Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Упорно и упорно го пишуваш истото. Паметно ќе биде да се вакцинираат сите лица над 50 (сега е дозволена само за оние над 60) години. Ем нема да имаме толку починати, ем нема да имаме толку хоспитализирани. Не можеш да се коцкаш со животите на младите, макар само со еден единствен живот. Младите нека почекаат друга вакцина, а наскоро ќе ја имаме.Па на крај краева мојот,твојот или на Тенеќе животот е побитен од спас на милиони животи?
Затоа нека продолжи да тече имунизацијата. 20% не се појавиле денес на вакцинација, што не е лошо. Дел можеби се предомислиле, дел можеби веќе се вакцинирале, а дел можеби се болни или се во изолација.
Ги промашуваш поентите. Ако се појави макар еден единствен случај, а веќе го имаме уште во прв ден, со компликации од вакцината на АЗ, многу малку ќе сакаат да се вакцинираат со оваа вакцина. Ќе се отежни планот на имунизација. Па и бројката од 60% имунизиранижо население ќе стане невозможна мисија.