Предлог за серии и кратки рецензии

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Ја откажаа после 3 сезони, ама имаше завршеток колку што памтам.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Sretnav edna serija kako reklama na jutub, ama go zaboraviv imeto.. Pa sakav da prasam kako se vika, a dejstvieto vo tie 20 sekundi ko sto bese e kako nesto odozdola iznikna prozirno staklo, isece na pola edna krava, avion se udri kako vo nevidliva kupola, pa tuka lugje gledaa deka nesto obvivka prozirna gi zatvorilo, pa kamion se uleta i u toa neidlivata obvivka se zakopa a u isto vreme zakoci kola so vajda glavnite glumci i taka..
Under the dome...одлична серија
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Seven Worlds One Planet (2019)
71rlImcqFJL.jpg

Приказна за нашите седум контитенти, во 7 епизоди. За секој контитент посебно објаснето... со свој терен, посебна клима и живот. Позитивни, но и веќе негативни работи кој мора да се знаат и да се освестиме малце ние, луѓето. Перфектни снимки, BBC + Дејвид Атенборо = Masterpiece!
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
106
Поени од реакции
32
Ако ви се гледа нешто едноставно, романтична комедија што нема да ве избезумува (освен кога ќе ве нервира по малку со непотребни компликации), ви треба „The Hook up Plan“, или на француски - „Plan Coeur“, или, „План за мување“.
Две сезони, 30-минутни епизоди, за три другарки, исповрзани меѓу себе со браќа/сестри/дечковци, ама како друштво, не како французи. Приказната почнува со Елса и нејзината неспособност да се опорави од крајот на нејзината долга врска, па другарките одлучуваат да ѝ најдат - жиголо. Се разбира, за да имаме романтична комедија и две сезони, нема да ѝ кажат дека е жиголо, па Елса ќе се заљуби, па проблеми, па растрчаност по Париз, па…
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не знам колку сте слушнале за Dyatlov Pass Incident. За оние кои не знаат, се работи за мистериозна смрт на 9 руски студенти, под неразјаснети околности, на 2 февруари 1959, на Урал, додека биле во планинарска експедиција да ја освојат планината Отортен. Телата на планинарите биле пронајдени многу подоцна, некои од нив дури и месеци по нивната смрт, раштркани низ планината, оддалечени еден од друг, а километри далеку од шаторот во кој биле сместени, а кој, за да избегаат, го исекле од внатрешната страна, и избегале оскудно облечени, некои дури и без чевли на нозете. Обдукцијата врз телата покажала дека 6 од планинарите умреле од измрзнување, додека тројца имале фатални физички повреди: еден скршеница на черепот, а двајца (од кои една девојка) сериозни повреди на градите. На девојката, дури, и фалеле и очите и јазикот, а и на уште еден планинар му биле откинати парчиња од лицето.

Од тогаш до денес оваа мистерија го привлекува вниманието на луѓето низ светот. Има многу теории за смртта на планинарите, меѓу кои: дека се жртви на воени тестови на руската армија, дека биле расоблечени и умреле од премрзнување заради наводнен феномен, таканаречен „парадоксално соблекување“, дека биле нападнати и бркани од диви животни, или од Манси племето кое живее во село во непосрена близина на планините, или од Јети, или од НЛО (и од нивна страна, а и од други планинари и Манси племето кое живее во непосредна близина на планините биле забележани портокалови топки на небото деновите пред нивната смрт), дека ги затрупала лавина, дека се испотепале меѓу себе заради наводни љубовни несогласувања... Секоја од овие теории е со низа фалинки, зашто иако секоја објаснува дел од мистеријата, не покрива сѐ...

Јас за мистеријата прв пат слушнав летоска, гледав некој документарец за неа, и видов дека има снимено научно-фантастичен филм во 2013, со наслов: The Dyatlov Pass Incident. Го симнав уште тогаш, но го гледав дури пред некој ден, за да ослободам простор на хард диск. Филмот не е за конкретниот инцидент, туку за група од 5 американски алпинисти кои во 2013 заминуваат во Русија за да го рекреираат настанот со руските планинари. Снимен е со found footage техника, која беше доста популарна тој период, и иако е cheesy, и делува тинејџерски наивно, мене ми го задржа вниманието, и бидејќи ме држеше напнат цело време, дури и високо го оценив. А кога го оценував, на IMDB ми се појави дека во 2020 Русите направиле серија, на англиски преведена како: Dead Mountain: The Dyatlov Pass Incident. Мини-серија од 8 епизоди од кои 4 се рекреирање на настанот со руските планинари, а 4 за истрагата по нивната смрт, но не подредени хронолошки. Не пропуштив веднаш да ја симнам серијата и ја изгледав. Прекрасна е! Од глума, до секакви техникалии, сценарио, приказна, кинематографија, сценографија... Буквално сѐ е топ! Затоа искрено ви ја препорачувам на сите.

Инаку, некој швајцарски институт или што и да е во јули 2020 излегол со резултати по опсежно истражување на инцидентот. Мислам дека некаде прочитав дека дури и ексхумирале некои од телата на планинарите. Тие потврдуваат дека всушност ја решиле мистеријата за Dyatlov Pass Incident (наречен така по водачот на групата планинари, Игор Дјатлов). Руската серија е идентична со објаснувањето на Швајцарците, што значи, веројатно најблиску до тоа што најверојатно навистина се случило (иако никој никогаш нема да дознае што всушнот навистина се случило). Затоа, ако сакате да ја гледате серијава, а да не знаете што ќе се случи до крај, ве советувам да не читате ништо. ОК, ќе знаете дека сите умреле, ама нема да знаете како.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мислам еднаш отворив тема за овој инцидент, којзнае кај ми ја пикнаа :D многу мистерија има со таа експедиција, препорака и од мене кој е по Unsolved mysteries материјал.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
На IPT, PTN, Bluetopia, TL, Zamunda, 1337x, RuTracker ја нема серијава ни по превод ни по оргинален наслов. Дајте хинт кај да се бара :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
На IPT, PTN, Bluetopia, TL, Zamunda, 1337x, RuTracker ја нема серијава ни по превод ни по оргинален наслов. Дајте хинт кај да се бара :D
На кирилица напиши, Перевал Дјатлова (ЈА треба да е руското ЈА, како R свртено наопаку). Барај ја така, лесно се наоѓа. Јас за превод мислев дека ќе се помачам, ама за чудо и тоа најдов од прва, на Subscene.
Автоматски споено мислење:

Инаку, еве ја темата - https://forum.kajgana.com/threads/Дијатловата-експедиција.67575/#post-5784876

Има внатре фотографии од експедицијата, како оваа:
1614204404563.png

Ќе видите, во серијата е речиси идентично рекреирана!
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Не знам како Bored to Death ја немам слушнато од никој, ама дефинитивно ја препорачувам ако сакате лабава комедија во не баш ситком формат.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Ајде некој предлог, серии до 10-15еп макс?
Нешто налик на Бенд оф брадрдс. Мислам должината на серијата.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Ајде некој предлог, серии до 10-15еп макс?
Нешто налик на Бенд оф брадрдс. Мислам должината на серијата.
Сите овие ти се мини серии и 90% мистерии ги подредив по квалитет според мене

The Missing (2 сезони различни приказни и актери)
The Night Of
The Haunting of Hill House
Sharp Objects
Unbelievable
Broadchurch (само прва)
The Sinner (само прва)
Top of the Lake

Мојш и некој од поновиве не се нешто нај ама поминуваат
Behind Her Eyes
The Undoing
The Stranger
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Не знам како Bored to Death ја немам слушнато од никој, ама дефинитивно ја препорачувам ако сакате лабава комедија во не баш ситком формат.
Мислам дека ја имав пишано некаде поназад. Особено ми помогна оваа серија пред 2 години некаде кога имав зачестени панични напади. Онака ме опушташе и ми ги тргаше мислите, да речам ми се најде во животов :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Ајде некој предлог, серии до 10-15еп макс?
Нешто налик на Бенд оф брадрдс. Мислам должината на серијата.
Hatfields and McCoys, во главни улоги на господин господин Кевин Костнер и Бил Пакстон.
Ремек дело од серија, објаснета вековната омраза помеѓу две фамилии за време на 1880 години.
Одлична глума, реално прикажана со одлична кинематографија и костимографија.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Не знам колку сте слушнале за Dyatlov Pass Incident. За оние кои не знаат, се работи за мистериозна смрт на 9 руски студенти, под неразјаснети околности, на 2 февруари 1959, на Урал, додека биле во планинарска експедиција да ја освојат планината Отортен. Телата на планинарите биле пронајдени многу подоцна, некои од нив дури и месеци по нивната смрт, раштркани низ планината, оддалечени еден од друг, а километри далеку од шаторот во кој биле сместени, а кој, за да избегаат, го исекле од внатрешната страна, и избегале оскудно облечени, некои дури и без чевли на нозете. Обдукцијата врз телата покажала дека 6 од планинарите умреле од измрзнување, додека тројца имале фатални физички повреди: еден скршеница на черепот, а двајца (од кои една девојка) сериозни повреди на градите. На девојката, дури, и фалеле и очите и јазикот, а и на уште еден планинар му биле откинати парчиња од лицето.

Од тогаш до денес оваа мистерија го привлекува вниманието на луѓето низ светот. Има многу теории за смртта на планинарите, меѓу кои: дека се жртви на воени тестови на руската армија, дека биле расоблечени и умреле од премрзнување заради наводнен феномен, таканаречен „парадоксално соблекување“, дека биле нападнати и бркани од диви животни, или од Манси племето кое живее во село во непосрена близина на планините, или од Јети, или од НЛО (и од нивна страна, а и од други планинари и Манси племето кое живее во непосредна близина на планините биле забележани портокалови топки на небото деновите пред нивната смрт), дека ги затрупала лавина, дека се испотепале меѓу себе заради наводни љубовни несогласувања... Секоја од овие теории е со низа фалинки, зашто иако секоја објаснува дел од мистеријата, не покрива сѐ...

Јас за мистеријата прв пат слушнав летоска, гледав некој документарец за неа, и видов дека има снимено научно-фантастичен филм во 2013, со наслов: The Dyatlov Pass Incident. Го симнав уште тогаш, но го гледав дури пред некој ден, за да ослободам простор на хард диск. Филмот не е за конкретниот инцидент, туку за група од 5 американски алпинисти кои во 2013 заминуваат во Русија за да го рекреираат настанот со руските планинари. Снимен е со found footage техника, која беше доста популарна тој период, и иако е cheesy, и делува тинејџерски наивно, мене ми го задржа вниманието, и бидејќи ме држеше напнат цело време, дури и високо го оценив. А кога го оценував, на IMDB ми се појави дека во 2020 Русите направиле серија, на англиски преведена како: Dead Mountain: The Dyatlov Pass Incident. Мини-серија од 8 епизоди од кои 4 се рекреирање на настанот со руските планинари, а 4 за истрагата по нивната смрт, но не подредени хронолошки. Не пропуштив веднаш да ја симнам серијата и ја изгледав. Прекрасна е! Од глума, до секакви техникалии, сценарио, приказна, кинематографија, сценографија... Буквално сѐ е топ! Затоа искрено ви ја препорачувам на сите.

Инаку, некој швајцарски институт или што и да е во јули 2020 излегол со резултати по опсежно истражување на инцидентот. Мислам дека некаде прочитав дека дури и ексхумирале некои од телата на планинарите. Тие потврдуваат дека всушност ја решиле мистеријата за Dyatlov Pass Incident (наречен така по водачот на групата планинари, Игор Дјатлов). Руската серија е идентична со објаснувањето на Швајцарците, што значи, веројатно најблиску до тоа што најверојатно навистина се случило (иако никој никогаш нема да дознае што всушнот навистина се случило). Затоа, ако сакате да ја гледате серијава, а да не знаете што ќе се случи до крај, ве советувам да не читате ништо. ОК, ќе знаете дека сите умреле, ама нема да знаете како.
Кај ја гледаше серијава? Да пратеше торент нешто, се пукнав барање не најдов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom