Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
10.386
Поени од реакции
18.532
Јас само процедурално, не сакам да ви се мешам во муабетот за неолиберализмот и приватно здравство, ама со оглед дека сум левичар да ви напоменам
2016 - 6 луѓе имаа пари како пола од сите луѓе на планетава
2021 - 3 луѓе имаат пари колку пола од сите луѓе на планетава

Тоа што вие си прајте со умо бајрам дека ќе бидите дел од богаташите и ќе можите да си дозволите приватно здравство е скроз десета работа, ама вие си знаете, големи сте :)
Ова е стандард левичарска заблуда. Некако овие 3 или 6 најбогати луѓе се сложуваат и ги форсираат твоите ставови :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.734
Поени од реакции
16.955
https://denesen.mk/ema-da-ne-se-koristi-ivermektin-za-lekuvanje-na-kovid-19/

а сабајле на ФБ спротивно, го дигаа во небо ивермектинот и тоа нашиот главен инфектолог, толку бил ефтин што не се шверцувал...
а б.тв. па го има во аптеки, земав и пиев со приватен рецепт од матичната, 5капсули одеднаш на 3 дена...2 х....
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.972
Поени од реакции
8.217
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Муабетот е да превземе приватни капацитети.. Имаш вонредна состојба во даден момент а не пушта рака на приватни капацитети...
Кој да ги превземе приватните капацитети? Сдс и Дуи?
И шо мислиш дека ќе се случи, ако ти ја исполнат желбата, колку време ќе им треба да ги доведат "Систина" и "Филип Втори" на ниво на државните клиники?

Толку лесно ви оди муабетов за присилно превземање на приватна сопственост, што се прашувам дали некогаш сте се обиделе да инвестирате во нешто?

И ако веќе одиме со такви комунистички методи, не е криза само во здравството, има и социјална криза, има луѓе што немаат покрив над глава, ама мислам дека перцепцијата драстично ќе ти се промени, ако државата пушти рака на твојот стан, за да го реши тој проблем.
 
Последно уредено:

Тоа се привремени мерки, никој нема да ги национализира. Нешто слично би очекувал и ако владее глад во државата а некој трговец ти го продава лебот 5000 денари.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
294
Поени од реакции
452
Што вели статистиката на вакцини кај нас......и околина трети земји.....да се преброиме :lolzz:
Србија ни дала.....8190 Фајзер
Русија.......3000 Спутник
=11.190

.....
1. Србија - 2 664 460 дози вакцини
Синофарм- 2 000 000
Фајзер 262 060
Спутник В 252 400
АстраЗенека 150 000
.....
2. Албанија- 80 325
Фајзер 41 925
АстраЗенека 38 400
.....
3.БиХ- 52 000
Спутник В 42 000 (Република Српска)
АстраЗенека 10 000 (Федерација БиХ)
.....
4.Црна Гора- 44 000
Синофарм 30 000
Спутник В 14 000
.....
5.Косово- 0

.......па мајку му......добри сме.....сеуште го јадеме Косово :lolzz::lolzz::lolzz::lolzz:
Секој ден патувам за Косово и голем дел од лугето шо ги среќавам веке се вакцинирале у Србија така да у многу поарна ситуација се од нас плуд нема мерки тамј никој не се замара за маски и такви срања
Автоматски споено мислење:

Секој ден патувам за Косово и голем дел од лугето шо ги среќавам веке се вакцинирале у Србија така да у многу поарна ситуација се од нас плуд нема мерки тамј никој не се замара за маски и такви срања
[/QUOTE]
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.487
Поени од реакции
18.513
Луѓе кои можат да си дозволат приватно здравство во моментов умираат.

Едноставно нема помош, така да, ситуацијава е ...
Play stupid games win stupid prize

За тиа што разбираат дур нема вакцини, земајте витамин Д.
 
Има некоја студија што го потврдува ова, дека витаминот Д ја спречува заразата?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Има некоја студија што го потврдува ова, дека витаминот Д ја спречува заразата?
Не знам дали може да се каже дека буквално спречува зараза, го подобрува имуниот одговор... Колку што знам нема научна потврда има позитивни искуства :)
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.859
Поени од реакции
5.714
ЕУ сврши голема работа со обезбедување вакцини за себе, па сеа ќе глумат хуманитарци... им течат гомна од сите страни...

немаат доволно вакцини за себе, а тие шо го имаат ги распределуваат неправилно и несразмерно..

од друга страна 34 мил. дози успеаа да извезат во светот (кај шо имаат реален интерес) вклучително и Велика Британија, а Велика Британија ги ебе и им спречува извоз на Астра Зенека.... Италија спречи извоз на 250 000 дози вакцини планирани за Австралија зашо немаат доволно за себе....

Австрија и Данска беа на состанок кај Нетанјаху во Ерусалим и најавија дека ќе формираат заеднички фонд за истражување и развој и ќе ја испитаат можноста за заеднички капацитети за производство на вакцини... значи бараат чаре надвор од ЕУ...

буквално оваа криза покажа и докажа дека ЕУ во овој формат е едно големо срање... кога ќе дојде крајот на оваа пандемија ќе дојде крајот и на ЕУ...

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.487
Поени од реакции
18.513
Не знам дали може да се каже дека буквално спречува зараза, го подобрува имуниот одговор... Колку што знам нема научна потврда има позитивни искуства :)
Има не една туку повеќе научни испитувања. Некој и ги постирав овде или во другата тема.

Дури има споредба со вакцините, витамин Д спречува 36% од симптоми на ковид, спрема тие на вакцините 50-95%.

Инаку 90% од умрените имаат сериозен недостаток од витамин Д. Останатите 10% се со страшни болести и нив ништо не му помага.

Така да може да се каже дека кај нормален човек без некоја страшна болест, витамин Д, 100% спречува смрт.

Овој бран во споредба со тој од ноември, со оглед дека е на крај на зима, може да биде позаебан затоа што многу луѓе имаат недостаток витамин Д.
 
Не можам да тврдам со сигурност, не знам... Од тоа што читав заклучив дека е корисен и дека не помага кај тешка форма на болеста.
Се приметувам дека се помалце читам и слушам вакви испитувања... Премногу противречни информации и спротиставени мислења и мојот мозок на плавуша има конфликт :)
 
Повеќево истражувања се за у канта али ајде. Два пати да ги реплицираат различни резултати ќе добијат :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom