Без зафрканција го кажувам ова...
Виљаш Боаш им е слободен.
Ќе ја поминеше оваа без проблем.
Тимот не е добар, ок.
Ама проблемот лежи во Пирло, не во тимот.
Горе доле исти се играчите од лани со Сари.
Сари не е топ ниво на менаџер, ама е еден од посолидните менаџери што може да се најдат на пазарот.
Со него делуваа многу подобро него ли ова цела сезона што го играат.
А муабетот беше дека сепак тимот не делува стабилно и е паднат и најпаметно е да си оди Сари.
Не дека и лани не отпаднаа во 1/8 финале, ама барем во лигата беа солидни.
Не гледам како Јуве би имале било каков прогрес со Пирло на клупата. Ништо против човекот, ама очигледно е дека треба да си оди.
Ако отпаднат не би ги обвинил ако го отпуштат вечерва.
Во секој случај, ако Пирло ја започне следната сезона како тренер на Јуве, тоа е ептен лош потег за тимот.
Тактички Порто делуваат подобро, ако Јуве успее да ја сврти оваа би било само на мускули благодарение на индивидуалниот квалитет и какво таквото искуство на играчите како целина во споредба со овие на Порто.