Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.476
Каде препорачувате сервис на Мерцедес во Македонија? Увезен е од Словенија ама не можам сега да се замарам да возам до Љубљана... :/
Се работи за основна смена на филтри, милтри, дрн дрн, само не сакам било кој да чепка во колава.
За основна смена на филтри и моторно масло, глицерин на кочници, тоа може да го направи секој посериозен сервиз за автомобили без никаков проблем и тоа не е нуклеарна физика. Дури убеден сум дека некоја гаража подобро ќе го сработи тоа него ли некој "премиум" сервиз. Сум се убедил во ова 100 пати. Само моторното масло да одговара на спецификациите на моторот.
Автоматски споено мислење:

AGR, MAF, DPF, лептир клапна запечена, филтер за гориво, дизни, се е ова врзано ко црева и си бара солидна сума за поправка. Ако го лоцираш проблемот од прва, онда си многу среќен човек. Ако е евро 5 и ја возеш само градска, тогаш колата бара дување на автопат.
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Ако имам возило на свое име а сум почетник колку се давачките за регистрација, слушав за почетници имало давачки плус или до колку години не знам точно?
Поскапо осигурување плаќаш само до 29 години возраст за некој процент ( не знам точно колку ) ... Зависи што кола имаш , колку киловати е моќноста , па толку ќе ти биде и осигурувањето
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Пред 3 месеци менував колектор на алтернаторот, немам ни 2к километри поминато повторно почна да светка индикаторот за акумулатор на шалт таблата на 700 обртаи (во лер) инаку се работи за мицубиши каризма дид 2003. Да менувам ли цел алтернатор или може нешто друго да е?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Пред 3 месеци менував колектор на алтернаторот, немам ни 2к километри поминато повторно почна да светка индикаторот за акумулатор на шалт таблата на 700 обртаи (во лер) инаку се работи за мицубиши каризма дид 2003. Да менувам ли цел алтернатор или може нешто друго да е?
Оди кај добар автоелектричар......ќе ти каже. Може да биде и друго.....а може и лер гаста да зеза.....па на ниски обртаи да светка.

ПС Ако можеш измери со унимер колку полни алтернаторот......треба да биде од 13.5 до 14.6V на лер гас.....без вклучени потрошувачи
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.133
Пред 3 месеци менував колектор на алтернаторот, немам ни 2к километри поминато повторно почна да светка индикаторот за акумулатор на шалт таблата на 700 обртаи (во лер) инаку се работи за мицубиши каризма дид 2003. Да менувам ли цел алтернатор или може нешто друго да е?
Класичен симптом на пробиена (изгорена) диода во алтернаторот. Може и од реглер ама помали шанси. Сепак треба на електричар да одиш, на некој алтернатори се менува диодниот мост или дури може да се смени и секоја диода посебно, ама ти треба саглам електричар, за цел алтернатор менување лесно е, секој мајстор може да го смени.

Друго, 700 обртаи е доста ниско за лер вртежи...сигурен си дека точно покажува обртомерот?


На колку обртаи гасне ламбата? ако е на 800 треба малку лер гас да се додаде...700 е многу споро. Може едноставно не врти доволно брзо алтернаторот и затоа пали ламба.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.668
Кога сме кај алтернатори ... Ми светеше ламбата без да изгасни. Го сменив алтернаторот али од Фолсфаген Лупо ставив на Поло, 1.4 мотор бензинец. Сеа ламбата не свети, али и воопшто не светнува па да се изгаси кога давам контакт. Незнам дали функционира дали го полни акумулаторот сеа, пред тоа со стариот алтернатор нонстоп светеше.

Можно ли е да функционира, а да неможе да го препознае бидејки е од различен модел на кола? Како да проверам дали си функционира исправно?

Сам изигравав мајстор не ми се даваше пари, направив некоја поголема штета или? :pos:
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
https://ibb.co/MR11zQr еве на колку вртежи е лер.
Утре ќе ја носам колата на автоелектричар па ќе видиме што и како , па ќе пишам овде.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Каде препорачувате сервис на Мерцедес во Македонија? Увезен е од Словенија ама не можам сега да се замарам да возам до Љубљана... :/
Се работи за основна смена на филтри, милтри, дрн дрн, само не сакам било кој да чепка во колава.
Кај Влатче,од пунктот на ЕВН у Ѓорче после Адинг само што ке свртиш на кривината према Канал 5 што врти втор или трет дуќан.За Мерцедес е сервисот исклучиво
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.673
Поени од реакции
4.154
Кога сме кај алтернатори ... Ми светеше ламбата без да изгасни. Го сменив алтернаторот али од Фолсфаген Лупо ставив на Поло, 1.4 мотор бензинец. Сеа ламбата не свети, али и воопшто не светнува па да се изгаси кога давам контакт. Незнам дали функционира дали го полни акумулаторот сеа, пред тоа со стариот алтернатор нонстоп светеше.

Можно ли е да функционира, а да неможе да го препознае бидејки е од различен модел на кола? Како да проверам дали си функционира исправно?

Сам изигравав мајстор не ми се даваше пари, направив некоја поголема штета или? :pos:
На запалена кола, приклучи мултиметар на акумулаторот. Треба да ти покаже вредност отприлика 14 волти.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.668
Знам али немам, ми бараа 40 евра за дијагноза само. Важи.

Го работев на сопствена рака од отпад го најдов за 10 евра, непроверен го ставив. Треба да се распрашам некој пријател ако има.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.673
Поени од реакции
4.154
Знам али немам, ми бараа 40 евра за дијагноза само. Важи.

Го работев на сопствена рака од отпад го најдов за 10 евра, непроверен го ставив. Треба да се распрашам некој пријател ако има.
Застани навечер со колата до некој ѕид, запали ја колата и извади ги минус клемата од акумулаторот.
Пушти се што можеш внатре сите светла долги, кратки, магленки, радио, клима итн.
Ако ти изгаси, тоа е знак за лош алтернатор.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Застани навечер со колата до некој ѕид, запали ја колата и извади ги минус клемата од акумулаторот.
Пушти се што можеш внатре сите светла долги, кратки, магленки, радио, клима итн.
Ако ти изгаси, тоа е знак за лош алтернатор.
Bas me zanima zosto mora navecer haha. Seto ova moze da go pusti i denje a trosat isto struja i denje i nokje.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.133
Знам али немам, ми бараа 40 евра за дијагноза само. Важи.

Го работев на сопствена рака од отпад го најдов за 10 евра, непроверен го ставив. Треба да се распрашам некој пријател ако има.

Амам бе ти, влав да не си? Најде алтернатор за 10 евра, го стави. сеа за мултиметар ќе одиш по пријатели ќе прашуваш...аман нов е 10 евра или помалку, појќе за гориво ќе потрошиш дур појдиш да го земеш од некој пријател
 

Kajgana Shop

На врв Bottom