Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да ме чуди да тргнеме по Агуеро.
Халанд е секако недостапен, бараат премногу пари. Ако е точно дека наредна година ќе биде слободен за 75 милиони (не знам дали е точно ова) годинава би го земал Агуеро за 2 сезони. Не е премногу стар, 32 години.. ако добро се чува и игра само на битни утакмици ќе е ок. Има многу фудбал во него.

Иначе, Вајналдум барал 3 годишен договор со 8 милиони по сезона. Мислам ќе најдат решение. Со заминувањето на Кутињо ќе се отвори простор за плати.

Само енигма е дали ќе дојде и Депај, ако дојде Агуеро. Многу гужва ќе е напред (Меси, Агуеро, Гризман, Дембеле, Фати, Депај, Тринкао)
 
Класика шпекулации за време на репрезентативен собир:Управата прво треба да дефинира:Дали све ќе се вложи во 9-ка,а останатите операции да се пополнат со играчи од кантерата,или ќе имаме некој баланс едно звучно име,некое крпено решение,а другото играчи од кантерата.Кога сме стриктно за 9-ка,имам впечаток дека внатре во управата немаат консензус околу 9-ка,Куман го преферира Депај,управата немаат заеднички јазик,сме сакале да признаеме или не Агуеро е НАЈРЕАЛНА опција,Халанд е НЕвозможна опција медиумски исфорсирана,а во последно време се вратија и пишувањата за Лаутаро.Да не се лажеме Халанд е Најневозможна опција,Лаутаро е малку по реална опција само проблемот е платата и што и како ќе бара Интер,не е исклучена можноста и пак да имаме некоја трампа Пјанич-Артур.Другото во глобала се знае,не мие логика да го договорат Гаја,со се поизвесното останување на Алба,средина НЕверувам да донесат ништо,поготово по добриот почеток на Илаиш Мориба.Најпрво пред се би рекол:КОј и како ќе замини,и за колку и каде,според заминувањата,ќе се дефинираат засилувањата,се знае дека за да се донесе барем едно звучно име,било бек или 9-ка,треба да се жртвуваат доста играчи првотимци.
 
Во понеделник сме играле со Ваљадолид.
По фаците им се гледа на Де Јонг и Педри се премногу уморни. Со вакво темпо нема да издржат до крај. Мора да ги одмара Куман, барем оваа утакмица, за да бидат спремни за ЕлКласико.

Араухо, Пиќе и Роберто се враќаат. Плус има 5-6 души што немаа репрезентативни обврски или малку играа, така да комбиниран состав најдобро. Ја би идел вака.

Араухо - Умтити - Ленгле
Мингуеза - Рики - Бускетс - Фирпо
Тринкао - Меси - Дембеле

Гризман, Дест, Педри, Де Јонг, Алба - одмор.
Роберто и Пиќе од клупа да добијат по 20-30 минути.
 
Доста ефикасни беа следниве играчи на натпреварите за репрезентација.
Алба 3 асистенции, Педри 1 асистенција
Гризман 2 гола, Дембеле 1 гол
Тринкако 2 гола
 
Не знам дали е првоаприлска шега, ама и спорт и мундо депортиво пишуваат за ова :D

Дортмунд барале 180 милиони евра. Дали вреди, и тоа како. Прашањето е сеа дали Барса ќе направи чистка за да ги собере парите, ќе мора да си одат минимум 3-4 фудбалери кои држат некоја цена за да си го дозволат трансферот.

Се надевам на некое чудо, Раиола да им протне некоја приказна за наследник на Меси. За 2 сезони кога ќе си оди Меси ќе можат да си дозволат и 30 милиони евра нето да му исплаќаат на сезона.
 
Шо мојш да платиш утре, не го плаќај денес :D
Сакаат на Меси да му претстават победнички проект, со кредити ова она, до 150ка да отиде понудата, па може ќе има некаква шанса.
 
Дортмунд барале 180 милиони евра. Дали вреди, и тоа како. Прашањето е сеа дали Барса ќе направи чистка за да ги собере парите, ќе мора да си одат минимум 3-4 фудбалери кои држат некоја цена за да си го дозволат трансферот.

Се надевам на некое чудо, Раиола да им протне некоја приказна за наследник на Меси. За 2 сезони кога ќе си оди Меси ќе можат да си дозволат и 30 милиони евра нето да му исплаќаат на сезона.
Премногу пари се 180+ милиони.
Ако не успеат да се изборат за Лига Шампиони сигурно ќе му падне цената.
Се надевам дека ќе се договорат за цена до 140милиони, со надеж дека ќе собереме пари од Гризман 60м, Кутињо 40м, Фирпо 20м, Ленглет 20м, Пјанич 20м.
Овој трансфер сигурно ќе има голема улога во спортскиот проект што ќе треба да го убеди Меси да остане уште неколку сезони.
 
180 милиони во никој случај нема да искешират одеднаш, освен кредити и продавање играчи нема толку кеш Барса.

Ај да видиме сепак шо ќе испадне, еве и Фабрицио објави дека ова се само почеток на преговори и дека и други клубови се во игра. Ако се замешат Сити и ПСЖ со нивните пари тешко дека ќе го видиме Халанд во дрес на Барса.
 
Наводно Лапорта по секоја цена е спремен да земе напаѓач. Освен Халанд, опции се и Мартинез, Лукаку па и Кејн.
 
Наводно Лапорта по секоја цена е спремен да земе напаѓач. Освен Халанд, опции се и Мартинез, Лукаку па и Кејн.
Ахам да и Мбапе. :D
Ние Депај не можеме да го донесеме, Кејн бил опција. :D
Со Халанд е друга ситуација, агентот го нуди јавно од клуб на клуб, значи јасно е дека ќе си оди од Дортмунд кој му е само попатна станица, па затоа и имаме (какви-такви) шанси.
 
180 милиони во никој случај нема да искешират одеднаш, освен кредити и продавање играчи нема толку кеш Барса.

Ај да видиме сепак шо ќе испадне, еве и Фабрицио објави дека ова се само почеток на преговори и дека и други клубови се во игра. Ако се замешат Сити и ПСЖ со нивните пари тешко дека ќе го видиме Халанд во дрес на Барса.
Сепак играчот на крајот решава каде сака да продолжи, лесно може да се случи некое бејл сценарио па да лапа 20 милиони годишно без да игра...... Секако со Меси ако остане би сакал секој млад надежен играч да се развива, а Барса и те како има проект со Фати, Де Јонг, Педри и другите откритија на Куман се прави млада полетна екипа, фали некој терминатор кој ќе биде нон стоп опасност пред противничкиот гол и еден искусен топ халф на местото на Пике кој е спремен за во пензија, пречесто се повредува и тешко дека ќе фати репрезентативна форма одново
 
Ахам да и Мбапе. :D
Ние Депај не можеме да го донесеме, Кејн бил опција. :D
Со Халанд е друга ситуација, агентот го нуди јавно од клуб на клуб, значи јасно е дека ќе си оди од Дортмунд кој му е само попатна станица, па затоа и имаме (какви-такви) шанси.
Пренесувам само што сум прочитал :)

П.С. Освен на напаѓач, на друго сигурно нема да трошиме пари, е сеа ако и испадне по план, да шитнат се што сакаат и да ги намалат платите, ја мислаж дека 100 - 150 милиони ќе дадат.
 
Знаеме дека спорт и мундо ќе ги нафрлат сите можни имиња, тоа го прават секое лето. Треба да одбереш на што ќе веруваш, некои вести се едноставно толку фејк што не ти треба потврда од друг медиум, чиста логика вели дека Кејн, Лукаку и Лаутаро се жолта штампа срања и ги скролаш само таквите вести.

Од она што е потврдено од релевантни вести, е дека ќе се проба за Халанд, кој е на продажба, како и секој играч на Дортмунд нормално, но се граничи со реалноста тој трансфер, така да Депај, Агуеро, Гарсија и Вајналдум се реалните цели и опции.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom