Какво е тоа дно што ќе го натера овој народ да се разбуди?
Постојат барем 3 моменти во овие 30 години, каде што Македонецот требало да се освести, а од тоа ништо, штама.
Ако будењето е на национална основа, тогаш ништо од таа работа. Македонецот националноста ја доживува како апстрактна појава, штом не може да се опипа физички, да се јаде, да се праат пари, тогаш ништо, таа за него е практично непостоечка вредност. Зошто инаку 100к новокомпонирани бугари? Или конверзија во шипци за државна работа? Или 600к излезени на референдум за промена на име?
Јас имам една теза дека економски колапс можеби би ги раздвижил работите. Моментално социјалниот мир е купен преку зголемени социјални трансфери кои што се обезбедуваат преку растечки задолжувања.
Први на списокот се административците и пензионерите. За нив секогаш мора да има пари на први во месецот.
Остатокот кој што работи во приватен сектор е учен да го „гура“ месецот релативно скромно. Бабата и дедото земаат пензија, еден можда вработен на државно, друг приватно, децата на факултет или во странство, па се тера некако колективистички...
Дотациите на иселениците во странство исто така во голема мера го одржуваат финансискиот мир во домаќинствата.
Опцијата кога ќе стане неиздрживо и ќе дојде ножот до коска да се извади „бугарски“ секогаш е отворена. Исто така до работна виза се уште се доаѓа релативно лесно. Така да овие два фактори се своевиден издувен вентил низ кој што се канализира фрустрацијата на дел од народот. Ти скурчува од се и бегаш надвор без да се расправаш тука.
Значи додека има за леб, макар и сува корка, овој народ ќе си ќути и ќе си трае.
Проблематичен аспект на тезата за економски колапс кој што би предизвикал народен бунт е фактот што во 90тите ни се случи таков еден т.н транзициски колапс, грабеж кој што народот релативно смирено го поднесе, а требаше луѓе да висат по бандери, работничка револуција требаше да се случи, и...ништо.
Ме интересира како овој народ би реагирал во едно „грчко сценарио“. Значи масовна редукција на јавен сектор, кратење на плати и пензии, зголемени даноци, бугарите не даваат пасоши повеќе, а Германија го укинува балканското правило... значи нема излез, нема бегање.
Дали воопшто тоа би било некаков тригер за овој народ да даде некаков отпор или пак 500 години ропство навистина го менуваат генот...