. Немам објаснување.(Лусио филм пошто се уфрлува доста фино и неслучајно во напад. Ќелави мудрости од Зидан и другар му, косата смета во вакви ситуации.) Патем, Начо е дијабетичар, и со тоа е жива инспирација.

Винисиус воскресе против Ливерпул одкога Валдано даде изјава дека радо би го трејдал со Мбапе. Епа докажи се да те ебам (Од Кавадарци сум). Шала на страна, ако вака продолжи во завршниот дел небото му е граница.

Сума сумарум, ќелави глави отсекогаш успевале во Реал и мое скромно мислење е доколку ја тепаме Барса во сабота сме во игра, и тоа каква што не очекувавме. ЛШ и Ла Лига.

А тек догодина очекуваме и засилувања, Мбапе ако дојде... ух! Плус ЌЕЛАВ Е! (Ептен кратко пострижен, али тоа се корегира, млад е)
 
Последно уредено:
На Зидан треба да му се даде доживотен договор ако со тимов што го имаме и повредите што ги имавме сезонава освои бар еден трофеј од тие што сме сеуште во игра. Да не заборавиме дека едно време имавме само 11 играчи достапни од првиот тим и резерви ни беа Хуго Дуро, Арибас и другарчињата нивни од Кастиља.
 
Васкез и Начо се доктори за фудбал за оние полуиграчи кои ги вика стручњакот Енрике за репрезентацијата.
Можеше слободно да го повика барем Начо. Сигурно има подобро одиграна сезона од стоперите повикани од Енрике кои не ни играат во Премиер лигата. Ама, подобро две недели одмор и за него и за Васкез отколку да ризикуваат повреда играјќи против Грузија и Косово.
 
Напаѓачиште ви е овој Бензема. :D
Не ви чини Бензема а?
Инаку за малце ќе заборавев, Бензема дрво така ? :D
NМА РАЗЛИКА со и без Бензема (y)
Квалитетот на Бензема ќе го сфатите кога ќе си замине од клубот и ќе фалат голови од напаѓачот што ќе го замени..кој и да ќе биде, има причина ваљда зошто никој не може да го извади од прв тим. Еден од најдобрите напаѓачи што играл во Ла Лига
 
Прв пат по 2007/08 ги добиваме двете класика. :)
И вкупно три лигашки по ред, после незнам, седумдесет и некоја.

Страшна утакмица, Зидан тренериште, играчите играчишта, драма, небото се отвори, инфаркт моменти... Драма упм!
 
Лагана утакмица, не ги наполнивме само заради ветрот, надвор од 16 метри не се шутираше топката, ептен е гнасно кога ќе е невреме на стадиончево, фушти ветер ненормално. Друго е на Бернабеу, заштитен е од сите страни со трибини. Многу сме подобри и од овие и од Патетико моментално, само имаме проблем со краток состав, или поточно недостаток на барем уште 1 играч во среден ред. Ќе биде држ не дај докрај во лигава. Ако се пласираме со Ливерпул ќе мора да се ротира, а играчи како Марсело, Иско, Мариано не се гаранција за победи. Ај да видиме што ќе направи утре Патетико. Ако кикснат супер.
Во среда веројатно Модриќ ќе е на клупа со оглед на тоа дека играше 90 минути или па можда ќе биде ист составов(со исклучок на д.бек, таму Карвахал може да се врати ако е нешто сериозно со Лукас), а Лука ќе излезе накај 60-та минута.
 
Како се отвори сезонава од нигде никаде, поволна ситуација за ЛШ, Хазард да ни се врати при евентуален меч-ап со Челзи, Лигата е во игра целосно.
Ако евентуално освоиме Лига+ЛШ, споменик за Зидан и доживотен договор, друго чаре не гледам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom