Z
zmej gorjanin
Гостин
Пеијател ај вака, имам постар родител, над 65 е, со коморбилитети, кој уште работи. И секој ден оди на работа каде е со повеќе луѓе во канцеларија. Имаат дистанца, максимално си почитува протоколи, имаше еден неодговорен помлад колега кој доаѓал заразен на работа, ама за среќа носеле маски и не го префати. Во контакт сме секој ден, и сеа јас ако земам ко тебе да размислувам, абе ко Господ никој не е, и да се пазам и да не се пазам ако треба да го фатам ќе го фатам, и да зеам да организирам една екипа викендов да се здрвиме у кафана...Не работат сите истото што го работиш ти, ниту па имаат можност да не идат. Како го кажа ова, еден период и јас идев..
Инаку дистанцата од метро, дезинфицирање и маска која не е н95 е дискутабилно колку ќе ти помогне ако си со заразен подолг период во затворен простор. Бар од лични пример, не знам науката што има да каже за тоа.
Муабетот е дека кој фатил моментално е сведено на среќа а не на кој колку се пазел, освен нели ако имаш можност да не излагаш од дома. Може да видиш и на темава, пола луѓе се заразија. Вајда нема да ги обвиниш дека се неодговорни.