Бојлер за во Кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата Kanye.brt
  • Време на започнување Време на започнување
Обичен. Кај нас водава ко што е полна со бигор, на проточниот ќе треба на два месеци грејач да му менуваш. Ова од искуство ти го кажувам. И секако, ако си во Скопје, во другите градови не знам каква е водата.
 
Четврт проточен бојлер на чешма во последниве, не знам, 5-6 години, и моментално и овој е расипан. Штеди струја ама треба да го чистиш греачот со алкохолен оцет барем еднаш на секои две недели. При секое ново купување си ветувам дека редовно ќе го чистам ама заборавам и се расипуваат. Скопска вода јбг.
 
ako sakas protocen bojler-cesma,togas odi na kanta pazar gi ima kolku sakas za 100-200 den.
i tie nekoe vreme bile na polica vo nekoj market pa potoa malku vreme kaj nekoj doma vo kujna,
pa potoa se nasle vo kontejner i od tamu od poznati pricini na kanta pazar,
sto znaci deka so toa se potvrduva kvalitetot i rokot na upotreba
znaci konecno zemaj obicen bojler od 5-10 litri za vo sudoper dole ili nad nego.
 
Јас имам проточен во кујна, ама на планина каде водата е мека.
Еднаш ја отворивме да ја чистиме, повеќе беше љубопитност што има внатре :D
Во Скопјево, водата во кујна ни е поврзана со бојлерот од купатило.
 
Моиве земале од делимано, нема ни година почнал да заебава.
Обичен претпоставувам ќе е подобар.
 
Пресели се во Германија и нема да имаш никаков бојлер у кујна.

Зависит. Сум седел во стан зградата градена 1991ва. Вкујна имаше болјерче. Од економски причини не ставиле во зградата. Ама да, ретко е во денешно време.
 
Четврт проточен бојлер на чешма во последниве, не знам, 5-6 години, и моментално и овој е расипан. Штеди струја ама треба да го чистиш греачот со алкохолен оцет барем еднаш на секои две недели. При секое ново купување си ветувам дека редовно ќе го чистам ама заборавам и се расипуваат. Скопска вода јбг.

комплицираноме чистење, колку време одзима, нема мн да ја користам дека ке иѓа машина за перење садови.
 
комплицираноме чистење, колку време одзима, нема мн да ја користам дека ке иѓа машина за перење садови.

Ја отвараш кај што е греачот за да истече водата, затвораш, ја одвртуваш чешмата, во дупчето истураш алкохолен оцет и оставаш така кога не ја користиш 2-3 саати, или најдобро преку ноќ. После ја завртуваш чешмата и толку.
 
Дали некој од вас што имате проточни бојлери размидлувал да стави онакви омекнувачи на вода, што се вградуваат пред апаратот и ќе помага да ја омекнува водата што влегува апаратот?
 
Дали некој од вас што имате проточни бојлери размидлувал да стави онакви омекнувачи на вода, што се вградуваат пред апаратот и ќе помага да ја омекнува водата што влегува апаратот?

Да, јас сум размислувал ама не знам ништо за тој производ, само имам наслушнато дека постои такво нешто.
 
Обичен, ако немаш простир можеш да земеш што се врти контра..не се заебавај со делимано и такви срања.
 
Делимано, секој втор ќе ти се погоди.
Има многу поевтини кинески и ќе ти завршат работа и тие.
Само и кај едните и кај другите гледај добро да се прицврстени и да не нишаат бидејќи со тек на користењето ќе ти пукне пластиката па ќе мора цела да ја менуваш.

Во однос на бојлерче, зависи на што ќе налеташ.
Еве од неодамна користам едно 10литарско на ЛЕОВ, дали мене така ми било пишано во ѕвездите или едноставно толкав им е квалитетот, али не сум задоволен.

Во денешно време гледај со помалку пари да поминеш, а дека ќе е трајно и вечно тоа пречкртај го, како ќе ти се погоди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom