Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.181
Поени од реакции
18.271
На кратко споредете го периодот на Баерн и Барса после нивните тројни круни.

Барселона првпат освои тројна круна 08/09. После тоа, во наредните 5 сезони, освои уште 3 титули во Ла Лига, една во ЛШ и не е вредно да проверувам колку во купот.

После тоа во 14/15 сезона, пак тројна круна и скромно уште три пати ја имаат освоено лигата.

Баерн Минхен после тројната во 2013та ги освои сите титули во домашната лига, не знам колку купови и го повтори успехот во 2020та година.

Интер освои тројна круна и после тоа има освоено една Копа Италија, 2011та година.

Е сега, Џонтра нема капацитет да разбере дека постои суштинска разлика меѓу Баерн и Барса од една страна, наспроти Интер од друга страна, уште во периодот додека овие тимови се/беа градени. Првите два имаа долгорочни решенија, квалитет и стабилни финансии, Интер направи очајнички обид (и успеа, што секако е за пофалба) пред неминовниот пад поради староста во составот, недостатокот од квалитетни тренерски решенија (Мурињо се знаеше дека си оди тоа лето многу понапред) и секако лошата финансиска ситуација на клубот и на Морати.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Ти благодарам што не спореди со најдобрите екипи во светот и можеби најдобрите екипи во својата историја тие периоди. :smirce:
Ова е голем комплимент.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Чудно како не предвидоа дека Роналдо ќе е флоп за Јувентус. :coffee::coffee::coffee: И флоп во смисла беше донесен за Лш да освојат, а не да испаѓаат од Ајакс, Лион и Порто. Без него беа многу поблиску до тој трофеј него ли со него. А сезонава тешко и скудето да освојат.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.096
Поени од реакции
6.477
Ronaldo nitu bese donesen vo Juventus za LS da osvoi tuku bese donesen radi biznis zdelka od koja Juventus dobi mnogu poveke pari od negovi dresovi, novi fanovi i red dr raboti. Juventus ne go socinuva samo Ronaldo pa da gi odnese do titula vo LS, toa sto fanovite na Juventus ovde si pravaa filmovi toa e druga prikazna. Vo Real Ronaldo za soigraci imase Modric, Kros, Marcelo, Benzema, Bejl, Ramos vo Juventus koj ima bentacop, Bonuci ahaha, sandro, danilo ovie od fiorentina daj ne zaebavajte i najgolemio maler za LS go imat Bufon.
 
Тоа бизнисот на страна. Зборам од фудбалски аспект. А секако дека не бил донесен за Лш да освојат. Играч од таков калибар за тоа се носи. А тоа што не земаа играчи и што се лажеа сами себе дека се нешто wow поради доминацијата во мизерната Серија А тоа е грешка на управата.
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Чудно како не предвидоа дека Роналдо ќе е флоп за Јувентус. :coffee::coffee::coffee: И флоп во смисла беше донесен за Лш да освојат, а не да испаѓаат од Ајакс, Лион и Порто. Без него беа многу поблиску до тој трофеј него ли со него. А сезонава тешко и скудето да освојат.
Роналдо не е флоп. Сметаш дека е флоп дека само од фудбалска гледна точка ја гледаш работата. Роналдо имаше таков ефект врз Јувентус брендот и врз цел Италијански фудбал што бенефитот ќе му го гледате сите со години.

А тоа што Јувентус се мачи Лига на Шампиони си има друга позадина, промена на генерација, несоодветни тренери и едноставно италијански менталитет што го имаат со кој сега Ањели почна да се бори, почнувајќи со носењето на Сари, да го "модернизира" малку Јувентус да почнат конечно да играат модерен фудбал, па сега експериментов со Пирло, и наредно сигурен сум дека ќе се оди со некој од познатите странски тренери. Процес е сево ова, Јувентус докажале многу псти дека гледаат далеку во иднината и се во тој поглед далеку пред сите екипи во Италија,затоа и се прв клуб со сопствен стадион, прв клуб со 9 титули по ред, нешто што никогаш нема да биде повторено, први што го "модернизираа" логото, односот со навивачите на социјалните мрежи итн.

Боли транзицијава во Јуве, како навивач на Јуве не би сакал никој друг никогаш да освои титула во Италија, ама тоа не е реално, не можи еден тим доживотно да освојува титули во една лига, ама сево ова во Јувентус е едно нужно зло, и како што бенефитите од одлуките што Јуве ги донесе во 2006та кога беа исфрлени во Сериа Б почнавме да ги гледаме од 2011 натака кога почна доминацијава на Јуве, така бенефитете од одлукиве во изминативе 2 години што се донесоа ќе ги видиме за неколку години, не е ова ФИФА на компјутер.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
. А тоа што не земаа играчи и што се лажеа сами себе дека се нешто wow поради доминацијата во мизерната Серија А тоа е грешка на управата.
Ова му беше најголемиот проблем...ајде мислевме дека само фановите нивни се во заблуда ама испадна и цела управа...тешко е кога имаш силен тим да одржиш контиунитет....од перспектива на Јувентус реално срамно е да ти земат титула Интер или Милан на толкава огромна финансиска моќ во секое можно поле....замислете во 2019 Јувентус две нивоа најмалку беше пред Интер квалитативно со 20+ бода разлика за сега да бидат во недостаток...и тоа давајќи 100 милиони + за плати во споредба со Интер....очајно водење политика.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Јувентус направи грешка во чекори, од една страна го зеде Роналдо за ЛШ, од друга го почна транзицискиот период во кој сигурно тимот нема да биде во главните фаворити за ЛШ. Кога се одлучија за Роналдо, отидоа ол ин на ЛШ и требаше да го потрепат со уште неколку стари искусни играчи со кои ќе истуркаа две-три сезони и после комплет ремонт, ама тие сакаа се одеднаш да направат и помладување и лш, што резултира со дебакл.
 
Да, очајно води политика Јувентус со 9 титули по ред во Италија, две финалиња Лига на Шампиони и 4 двојни круни по ред во Италија. Тоа шо сметаш дека еден клуб е туку така лесно да освојува секоја година без прекин титули во било која лига на свет, кажува дека во најмала рака само "гледаш" фудбал, а не разбираш многу. А колкави плати исплаќа еден клуб нема ама баш никаква врска со тоа дали еден клуб е јак или слаб.

Не ми се вервит дека зборвиш за немање континуитет а Јувентус освои 14 титули во 9 години од кои 9 по ред Скудети. Ама ај, нека е така како шо велиш.

И немој те молам да си земаш ни ти за право нити другарчето на кое шо му реплицираше да ја етикетирате Сериа А како мизерна или слаба или јака, не сте толкави експерти, нити сум ни јас.
Автоматски споено мислење:

Јувентус направи грешка во чекори, од една страна го зеде Роналдо за ЛШ, од друга го почна транзицискиот период во кој сигурно тимот нема да биде во главните фаворити за ЛШ. Кога се одлучија за Роналдо, отидоа ол ин на ЛШ и требаше да го потрепат со уште неколку стари искусни играчи со кои ќе истуркаа две-три сезони и после комплет ремонт, ама тие сакаа се одеднаш да направат и помладување и лш, што резултира со дебакл.
Е ова е огромна вистина, и се сложувам со ова 100%. Се мораше одеднаш да се почне и се случи ова, реално Роналдо ни требеше ко ги имавме Пирло, Погба, Видал и Маркизио, а не Матуиди, Кедира и Бентанкур.

Ама ако, јас слепо му верувам на Ањели.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Роналдо не е флоп. Сметаш дека е флоп дека само од фудбалска гледна точка ја гледаш работата. Роналдо имаше таков ефект врз Јувентус брендот и врз цел Италијански фудбал што бенефитот ќе му го гледате сите со години.

А тоа што Јувентус се мачи Лига на Шампиони си има друга позадина, промена на генерација, несоодветни тренери и едноставно италијански менталитет што го имаат со кој сега Ањели почна да се бори, почнувајќи со носењето на Сари, да го "модернизира" малку Јувентус да почнат конечно да играат модерен фудбал, па сега експериментов со Пирло, и наредно сигурен сум дека ќе се оди со некој од познатите странски тренери. Процес е сево ова, Јувентус докажале многу псти дека гледаат далеку во иднината и се во тој поглед далеку пред сите екипи во Италија,затоа и се прв клуб со сопствен стадион, прв клуб со 9 титули по ред, нешто што никогаш нема да биде повторено, први што го "модернизираа" логото, односот со навивачите на социјалните мрежи итн.

Боли транзицијава во Јуве, како навивач на Јуве не би сакал никој друг никогаш да освои титула во Италија, ама тоа не е реално, не можи еден тим доживотно да освојува титули во една лига, ама сево ова во Јувентус е едно нужно зло, и како што бенефитите од одлуките што Јуве ги донесе во 2006та кога беа исфрлени во Сериа Б почнавме да ги гледаме од 2011 натака кога почна доминацијава на Јуве, така бенефитете од одлукиве во изминативе 2 години што се донесоа ќе ги видиме за неколку години, не е ова ФИФА на компјутер.
Ако ми го прочиташ постот ќе видиш во која смила флоп напишав дека е. И не не се проблем тренерите него трансфер политика со носење играчи во средина како Рамзи и Рабио. Ти го носиш Сари а не му носиш играчи за неговиот стил на игра. Дури и Пирло не е проблем. Пирло е ставен како изговор. Со оглед на тимот што го има на располагање сосема солидно се држи на бод е од второ место. Проблем е само трансфер политиката и носење играчи за без пари давање огромни плати на истите за после никој нормален клуб да нејќе да ги купи баш поради смешните плати. Па ќе кажам вас ве излажа неквалитетот на лигата и немањето здрава конкуренција па си правите некоја лажна слика за квалитетот на тимот.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.181
Поени од реакции
18.271
Ти благодарам што не спореди со најдобрите екипи во светот и можеби најдобрите екипи во својата историја тие периоди. :smirce:
Ова е голем комплимент.
НЗС за сите три е што освоија тројна круна во сличен период.

Кога веќе и тебе ти е јасно, зошто Баерн и Барса се најдобрите екипи во светот, а Интер не, се спушташ на финти за лајкови.

А дискусијава, Јуве го купил Роналдо за да освои ЛШ и истиот бил флоп поради тоа што не успеал, не знам ниту од каде да ја почнам.
Поголеми глупости немам читано.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.252
Поени од реакции
14.557
Ама ако, јас слепо му верувам на Ањели.
Тоа е веќе религија или заљубување. :D

Јас мислам дека Јуве работеше доста паметно, со минимални грешки, се до пред некоја година. Не велам дека е на дереџе на Милан и Интер кога почнаа да паѓаат, но се гледаат некои сличности, повторување на исти грешки и дека се поголем проблем ќе се финансиите (не дека Милан и Интер нема да имаат финансиски проблеми). Дури мислам дека Јуве не ја искористи предноста пред Интер и Милан, да достигне "Баерн ниво" и да треба уште неколку години и многу труд за да го тргне некој од врв. Милан малку се потсреди и одма му дише во врат, Интер исто за релативно кратко време, потроши добра сума и веќе е пред Јуве.

Предноста што ја имаше Јуве поради финансиската моќ, стадионот, резултатите, не ја искористи доволно. Јуве во Италија правеше "џандар збира", како Баерн во Германија. И во последните трансфер рокови, се појави Кулушевски, зимај го, Киеза исто. Нека ги кај нас, да не отидат и друг да засилат. :) А сега веќе Јуве влегува во финансиски проблеми и следниот циклус ќе се пази на плати и трошење. Тоа се и пораките што на еден или друг начин стигаат од клубот.

Тоа не значи дека ќе бидат полоши од Интер и Милан, кој знае што ќе се случува и во овие клубови, може да се и бетер. :) Се повеќе и повеќе се зборува за проблеми со финансиите и фудбалот, не е само поради корана, тоа се слуша и од побогатите лиги и клубови...

А Ањели гледа спас во правење на таа Супер лига (во која со тек на време ќе има и американски клубови), затоа тој, Перез и "Американците" од Премиер го туркаат тој проект. А до тоа и ќе дојде, само дали преку поголема реформа на ЛШ или преку посебен некој "НБА проект".
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726
Интер 2010та треба да биде у речник покрај фразата "сите коцки да ти се се поклопат"

Ето го прогласија за експендабл и беше додаток у трансфер за у тој момент најдобриот играч на Интер кој сакаше да замине пошто мислеше дека тимот не е кадарен за успех. На Милито врв на кариера му беше што играл за Сарагоса, а Снајдер плачеше да не иде од Реал ама беше набркан ко куче.
Месец дена пред тоа на Галијани му беше понуден он или Хунтелар, Галијанк го одбра вториов.
Ни еден од лвие играчи не беше ни близу до рангот на Роналдо.

Нити па имал Интер некое име тој период освен Занети.
Е сеа што имаја таква сезона и изгазија све живо и диво, што Цезар беше таа година најбољи голман на свет, анонимно црнче од Монако беше најдобар десен бек е ради Мурињо највише, и свите скоро таа година имаја сезона на кариерата, а Интер не бил у никаков залет реално.

За разлика од Јуве, кој си газеше у Италија 5-6 сезони и го зеде најдобриот играч у свет.

Не ја вртите со сила работава, тоа што се местачки џубриња и го немаат победничкото моџо за у ЛШ, и она говно од човек што е проколнат да не освои ЛШ никад е друга работа.

Ама да кажеш дека Интер 2009 бил спремен и само овие тројца ги зел као залет за освојување ЛШ е нонсенс у најмала рука!
Абе уживај дека било така, Интер 4 сезони доминираше во Италија во многу појака конкиренција од Јувентус... Па Милан имаа јак тим и освоија ЛШ во тоа време...

Може колку сакате да ги спорите квалитетите на тој Интер или на господинот Милито, голем кур ако врв му била Сарагоса... Милито е пример за еден од најпотценетите играчи во фудбалот, елеганција во нападот, ладнокрвен убиец. Пандев имаше изјавено дека бил машина на тренинг по 100 гола давал.

Реал не знаеа кај тераат со играчите тогаш, сега Галијани дека го одбрал Хунтелар, Снајдер не бил добар?

Смешни сте со тоа поклопување коцки, ја поминаа најјаката Барса со црвен картон, го издоминира Баерн со Робери 2-0 во финале без една шанса беа Баерн...

Одбраната ѕид, Интер падна не само ради Мурињо, туку и Морати беше во гомна и цело време замараше да ги намали платите, едноставно немаше атмосфера и играчите сметаа дека не се доволно ценети...

Интер немал имиња во тој период :pos:

Ок Марли
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.483
Поени од реакции
114.434
Роналдо не може да се нарече флоп во Јувентус затоа што не е, човекот дава голови и си брка работа, флоп е проектот правен околу него и целта на истиот а таа е освојување на ЛШ.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.321
Поени од реакции
7.066
Дечки фудбалот одамна се игра за пари, а во втор план за трофеи, на фановите им останува уживањето, дебатите и расправиите, а на играчите и раководните луѓе скапите коли, викендици, хостеси итн итн.... Многумина не ја гледаат целата слика засенети од бубамарата........ и да ги прашаме фановите на интер и милан еве поконкретно какви им се чувствата после менувањето на сопствениците на клубовите и дали е исто ко шо беше ривалството и Се друго во минатото...... значи Се е бизнис, само кој како сака да си сфати
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom