UEFA EURO 2020 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.780
Поени од реакции
52.772
Време е да го раздвижиме подфорумов малце.

Ова е тема за секакви дискусии во пресрет на европското првенство. Рани наши прогнози, дискусии околу составите и се останато. Понатаму и за договори околку отварање на сите нови теми кои ќе бидат потребни.

1617362705644.png
 
Во нашава група сите се послаби од Германија :cool:

Не знам... кога ја извлекоа групата ми делуваше дека ќе се поздравиме со нулата без проблем. Маааада, искрено резултатот со Германија ми даде доза оптимизам, се надевам и ветер во грб на играчите.
Да се претстават добро, да излезат мотивирано на терен, некој бод да соберат во група ми е сосема доволно.
Добра шанса е за играчите да привлечат внимание од поголеми клубови.

Фаворити за освојување ми се Белгија, по нив Франција (*избаксузирав, испаѓаат уште во група). Германија и Португалија евентуално ако се умешаат.
Шпанија ми е многу падната во квалитет, а кога ги гледам младиве мислам дека нема да гледаме уште долго јака Шпанија како онаа до пред 10 години (се преиспитав во календар, пошто како вчера да ги гледавме Чави, Иниеста, Алонсо, Пујол, Рамос, Виља... :(). Останатите испод нив.
 
Последно уредено:
Не гледам полесна група од таа во која се паднавме искрено. Холанѓаните се многу ранлив тим, Украинците бележат сосема солидни игри додека Австрија и не е нешто непобедлива.
Огромен напредок има Европскиот фудбал наспрема тоа што беше, па сите екипи очекувам да бида стокмени. Мислам дека ЕП ќе биде поинтересно и со поквалитетни утакмици од Свецкото.
Најтешка група ќе биде несомнено Ф, иако сите групи се зезнати за прогноза.
 
Е па ако ова е главната тема...нека почне со добро.

@cholismo Немаме теоретска шанса да освоиме ЕП, така?
Јас знам само дека нема да бидиме топовско месо на Европско :)
Можиме пријатно да изненадиме што да не, немаме некоја убер тешка група.
Само да ни останат здрави и прави играчите до тогаш. Немаме ростер, немаме замени за од клупа, тоа ќе е голем проблем за нас ама верувам дека можеме до позитивен резултат.

Ниту Украина ниту Австрија не се
некоја веле сила да не можиме да ги победиме, Холандија е друг муабет ама и тие не се баш најсјајни периодов.

Моја прогноза е дека минимум до трето место можиме да се докопаме.
 
....тури му курот на ЕП ако си оптимист :(
 
Идеме на победа против Украина и нерешено против Австрија и Холандија :cool:
Пред квалификацииве мислев Украинциве дека имаат потенцијал дури и први да бидат во групава и да бидат некакво си изненадување...

Ама некако од ова што видов до сега... мислам дека со малце мозок можеме да се носиме со сите три екипи
 
Можеме да се носиме со сите три екипи, противниците не смеат да не потценат во ниеден момент.
Мрме МАСТЕРКЛАСтактика + Una Magia Pandev + малце среќа = 1/8 Финале :D
 
Пред квалификацииве мислев Украинциве дека имаат потенцијал дури и први да бидат во групава и да бидат некакво си изненадување...

Ама некако од ова што видов до сега... мислам дека со малце мозок можеме да се носиме со сите три екипи

Ако одиграме докторски во одбрана, како што одигравме со Германците и те како ќе можеме да се носиме со овие во групата. Холандија го има најмизерниот тренер во модерната историја - Франк Де Боер, другиве не се нешто претерано поквалитетни.

Клучен момент е компакноста на одбраната и Адеми. Камо среќа да имавме уште еден ко Елмас или Алиоски, голема работа ќе завршеа. Дополнително, Мрмињо по мене е најдобро да се држи до 3-5-2 тактиката и Алиоски да избегава да влага у 16ик, ако мора да не смее да праи клизачи.
 
Со закон треба да му се забрани на Алиовски во 16, секоја негова интервенција резултира со пенал за противникот, се пушта клизач како ненормален, 100 пенали има така напраено, токмак.
 
Со закон треба да му се забрани на Алиовски во 16, секоја негова интервенција резултира со пенал за противникот, се пушта клизач како ненормален, 100 пенали има така напраено, токмак.
Љубави, земи си албум, лепи сликици, не се живцирај. Не губи лепота. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom