Порта Македонија, дали ќе се руши?

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување

Порта Македонија дали да се руши или не?

  • Не знам, немам размислувано околу рушењето!

  • Не, не треба да се руши!

  • Да, треба да се руши!

  • Не треба да се руши, туку да се измени некои детали!

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.398
Поени од реакции
38.952
1616539528401.png

Дали ќе руши Порта Македонија, затоа што не е Северна порта или?

1616536471244.png 1616536550521.png 1616539316515.png

... дали галериските просториите во неа не значат ништо за градот и 4,4 мил евра така ќе се фрлат само да се искаже спротивноста на власта само заради историјата на Македонија и нејзината култура исткаена низ рељефот од 193 м2 на висина од 21 метар на цела порта?

1616536643373.png 1616536762534.png

дали го оправдувате овој потег на сегашнава власт и зошто?

1616536257244.png 1616536295855.png

дали не го оправдувате овој потег и зошто?

1616536425093.png 1616537047478.png

...дали бегалците од Егејска Македонија ќе доживеа уште еден егзодус, избришани од македонската историја,
 
Последно уредено:
...дали бегалците од Егејска Македонија ќе доживеа уште еден егзодус, избришани од македонската историја,
Они се веќе избришани, ама ако не им смета како на оној Во Центар и работат за 33 тогаш што да прават другите....
 
Тоа шо ја урнисаа Македонија треба да е доволно за СДСНС, јас сум против СК2014 како проект воопшто, иако како концепт е дискутабилно и има позитивни страни создавањето градежна експанзија, ама сега е немање памет да се бавиш со вакви потези, место со ова нека се позанимаваат со дивоградбите во Охрид кои го ставаат под знак прашалник статусот град на УНЕСКО.
 
И јас сум против Скопје 2014, ама сега кога е изградено и пари дадено, поарно нека остани.

Глупаво е да се занимаваме со рушење на сето тоа. Нека биди потсетник за во иднина да не се глупираме со слични проекти.
 
Порта Македонија е врвот на глупоста на Скопје 2014. Објект кој буквално не требаше да постои. Посебно со тој дизајн - бедна копија на Триумфалната порта. И стои како симбол на лудоста од тоа време.

Но тоа е тоа, веќе е изградена и штетата е направена. Не гледам некоја поента сега да се руши. Посебно не во време кога во државата има стотици поважни проблеми. Како што гласав погоре, нека се измени, нека се промени дизајнот на некој начин, барем малку да не личи на copycat објект.
 
Шо ти сметат во дизајнот?
 
А,бројчаникот каде ќе го постават,ако ја рушат?
Абе,земете направете нешто,за рушење лесно е.И онаа портичката,во чаршија,таа повеќе не ја личи,на тоа место.Пробајте неа срушете ја.
 
Ke se rushi oti samo na Napoleon mu e dozvoleno bledo da kopira rimska arhitektura po vojuvanje niz pola Evropa.
I na Germanija.
I na USA.
I na Rusija.
I na Belgija.
I na Anglija.
I na Indija.
I na Meksiko.
I na Avganistan.
 
Последно уредено:
Нормално дека не треба да се руши иако е личен вкус дали му се допаѓа некому. Нова е, изградена е, се дадоа пари. Скопје има други проблеми поважни од портата. Чист реваншизам. Можат на пример да го рушат орелот во другиот дел на Скопје. Ама прпа им е. Не смета па можеби и некому од СДС му се допаѓа. Онака, стилизиран двоглав орел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom