Ќе ме извините на изразот ама има многу трупци овде кои што не знаат што пишуваат.
Епа, да разјаснам неколку работи.
Долгорочниот план на левица секако е да дојдат на власт, да стане апасиев премиер и да се бутне овој корумпиран хибриден режим еднаш засекогаш.
Но плановите за сега се едноставно да ги бодат од внатре, да ги спречуваат во нивните злонамерни закони и дела (колку толку), да ја прикажат вистинската слика, кои се они навистина, и наратор да види па да си го промени мислењето. У меѓувреме исто така тоа што вмро и сдсм си се обвинуваат измеѓу себе за секоја глупост направено, па дури и едни измеѓу други си ја префрлаат топката кажувајќи дека левица работи за нив. Е баш со овој трупски и глупав потег што го прават вмро и сдсм, самите си наштетуваат на себе а и со тоа рејтингот на левица расте. Со сево ова што се дешава народот гледа убаво, и знаат дека нит СДСМ а нит ВМРО им е гајле за народот.
Еве кај ВМРО они гледаат по секоја цена да дојдат на власт и тоа не за корист на народот туку за корист на мицко. Колку членови има во вмро што се исто така под притисок и приморани да служат на режимот на мицковски. А се имаат и доста осудено и јавно да лажат за тоа, дури имаше мислам и случај каде што пратеници на вмро ја поддржуваа левица.
Е сега левица можеби нема да може со 10 - 15 пратеника да поставува големи услови, како што прават ДУИ во моментот но за некои работи колку толку ќе можат. Гледате алијанса и алтернатива се помали партии па пак им успевало да спорат доста работи.
Патот до власт не е лесен, пополека со се повеќе пратеници и ќе дојде еден ден кога левица би имале над 15 пратеници па да можат да се пали - гаси.
Но сега најјакото нешто е тоа што овие трупците си се обвинуваат, незнаат што прават а со самото тоа и се самоуништуваат а рејтингот на левица од ден на ден расте. Ќе продужат левица да ги бодат од внатре, каде најмногу боли. А народот ќе ја види, и ја има видено вистинската слика.
Има и друг полесен воз за до власт на левица а тоа е ако му пукне некоја ден на народот (нема да ме зачуди и тоа ако се деси) и да има револуција, нешто слично како 27ми април што беше па да има промена на власт или големи измени. Прашањето е само кога ќе пукне балонот. Народот неможе ова да го трпи веќе.
Па кратко кажано, сите други партии се глупи и се самоуништуваат. Имаат лидери кои што таквото ги боли за народот и само гледаат да дојдат на власт за да украдат пара повеќе од овој мутав народ. Но сега со тоа што го прават, особено ВМРО и СДСМ сами си нанесуваат штета, а со тоа рејтингот на левица расте, народот почнува да зрее и му станува јасно и се повеќе се зголемува бројот на оние кои што би гласале за левица а опаѓа бројот на оние кои што би гласале за ВМРО / СДСМ.
И да добие левица барем 10 пратеника, пак ќе имаат голем удел и ќе можат да поставуваат услови. Можеби не на ниво на ДУИ услови но сепак ќе можат.
Незнам како вие мислите дека као со 10 пратеници нема да можат ништо да направат. Глејте ги сега апасиев и крмов што прават во собрание. А камоли со 10. Е тогаш ќе се "шлакаат јаки шамари".
За се си треба врме луѓенца. Ќе дојде и тоа време кога сите останати ќе лежат по затвори и ќе платат за сето ова што ни го прават веќе 20 и кусур години. И народот пополека осознава и ја гледа вистината.
Како што реков, патот кон власта не е лесен.
И можам слободно да кажам дека тие глупости што ги пишувате као демек левица ништо неможат и нема да можат да направат, и дека ова што го прават е глупост апсолутно ама баш апсолутно нема никаква врска, и не е точно.
Толку од мене. Другото останува на "паметниот" народ да си види и да си одлучи за кого ќе гласа.