Го имам читано Расел, имам книги дома од него. Бил пријател и со Ајнштајн, има и негов осврт врз теоријата на релативитетот, појаснување за широките народни маси (жими тасе...) и заеднички активности во нуклеарно разоружување исл.
Он е еден од најфундаменталните атеисти и генерално, имам многу симпатии кон неговиот лик и дело, но во делот на филозофијата. Не навлегувам многу во тој дел, само сакам да го потенцирам дека е скептик и неговиот начин на размислување многу влијаел и влијае врз моето формирање ставови.
Е сега, во негов стил - не може објективно да се суди, ако не се исклучи сопствениот бекграунд. Ова ми е познато, ама ај ќе го стаам од википедија, безвезе -
Bertrand Arthur William Russell was born on 18 May 1872 at Ravenscroft,
Trellech,
Monmouthshire,
Wales, into an influential and liberal family of the
British aristocracy
Човек што доручкува со сребрен есцајг, тешко дека може објективно да зборува за класна борба. Прво и основно, Карл Маркс никогаш не ја формулирал пирамидалната структура, со силно централизирана личност како Сталин. Тоа и на мене и веројатно на никој друг на планетава не му е по кеиф, треба да е луд човек да мисли дека системот треба да се поистовети со една личност. Приказната на Сталин има во себе и многу опортунизам, патолошка потреба за власт, но и свесност како до тогаш се владеело со толкава империја. Претходна цела низа од императори со железна рака парче праеле и внатре во империјата и во војните со соседите. (Путин од која книга учел?)
Расел ги презирал идеологиите начелно и познавајќи ги капацитетите, посебно интелектуалните и културолошките на поголемиот дел од населението секаде, не само во Англија, логично е идеологија да разбираат 5%, делумно уште 10% од населението, а другите да следат личен инстинкт, интерес. Човекот многу подолго живеел во племиња и безбедноста потсвесно ја сфаќа како припадност на некоја група (што се разликува од другите по јазик, боја на кожа, религија исл.) Е сега, пред 10-15 години баш во Англија, Маркс беше во некоја анкета избран како личност со најголемо влијание во историјата на човештвото, со значителен процент пред Исус, Мохамед и нивните кралици и кралеви. Ова го кажувам затоа што за Британија, не толку од телевизија, филм (не сум имал прилика за жал да патувам таму), туку во контакти, разговори, имам впечаток дека просечен британец има многу повеќе сенс од било кој друг човек од Европа, за општи политички случувања, посебно економски состојби поврзани со политика, доста добро владеат историја и сл. Сакам да кажам дека просечен гласач во Британија повеќе размислува и многу подобро ги знае импликациите од политичките потези на власта, за разлика од овдешниве ботови, кои се повикуваат уште на авторитети, лесно се прелажани од разноразни муртинци, патори, луѓе што уста кога ќе отворат треба да ги препознаеш дека се глупи ко к*р и дека идејата им е само да се изнаживеат дур се на власт. Да не ја изгуби смислата текстов - многу повеќе е очекувано (логично, ај да кажам), меѓу едно такво свесно, информирано општество, со иљадагодишно парламентарно минато, да се развие свест за класни разлики. Суштинска е класната борба. Расел како аристократ е свесен дека неговата кожа ќе настрада во класна борба во Британија. Никаде не иде тоа глатко „ај сеа излези од замоков, ќе живееш во куќичка од црвени цигли како сите нас“, туку глави ќе летаат. Во Русија по октомвриската револуција тоа се случувало и сите европски богаташи, свесни за тоа како се однесуваат со сиромашниот народ, какви се огромни разлики во богатството, фрлале со гомна против комунизмот (а еве ај, да земеме контра пример - крадењето на општествените фирми во транзицијата ок е?)
Тука, јас сум сигурен дека со мал извршен притисок, доволно е луѓе да видат дека за некого се збори дека е добар (ај да не праам пример со Апасиев) и одма имаш овци: „Јак е овој, многу знае“....или како за мијалков шо се плашеа „има луѓе у мвр“ - к*р го заболе него дали нешто лошо сте кажале за него, глеаше миљарди како да напука по џебови. Овде мислата на Маркс, на овие простори дојдена е преку Србија, не треба да се лажеме, КПЈ. Но, големо но, 100 пати го имам ова повторено - порамнувањето на поранешната држава во граѓанство и давањето на правото за самоопределување, но не по оној модел на Сталин, по кој Киргизите си се викаа Киргизи, ама не си го знаат јазикот, па зборат руски, туку ние се викавме Македонци и живеевме во држава која се викаше Македонија, а зборевме македонски јазик. Денес све тоа е раскурцано од транзициони „патриоти“.
Да не биде за џабе толку пишување во темава, Левица и тоа како има бекграунд, за разлика од мафијашкиве структури кои како печурки излегоа у рани 90ти и све што беше фукара се удружи за да дрпа материјално, а да распродава идентитетско. Во ваков политички контекст, немаат многу простор за маневрирање во социјалната политика и економија - да не се лажеме, тие национализации не биваат у денешно време, но еве ова што се случува со еколошко уништување, распродажба на планински реки, рудници, сега и земјоделско земјиште - тоа може и мора да се запре. Ниту се толку екстремни како што се прикажуваат како баба-роги (го читав оној текстон горе од Дојче веле - таков срање немам со години видено, нека се пука у глава уредникот што го одобрил). Така да, мафтања со анти-Маркс мемиња е патетично и смешно.