Добра утакмица за сите, и јас Иско само ќе го посочам, како најслабата алка, но ете настинката на Бале па мораше да се оди со таа комбинација. Следната утакмица секако нема да игра. Одбраната без замерки денес, Пепе = ЅВЕР, кој колку сака нека го прави ментален и незнам каков, чоеко е страшен сезонава, какви само топки одзема. Коентрао дефинитивно е 3 пати појак од Марсело, само да не се изглупира Босот следната па да не го игра. На Карвахал му требаше ваква утакмица каде тој ќе ги команда работите, и секако нема да греши скоро ниеднаш, Рибери невидлив. Чаби и Модрич си царуваат на средината, напред Бензема добра утакмица, ДиМарија како и секогаш солиден дава топки, трча но онаа шанса на која можеше да додај до Бензема можи многу да не кошта но тоа е.. Роналдо се надевам следниот меч ќе биди 100% фит оти денес се виде дека не беше, не му замерувам толку за шансата, беше во налет и ја изигра фудбалски на прва, навидум лесна позиција но јас не би ја опишал така.
Се на се мислам дека имаме огромни шанси за финале, само да се изигра дисциплинирано Вторник, и тие можат да си вртат околу 16 колку сакаат, една контра и тоа е тоа.
ХАЛА МАДРИД !!!