А па што друго да каже Клоп? Добро ова со стадионот му е провокација ама тоа дека на реваншот може да гледаме друг меч стои. Ни први ни последни нема да бидат што се вратиле од 1-3 негатива. Мада никој не им е крив што прво полувреме го одиграа како Кожуф...
Сити со овој гол мислам ја завршија работата. Не дека имаат кој знае каква предност ама Дортмунд треба да брка резултат а знаеме дека не се баш добри за тоа и дека во одбраната ќе им дува промаја. Така да освен ако не им се случи некој колективен brain freeze Сити е во полуфинале.
,,Тоа со стадионот е провокација" - тоа со стадионот е поентата, другите работи се ирелевантни, кажани за да се изгради, за да се стигне дотаму.
И не само што е провокација, туку е баш она сељачка, лузерска провокација. Бидејќи ,,Енфилд" со трулежот од трибини и 50.000 капацитет е ,,Вембли" и овој не е научен, а и неговите играчишта како Наби Кеита и Озан Кабак, знаат само за светлата на ,,Вембли".
На пресот по мечот допре дно, велеше дека судијата не му свирнал прекршок на Мане затоа што имал нешто ,,лично" со него.
Тежок лузер, никогаш не знае да признае пораз, а освен ретки исклучоци, кариерата му е проткаена со неуспеси.