Читам.....почна да се зборува околу летување во Грција
Лицата кои се вакцинирани, имаат антитела или негативен тест за коронавирус ќе можат да патуваат во Грција ова лето, изјави грчкиот министер за туризам Хари Теохарис. Туризмот е еден од главните извори на приходи за грчката економија, па затоа таа е меѓу земјите кои најмногу го притискаат Брисел...
telma.com.mk
99% НЕМА ШАНСА да примаат патници од Македонија оваа година.......не си правете бајрам на умот. Ова што го договараат/преговараат се однесува на ЕУ држави, МОЖЕБИ и Србија како единствена од трети земји....доколку склучат посебен договор владите на Србија и Грција.....и за нив е сеуште знак прашалник.
Друга работа......општо ЕУ....меѓу кои и Грција ќе признаваат сертификати на вакцинирани исклучиво со Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон......не Синофарм или Спутник В
faktor.mk
Патем......на граница дополнително ќе ги тестираат по случаен избор патниците од ЕУ држави.
Ние никаде не сме спомнати како држава......така да без празни надежи и разочарувања како лани.
Барајте други локации за летување.......Грција ќе ја оставиме за "подобри времиња".......без празни илузии, имам пријатели во Грција.....истото ми го кажуваат.