Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Можеме да покриеме отсуства во одбрана и напад(освен Бензема), но во средина сме ептен ептен тенки, со 3 играчи плус стаклениот Валверде за 3 позиции. Тука Иско ќе треба барем 2-3 утакмици да е стартер, ако не планира Зидан да цркнат Модриќ и Крос на теренот. Ах, све му ебам на Одегард, да беше барем тој тука таман ќе си беше средината за вака густ распоред.
Асенсио може да покрие во средина. Мислам дека има играно пред некоја сезона во средината. Дефанзивно е добар, против Ливерпул се враќаше и го покриваше доста добро Васкез. А Васкез ако го пропушта остатокот од сезоната, ќе мора со 3ца назад додека не се врати Карвахал.
 
Одиозола треба да ја изигра утакмицата на животот во среда против Ливерпул.
После тоа се враќаат Варан, Рамос и Карвахал.
 
Рамос позитивен на корона. А неќни за Ел Класико шетал по соблекувалните, дури ги двоел Пике и Манцано у тунелот :facepalm:
Среќа Начо и Милитао веќе го имаат прележано вирусов :icon_mrgr:
 
Толку нема доверба Зизу у Одриозолола што почнува со Валверде полуздрав ко десен бек :cautious:
Да им здрвиме неколку гола, па одбранава нека праи скаламуции ако сака
 
Ова е уствари порака до Одриозола: "Брат, мило ни беше, барај друг клуб"
 
ќе испоцркаат играчите вака...иначе нз оти, ама Челзи ми се гледаат како далеку потежок противник од Лпоол..башка имаат и тренер сега..проблем ќе е голем со нив.и лига ќе гониме..мора да ги одмара таму модриќ, крос..бенз...


Иначе НАЧО и МИЛИТАО каква недела изиграа браќава..алал вера..
Начо знаеме веќе дека е борец голем и гине..овој вртоглавецот дава надеж.
 
Докторски одиграна утакмица, посебно второ полувреме, прво ќе ни свирнеа бар еден.

Тоа е тоа, сега одмарање скроз, и за 3-4 дена идемо опет
 
Мислам дека Зидан го спреми натпреварот како за освежување на играчите, за разлика од првиот со Ливерпул и Класико скоро и да немаше пресинг. За наредната во Ла Лига сигурно ќе ротира. Начо и Касемиро се суспендирани, само еден стопер ќе има на располагање ако не се врати Варан и само 4ца во одбрана.
 
Да, воопшто не форсираа денес. Веројатно тие беа инструкциите, да се обидат да заштедат малку сила. Наредна покрај Касемиро и Начо треба да одмори и Лука. Азар да видиме дали може овој месец да не се повреди и да потпомогне, а да се надеваме дека и Варан ќе се врати за со Хетафе. Рамос отсуствува 100%, додека за Карвахал не се знае.
Инаку од 18.4 до 16.5 ќе играме без одмор од повеќе од 4 дена или вкупно ќе изиграме 9 утакмици во 28 дена. Пеколен ритам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom