Фан Клуб: Арсенал

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Tipicno, pola i poveke bodovi imame izgubeno oti ne sme se razbudile prvite 20-30 minuti.

U sekoj slucaj bod sto ne ni znaci no fantasticen odgovor i edna od najinteresnitw utakmici, a gotov bev na 3-0 da ja izgasam

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Криво ми е што не се искористија шансите, буквално Вест Хем преостанатите 60 минути од натпреварот беа со гаќите помочани. На крај се покажаа пресудни тие 30 минути што не фатија на спиење и ни ја наполнија мрежата со 3 гола. Сега може овој бод во гз да си го пикнеме, си го зацементиравме сигурното 10то место со него, убав налет ќе фатевме да освоевме 3 бода, а се беше идеално поставено, против тим кој редовно го плескаме, се што требаше е само е да не ги преспиеме воведните 30 минути од натпреварот (all you had to do was follow the damn train CJ).

И Обамејанг ништо не покажа натпреварот (како и на 95% од натпреварите сезонава), би сакал Мартинели да стартува следен натпревар.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Абе првиот гол му го украдоа на Лака, не знам ја како тоа е автогол. Ако тоа е автогол тогаш и на Боуен голот треба да е на Мари автогол.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
Абе првиот гол му го украдоа на Лака, не знам ја како тоа е автогол. Ако тоа е автогол тогаш и на Боуен голот треба да е на Мари автогол.
ако оди правецот на шутот надвор од рамките на голот и се одбие од некој тогаш е автогол.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
ако оди правецот на шутот надвор од рамките на голот и се одбие од некој тогаш е автогол.
Сега баш го гледам пак голов, во никој случај не оди надвор од рамките шутов на Лака, дури и минимално го променува правецот.
Автоматски споено мислење:

 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Иначе игравме без капитен кога Оба испадна, траката не ја извади :D
Автоматски споено мислење:

Уствари игравме без капитен цела утакмица
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ни следуваат 2 недели пауза, 2 недели во мир и хармонија. После тоа продолжуваме со нови Арсеналовки, кој ментално не забега ќе раскажува.

Прегледај го приврзокот 288923
Искрено, едвај ги чекам тие викедни, малце да одмориме од тортурава, ама пак ќе кажам, преинтересна беше утакмицата денес, некое слатко измачување, тоа е Арсенал за нас фановите.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Искрено, едвај ги чекам тие викедни, малце да одмориме од тортурава, ама пак ќе кажам, преинтересна беше утакмицата денес, некое слатко измачување, тоа е Арсенал за нас фановите.
Апсолутно, порадо би гледал вакви натпревари секој викенд макар и да губиме, отколку да гледам натпревари ко на почеток на сезона каде што 1 месец немавме гол од игра дадено и поминуваа цели натпревари без да упатиме шут кон гол. Ваков Арсенал враќа вајб на оној Арсенал од 2008 година таму, прв натпревар што ми текнува Бостон 2:3 Арсенал. Каранбол цел натпревар, грицкаш нокти, ко бесен мајмум рипаш пред телевизор му мафташ со рацете на телевизорот кога напред кога назад да одат играчите. :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знам за другите, ама вториот гол според мене иде на душа на Лено.
Таков голман, што постави такви стандарди на голот, мораше подобро да реагира и не смееше да дозволи топката низ раце да му помине.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.852
Поени од реакции
10.225
Не знам за другите, ама вториот гол според мене иде на душа на Лено.
Таков голман, што постави такви стандарди на голот, мораше подобро да реагира и не смееше да дозволи топката низ раце да му помине.
Мари ја допре после шутот, смени правец

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Не знам за другите, ама вториот гол според мене иде на душа на Лено.
Таков голман, што постави такви стандарди на голот, мораше подобро да реагира и не смееше да дозволи топката низ раце да му помине.
Последниве неколку недели Лено не ми е баш баш сигурен, се надевам е само период и ќе му годи малце одморов.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Мене уште не ми е јасен вториот гол, паѓа во ситуација кога судијата се наведнува со спрејот да обележи кај да застане живиот ѕид, има некое правило каде што вика дека не мора судијата да е исправен и да прати што се дешава за да се изведе слободниот ли. Кога продолжи акцијата овој се збуни не сфати ни он што се дешава. Нели во вакви ситуации свирнуваше и ја враќаше топката на место и не се изведуваше дур не даде знак дека може, особено што не беше на правото место топката а беше слободниот од позиција каде што е и битно да се изведе од вистинското место каде што бил фаулот затоа и служи спрејот, да не добива некој метар плус и ѕидот да е на 3 метра поставен. Не е ова аут да може полево подесно понапред поназад. Не се жалам, ама не би требало вакви ситуации да станат навика пошто калакурница ќе е фудбалот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom