Починатите не можат ДНЕС да се определеат. Ако са се определили во минатото, ти ДНЕС немаш право да им промениш идентитет и да не почитуваш нивното самоопределение во минатото. Тоа е проблемот.
Дали Бугарите не са наследници - мора малце повеке да се чита што пишали тези истите умрените,па да видим и родата. Пример ке ти дадам со Шапкарев, еве внуката му овде - дали таа не е наследница и дали таа не е бугарка? Ке негираш неjното право на самоопределение? Внуката на Прличев истата работа, Миладинови истата работа, па дури се уште роднините им во Охрид и се викат бугари. Така да... тежко со вакви финти дека нивните внуки не са нивни наследници... ке ме извиниш. Ако имаш индивидуа и имаш неговото определение во минатото, тоj е тоа и тука завршува прашането.
Не можам да почитувам право на „определение“ на умрени индивидуи, зошто умрени индивидуи не можат да бидат носители на индивидуални или колективни права. Го разбираш тоа или не? Етничкиот идентитет на починати луѓе е прашање за историската наука, не е прашање на заштита на човекови права.
Колективни права остваруваат колективи. За да тврдиш дека тие луѓе (за кои ти си убеден дека се определени како Бугари) се дел од колектив, чие право на самоопределување не се почитува, треба да има колектив, народ, етничка заедница на оваа територија, кои се наследници на колективот од времето на тие починати луѓе и кои се декларираат како Бугари. Такви овде нема, има народ кој се идентификува како Македонци, без разлика на упорноста на твоите сограѓани, меѓудругото и на форумот. Значи е тотално глупаво да тврдиш дека Македонија не им го признава правото на самоопределување на луѓе умрени пред 100 години, зошто за да можеш да го тврдиш тоа, мора да тврдиш и дека Македонците се етнички Бугари. Повторно, го разбираш ова, или не?
Никој не им брани на внуката на Шапкарев, вепарот Каракачанов, или ескортот Захариева, да се декларираат како етнички Бугари. Ни сега, ни во иднина. За тоа си има посебни графи, кај што можат да се изјаснат што се (би требало и вие да се научите на тоа). Ама, етничкиот идентитет на нивните предци не е политичко прашање, туку е историско прашање. И таму каде што историјата не може да определи, на кој етникум припаѓа некоја историска личност, сосема е нормално и често, два етникуми да си го сметаат како свој. Има илјадници такви историски личности. Еве, Србите и Хрватите уште се расправаат што бил Тесла. Тоа не значи дека една од страните му го повредува правото на самоопределување на таа историска личност, зошто тоа е апсурдно. Таа личност не се определува никако, затоа што не постои веќе.
Али јасно ти е и на тебе и другите твои другари низ форумот, а сигурно и на бугарските политичари. Поентата е само да се истурка приказната дека Македонците се Бугари, без да се каже на глас тоа. Па се промовира цела оваа конструкција на мистериозно исчезнатите Бугари во 45та.