Ги фалев Халк, и реално за локални трансфери и банкомати се одлични, поради фактот дека на картичките нема провизија.
Али еве, прв пат треба трансакција у странство, поточно у долари за Америка - неможе. Воопшто неможе трансфер за Америка, а со одредени држави само со неколку банки може да се направи трансфер. Ако е во долари трансакцијата, дополнително се пролонгира.
Како што гледам во моментов, НЛБ и Шпаркасе се над сите (ПроКредит банка најниски убедливо провизии, али не се распространети па ги избегувам).
Дигитални услуги, токени, девизни плаќања, интерфејс на апликации, брзина, број на банкомати/локации... Во моментов ни една не е ни блиску до овие 2.
НЛБ има малце исфрустрирани (по некад) вработени, али сепак како банка се број 1.