Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Ким Кардашиан по стапките на Агнеса Орданоска?

Разводот на славниот пар од САД се случува во истовреме кога со разводот на Агнеса и Роберт Орданоски, бившиот директор на АЕК, па Ким Кардашион следејќи го примерот на Агнеса, по објавата на разводот, на инстаграм објави слика со нејзините деца. :D :D :D :D :D :D
 
Па од кај Ким дознава шо праи Агнеса Ордановска, за да ја следи, за да иде по стапките?
Мора по цел ден да следи вакви портали.
У ствари заборавам дека може на тие инстаграм и слични да ја следи.
ok my bad
 
Последно уредено:
Ставиле наслов: објавени фотографиите на напаѓачите,

capitol.JPG

а на сликите жртвата и напаѓачот.

Плус и од текстот можеле да заклучат дека се работи за еден напаѓач, а не двајца.

Обаче трудно... (кога правиш copy-paste од друг јазик и забораваш да преведеш клучен збор)
 
Последно уредено:
Ставиле наслов: објавени фотографиите на напаѓачите,

Прегледај го приврзокот 290482

а на сликите жртвата и напаѓачот.

Плус и од текстот можеле да заклучат дека се работи за еден напаѓач, а не двајца.

Ти се се фатил за ова, а мене око ми фаќа Кликбејт насловов, пошто прво те тера да помислиш дека во Капитол Мол во Скопје имало напад ;/

Исто ко некои наслови од типот на

"БРУТАЛНО НАПАДНАТ ГРАЃАНИН ВО ГЛАВНИОТ ГРАД!"

И отвараш внатре и гледаш текст

"Неверојатен напад се случи изминатата вечер во главниот град на Танзанија кога двајца вооружани нападнале старец"
 
Ова е сензационализам во обид - прво пишуваш што е најдено, пошо е тоа побитно и си самокршиш кичма у глупа реченица.
 
Го јадеме стапот од проаѓање у школо со врски, вработуење неписмени копуци....не е работата дека овој „новинар“ напраил грешка, туку дека вакво незнаење покажува дека истиот ниту истражува, ниту се надградува, ниту со нешто придонесува у општествово. Не е ова печатна грешка, туку како да го чул зборов на кафе....како гастербајтерине што ги пренесуваа германските зборови, со пет од шест букви погрешни.
Искуцај глупости од 8-16h, затвори компјутер и трчај дома...не те интересира работата, пу!

20210409_070621.jpg
 
Прегледај го приврзокот 291370
Брат... може не ги пишува новинар овие работи, може ги пишува графички дизајнер.
Од кај знеш како му била пренесена информацијата?
Може усно некој му довикнал да напише, у гужва биле а-у.
Не можеш толку брзо да носиш вакви заклучоци освен ако не знаеш точно како се одвива процесот на пренос на информации и кој пишува ствари на КАЈРОНОТ.
 
Кој и да бил... Јавен медиум, национална телевизија, срамота е. Премногу често имаме гафови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom