Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Ги фалев Халк, и реално за локални трансфери и банкомати се одлични, поради фактот дека на картичките нема провизија.

Али еве, прв пат треба трансакција у странство, поточно у долари за Америка - неможе. Воопшто неможе трансфер за Америка, а со одредени држави само со неколку банки може да се направи трансфер. Ако е во долари трансакцијата, дополнително се пролонгира.

Како што гледам во моментов, НЛБ и Шпаркасе се над сите (ПроКредит банка најниски убедливо провизии, али не се распространети па ги избегувам).
Дигитални услуги, токени, девизни плаќања, интерфејс на апликации, брзина, број на банкомати/локации... Во моментов ни една не е ни блиску до овие 2.

НЛБ има малце исфрустрирани (по некад) вработени, али сепак како банка се број 1.
 
Има муабет пуштено низ Радовиш дека Стопанска банка ќе се затвора , и имаше преку 200 луѓе денес што чекаа на ред да си извадат парите, некој дали е слушнал нешто слично?
 
Има муабет пуштено низ Радовиш дека Стопанска банка ќе се затвора , и имаше преку 200 луѓе денес што чекаа на ред да си извадат парите, некој дали е слушнал нешто слично?
Не би требало.
 
И јас денеска слушнав муабети дека ќе се затвара,, Стопанска, мада мислам дека беше грк сопственик...


А јас задоволен и презадоволен сум од услугите на НЛБ.

Sent from my LG-M200 using Tapatalk
 
И јас денеска слушнав муабети дека ќе се затвара,, Стопанска, мада мислам дека беше грк сопственик...


А јас задоволен и презадоволен сум од услугите на НЛБ.

Sent from my LG-M200 using Tapatalk
од кога има орце грчко државјанство ?
 
За Стопанска банка или Стопанска Банка Битола се збори?
 
За Стопанска Банка се збори. Пред една недела и мене ми заѕвонија и ми рекоа дека ако имам пари во стопанска банка да ги вадам утрето ќе одела под стечај од сигурни извори. Си велам добро е не сум на таа банка , а и секако ме соголија последнава година. Излегувам одам во пиљарата да купам нешто и продавачката ја слушам како објаснува истото и си велам штом јас и оваа знаеме сигурно се шпекулации. Ако пропада банка сигурно јас ќе дознаам и тетката од пиљара. Има шанси нешто да ги рецнат заради некој нерегуларности во дивидендата ама да пропадне еве една недела како ми рекоа утре оди во стечај па гледам банката уште си работи.
 
Сега пред малку пак поминав, има уште повеќе луѓе што чекаат на ред да си извадат парите, не знам како е во другите градови, ама овде во Радовиш сите се потресени, некој да сподели ако има информација за во некој друг град?
 
Истиов муабет го имаше и пред 2-3 недели низ цело Кавадарци...На крај излезе дека за Стопанска Банка АД Битола станувало збор, ама ништо не се случи од тогаш.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
За сите ќе има полека муабети, се отвори пандорина кутија со Еуростандард за кредити кои се давани без никакво покритие.
Од тоа што слушнав веќе нашле такви и во Стопанска (ДООЕЛ фирми формирани со 5к евра во ЦРМ, добивале без хипотека и гаранции кредити и по 5-6 милиони евра) и можеби тоа е една од причините за овие муабети + мешање со Битолската за која муабетот излезе со затворањето на Камчев.
 
А чисто хиппотетички, ако се затвори, ние посиромашните што имаме некој денар тамо за црни денови оставено, дали би можеле да бидеме обесштетени, , како во Еуростандард банка,мислам дека беше до 20-30000 евра осигурено ако имаш на сметка, или за секоја банка е посебно осигурувањето? Муабетот ми е, 99.9% мислам дека се само шпекулации, ама добро би било да се знае на што би биле? На памет не ми паѓа да ризикувам зараза само ради шпекулација да се префрлам, ама секако повеќе информации се добредојдени. Дали некој знае да сподели?
 
Чуден ми е муабетов за стопанска кога после тутунска имаат најмногу корисници поготово младиве се претежно кај нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom