Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.885
Поени од реакции
23.476

Unforgotten

Сакав уште кога ја изгледав прва сезона да ја предложам тука, ама викам ајде да ги погледнеме и останатите две.
Еве, откако ја финиширав серијава, можам да кажам дека оваа е една од најинтересните детективски тв драми кои сум ги гледал.

Се работи за решавање на убиства од минатото, а со тоа и откривање на длабоко скриените тајни од минатото на осомничените.
Распаднати бракови, уништени животи, лаги и измами...педофилија, хомофобија, расизам...ништо не фали. :)

Одличен кастинг и предобри споредни улоги. Гледајќи ја серијата, се добива впечаток како да гледаш true crime жанр. Секоја ситуација е реално преставена.
Секоја сезона е засебна и само некои ситни детали од приватниот живот на детективите се пренесуваат во новите сезони.
За сите оние кои се фанови на детективските серии ова е серија која морате да ја погледнете.
Вкупно има 18 епизоди низ 3 сезони со времетраење од 40-45 минути.
Се крчка и 4та. Била најавена за 2020, ама поради Ковид снимањето е одложено, па така премиерата на новата сезона се очекува оваа година.

9/10
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.829
Поени од реакции
30.722
Предлог за Lupin... да се избегне.

Толку бев хајпнат за серијата што после изгледана една епизода нема на кој не ја препорачав. У принцип многу мрзам кога филм/серија се рекреира по книга која е напишана со дејство пред 100 години, едноставно треба да се адаптира приказната за да биде функционална и денес. Карактерот Арсен Лупин, начинот на кој функционирал и неговите акции, можеле само во тоа време да бидат успешни. Серијава има милион дупки во приказната, а исто толку и нелогичности. На кратко би кажал дека серијава е што се може Лупин да направи, а да не го фатат. Па не ме јеби типов у Македонија да функционираше, ќе беше у затвор после 2 дена. И Омар ама ич не ми легна во улогава.

Ако некој го интересираат вакви приказни би препорачал да се прочита книгата. Многу подобро отколку срањево, што за жал ќе оди и со втора сезона.

3/10.
Ја изгледав прва епизода и мислам дека грешиш, серијата не е по книгата...засебна е, главниот лик самата книга го инспирира да стане тоа што е ваљда и затоа е крстена така.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.535
Поени од реакции
29.098
Ја изгледав прва епизода и мислам дека грешиш, серијата не е по книгата...засебна е, главниот лик самата книга го инспирира да стане тоа што е ваљда и затоа е крстена така.
Можеби погрешно се изразив, не е според книгата но инспирирана е од новелите на авторот. Затоа кажав, по самото име и по читањето на книгата очекував многу подобро. После прва епизода и јас имав позитивни импресии, ама почекај да видиш колку е смешна понатака.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318

Unforgotten

Сакав уште кога ја изгледав прва сезона да ја предложам тука, ама викам ајде да ги погледнеме и останатите две.
Еве, откако ја финиширав серијава, можам да кажам дека оваа е една од најинтересните детективски тв драми кои сум ги гледал.
Ептен ми легнаја британскиве The Missing,Broadchurch и Luther, сместа ја стадов и оваа на ДЛ, иначе ги гледал некој овие 2 исто британски серии ептен ги фалат особено првава?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.535
Поени од реакции
29.098
Ми фалеше некоја sci-fi серија на репертоар од коа ја завршив The 100. Денес ја завршив и Fate: The Winx Saga некоја си адаптација на Nickelodeon's Winx Club што врска немам што е. Магии, спасување свет, Хари Потер за сиротиње, ама солидна серија е. Добра приказна, солидни ефекти, и ликовите се ок. Само 6 епизоди од прва сезона, за тепање вишок слободно време е супер.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Предлог sci-fi серии од мене:

1. The Mandalorian - совршенство. Нема да трошам многу зборови за да го фалам пошто верувам мои зборови не му се потребни на шоуво за да останатите ја видат големината. Серијава сериозно ја прави нејасна границата помеѓу филм и тв серија. Се ми се свиѓаше, буквално се. Да почнеме од production design, костими, глума, кинематографија, cgi, приказни, музика, видео едитинг, стрип аутрото беше перверзии, па се до Џина Карано. Со проста реченица на шоуво се радував ко дете кое пека по лего коцки и ти му купуваш цела макета со милион куќички, колички и фигурички. Дефинитвно најдобро нешто што имам гледано од Star Wars универзумот. 10 од 10

2. Snowpiercer - во моментов оди втора сезона, баш вчера се емитуваше втора епизода. Штета што не е на Нетфликс за да може да се бинџа (на ATM е). Моја препорака, глејте го филмот од 2013 та прво, режисер е Бонг Џун Хо инаку режисерот на Parasite, а во тв шоуво мислам дека е извршен продуцент. И филмот и шоуто се базираат на француски стрип од 1982 год. Le transperceneige

1612318150521.png

Стрипот го немам читано, но од она што сум читал по рецензии изгледа и шоуто и филмот доста застрануваат од оригиналната приказна, со тоа што шоуто е можеби поблиску до оригиналот. Јас сум голем фан на филмот и првичната реакција ми беше со кој памет серија за ова ќе прават, од кај ќе најдат толку материјал за дејствие кое се случува исклучиво на воз да го претворат во серија. Но очигледно згрешив. Иако и филмот и серијата генерално ги носи истата главна идеја за социјална и класна нееднаквост, би рекол дека доста се различни помеѓу себе. Филмот нуди повеќе ролеркостер вожња, настаните се случуваат брзо, се е доста посурово, покрваво и пошокантно. Исто и целиот продукциски дизајн и дизајнот на сетовите, како и кинматографијата од филмот ми се допаѓаат повеќе. Но серијата си има свои адути, почнува на еден невообичаено познат, но за мене доста интересн начин, што како вовед е супер се додека не навлезеш некаде до средината на прва сезона. Целово шоу како се одвива почнува да отсликува еден вид на социолошки експеримент или инжињеринг и друга серија на која најмногу ме потсеќа е Лост. Не во смисол на мистериите, туку како луѓето почнуваат да се однесуваат помеѓу себе и да градат кланови и заедници за да можат да се борат за превласт, хинт the others од лост. Други адути се Џенифер Конели и Шон Бин. Капа доле за Џенифер Конели, покрај тоа што е една од најубавите жени на свои 50 тина години, со глумата покажува дека е ѕвездата на шоуто. Сцената со Шон Бин, облечен у бунда, со бастун, а надвор само снег и температура од -100 степена неодоливо потсети на сцената со winter is coming од GOT, верувам на тоа и целеле. :) Шоуво има зачудувачки низок рејтинг на имдб, околу 6.8, и по сите критериуми е потценето. За ваква серија да дадеш помалку од 7 се иде на лекар за да ти проверат сетила. И верувам дека повеќето од ниските оцени се дадени затоа што шоуво спаѓа или е дел од таканаречената woke култура. Алфа мажјакот не е Капетан Америка, туку е Афроамериканец со големи dreadlocks, кој капак на се се впушта и во сексуални интеркурси со повеќе од една белкиња. Така да верувам на доста луѓе тоа им било доволно за да го серат шоуто, има и лезбејки ко шлаг на торта. :) Вреди да му се даде шанса и по мене има голем потенцијал. 8.5 - 9 од 10

3. Love, Dеath & Robots - опис со еден збор - бизарно. Доста истрипано и артистичко како целина, но вредноста му е визуелна уметност во вистинска смисла на зборот. Нуди доста експлицитни сцени поврзани со голотија и насилство. Дури вториот главен збор кој што би го употребил би бил gory со многу крв и отсекување на делови од тела. Доколку sci-fi жанрот беше порно жанр тогаш шоуво ќе спаѓаше во некој покинки и пофетиш поджанр како на пример бдсм. Шоуто има една сезона и е на нетфликс, мислам дека во март годинава излегува втора сезона. Сезоната се состои од 18 независни анимирани приказни, секоја епизода трае во просек од 10 до 15 минути и како што кажав содржината знае да биде вознемирувачка. Одредени епизоди се вистински кратки sci-fi хорор филмови, други епизоди имаат апсурдни приказни кои се отворени за толкување од гледачот, трети се веќе видени приказни со тоа што анимацијата е главниот херој од целото дело. И кога би го препорачувал на некој би го препорачал пред се на сите љубители на визуелна уметност, анимации, цртање, стрипови итн. Ова на нив би им дошло ко еден вид на перверзија. Топ 3 омилени епизоди од прва сезона:

1. Beyond the Aquila Rift
2. The Witness
3. Ice Age / Zima Blue

7.5 од 10

Овие наредниве две не се за препорака ама пошто се зафатив и со нив ќе ги спомнам

4. Lost in Space - визуелно изгледа многу добро, концептите на приказната се сосема солидни, но дијалозите помеѓу ликовите се ко да ги пишувал некој полуидиот. Репликите се ала оние од тинејџ шоуа Хана Монтана и слично. Ја прекинав после 4 ри епизоди. 4 од 10

5. The Expanse - за серијава знам дека прочитав во не мал број на критики дека е едно најдобрите sci-fi искуства кое можете да ги доживеете, има доста висока оцена и постојано фрштат 8 ци, 9 тки и 10 ки на имдб. Ја ко љубител на жанрот кој го конзумира жанрот во било каква форма не видов ништо од тоа, туку мислам дека го имав најдосадното и најспорото филм и тв искуство во мојата скромна гледачка кариера. Ја инаку имам проблем со несоница и шоуво успеа да ме успие на втора епизода и покрај тоа што го гледав со скокање. До таму и останав, односно на 2 епизоди, па ради тоа и 2 од 10.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Па можеби ради тоа и се разочарав, и јас ја имав читано книгата и премногу очекував. Фориве у филмот се толку евтини, што дури и смешни ми беа. Сериозно циган на семафор подобро ме има прелажано отколку ликов во серијава.
Во недостаток на инспирација ја изгледав Lupin и комплетно се сложувам со твоето мислење.
Прво што не ми се допадна е casting-от.. Ликовите се неуверливи и без харизма (можеби новинарката ми беше ок). Приказната неубедлива на моменти премногу наивна и неуверлива.
Искрено, штета. Имаа убава приказна ама дефинитивно лошо пресликано.
3/10
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.489
Поени од реакции
18.129
Ја немам изгледано цела, но по 2 изгледани епизоди немам никаква дилема дека би ја препорачал одма. Вртејќи по канали, одма ми падна око на неа, се гледа квалитетна продукција, квалитетна музика, се на свое место. Не можев да утврдам на кој јазик зборат, на почеток ми звучеше на шпански, ама со примеси на италијански, па прочитав дека е праена на стар, архаичен латински, што е прилично кул.

 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Raised by wolves

Mind-blown. Не постои совршено сци-фи и се појавува шоуво, кое инаку добива некои дебилно лоши критики на имдб (крајот на сезоната бил срање :tapp:). Мистериозно е, мрачно е, крипи и тензично е, се случува на друга планета и она што е најважно - дел е од Alien универзумот :drk:.
Не знам зошто не укапирав порано кога ја видов белата течност која истекува од андроидите после повреда/оштетување хинт Еш од Алиен, па и на крај видов дека Ридли Скот е продуцент и режисер мислам. Мислам дека кога сфатив дека се работи за Space Jokey/Engineer, се надевам дека е баш тоа, ќе скокнев од радост. Колку многу би сакал нивната историја да биде објаснета во серијава ако навистина се работи за Engineers
. Кога би резимирал во кратки црти шоуво е Alien/Prometheus meets Lost па дури и би додал некои делчиња од книгата Времеплов на Х.Р Велс. Само се надевам нема да тргнат по патот на Лост и да се уплеткаат во мистерии за кои после нема да можат да дадат објаснување. Единствена замерка е што cgi то во последна епизода поточно последната сцена изгледаше ужасно, бар по мене. Имам само две желби:
1. Шоуво да не биде откажано по втора сезона поради мислењата на масата која воздигнува шоуа ко The Expanse и Upload, а плука по вакво шоу.
2. Да добијат поголем буџет и да видиме ако ништо друго пристојно cgi во сцените кои побаруваат такво нешто.
10 од 10

Devs

Интересно сци-фи шоу, дефинитивно интересни концепти. Кога почна мислев дека ќе биде по techy ориентирано, нешто ко Mr. Robot за програмери, но излезе сосема нешто друго. Луѓе кои ги интересира теоретска и квантна физика и кои се воодушевени од Dark можда и би сакале да ја погледнат сезоната (има само една сезона). Да се разбереме не е воопшто ко Дарк, туку концептуално се можеби слични. Почна одлично и во најголем дел се држеше одлично се додека последните епизоди или последната епизода се случија нелогични работи кои се тотална спротивност од она што шоуто го проповедаше цела сезона. Тоа малце ко да ми го расипа впечатокот. 7 од 10

Upload

Теле-новела со предзнак сци-фи - ретардирано и неоригинално (san junipero од black mirror). Го баталив после една епизода. 1 од 10

Бонус

Покрај тоа што го чекам Dune годинава, открив дека ќе излегува и ова нешто Foundation кое можеби е и базирано на истоимените книги од Исак Асимов.


изгледа одлично, а јас нестрпливо чекам :)
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.123
Поени од реакции
341
Ги имам гледано Вампирските дневници и сабајле случајно ја почнав Legacies. И во текот на гледањето сфатив дека всушност е некој спин оф на вампириве. Е прогуглав дека тука се и Ориџиналс ама нив ги немам гледано. Да гледам прво Ориџиналс па Легаси или? Каква е поврзаноста?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Ги имам гледано Вампирските дневници и сабајле случајно ја почнав Legacies. И во текот на гледањето сфатив дека всушност е некој спин оф на вампириве. Е прогуглав дека тука се и Ориџиналс ама нив ги немам гледано. Да гледам прво Ориџиналс па Легаси или? Каква е поврзаноста?
Сега гледам дека Legacies е серија за Хоуп Микаелсон, која се раѓа во The Originals.
Значи прво треба оригиналите, после Legacies.

Инаку јас ја почнав и моментално ја гледам The Originals, само заради Ребека:love:, ама не вреди, тешко срање е.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ги имам гледано Вампирските дневници и сабајле случајно ја почнав Legacies. И во текот на гледањето сфатив дека всушност е некој спин оф на вампириве. Е прогуглав дека тука се и Ориџиналс ама нив ги немам гледано. Да гледам прво Ориџиналс па Легаси или? Каква е поврзаноста?
Јас ги гледав The Vampire Diaries и The Originals, но Legacies испадна тешко срање. Само една епизода изгледав и прекинав.
Иначе да, Легаси треба последна да ја гледаш, поврзани се.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Sretnav edna serija kako reklama na jutub, ama go zaboraviv imeto.. Pa sakav da prasam kako se vika, a dejstvieto vo tie 20 sekundi ko sto bese e kako nesto odozdola iznikna prozirno staklo, isece na pola edna krava, avion se udri kako vo nevidliva kupola, pa tuka lugje gledaa deka nesto obvivka prozirna gi zatvorilo, pa kamion se uleta i u toa neidlivata obvivka se zakopa a u isto vreme zakoci kola so vajda glavnite glumci i taka..
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
491
Поени од реакции
439
Sretnav edna serija kako reklama na jutub, ama go zaboraviv imeto.. Pa sakav da prasam kako se vika, a dejstvieto vo tie 20 sekundi ko sto bese e kako nesto odozdola iznikna prozirno staklo, isece na pola edna krava, avion se udri kako vo nevidliva kupola, pa tuka lugje gledaa deka nesto obvivka prozirna gi zatvorilo, pa kamion se uleta i u toa neidlivata obvivka se zakopa a u isto vreme zakoci kola so vajda glavnite glumci i taka..
Under the Dome
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
711
Поени од реакции
1.023
Тотално имам заборавено на серијава Under the dome, имаше голем потенцијал, ама не се ни сеќавам што се дешаваше после почетокот, не ми текнува ни дали сум ја прекинал или завршил, едино памтам дека имаше лоша глума и мех сценарио.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom