Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Хаха 1150 евра квадрат за објект на хартија.
Значи можеш комотно да влезеш во градежен бизнис како голтар со скршен денар. Само ти треба врски во Општина за дозволи и лиценци.

Ќе најдеш пациенти кои за 1м2 продажна цена ќе ти финансираат 4м2 градежна цена. Со првите продадени 4 стана на хартија ти веќе имаш капитал да почнеш карабина. И после ќе тераш додека не го реализираш милиончето. Ќе ти испаднат чисти некој 100-200К, кој ќе ги вртиш на другата маркица :P
Ти хипотетички можеш да влезеш и во бизнис со тендери во Рек, со 1 евро влог ќе имаш 100 како профит. Ама тоа е фантазија, реалноста е друга. Луѓе не можат на својата зграда спрат да кренат, продаваат на фирми во замена за лифт и фасада а не па цела зграда да кренеш.
 
Хаха 1150 евра квадрат за објект на хартија.
Значи можеш комотно да влезеш во градежен бизнис како голтар со скршен денар. Само ти треба врски во Општина за дозволи и лиценци.

Ќе најдеш пациенти кои за 1м2 продажна цена ќе ти финансираат 4м2 градежна цена. Со првите продадени 4 стана на хартија ти веќе имаш капитал да почнеш карабина. И после ќе тераш додека не го реализираш милиончето. Ќе ти испаднат чисти некој 100-200К, кој ќе ги вртиш на другата маркица :P
Хахахахахаха.... Му го прочитав мислењето на сопруг. Ми рече следен пат кога ќе вработува ќе те има во предвид. Да му ги направиш милиончињата, што ќе се мачи како досега.
 
Хахахахахаха.... Му го прочитав мислењето на сопруг. Ми рече следен пат кога ќе вработува ќе те има во предвид. Да му ги направиш милиончињата, што ќе се мачи како досега.
Двајцата не можеме да заработиме колку што ти можеш да потрошиш.
Доволно ти е еден..... засега...... :P
 
Хахахахахаха.... Му го прочитав мислењето на сопруг. Ми рече следен пат кога ќе вработува ќе те има во предвид. Да му ги направиш милиончињата, што ќе се мачи како досега.
Не дека е далеку од вистината.
Единствено нешто каде не може да знаеме точно колку кошта се: парцелата (без да се види купопродажен договор) + митото кое го даваат инвеститорите на: градоначалник, главен на урбанизам, општинари, катастар.

Уште попроста математика за големиве згради кои ги градат: 4 станови на кат, просек по 50м2 (200м2) * по мин 200 евра заработка после сите давачки (не верувам дека е под 450 од тоа што ги гледам цените) * 8 катови (ги земам во обзир овие новите што ги прават во Аеродром/Карпош, за малите што се прават по периферија ни парцелите не се толку скапи = 40к по кат или вкупно 320к чисти (места за паркинг, деловни објекти, поскапи станови и сл. да не ги земам воопшто во обзир).
Се ова е на апла минимална заработка во која може да верува само некој што не го познава градежниот бизнис во метрополата ;).
 
Од што испокренаа згради кај стигнат, кога возиш по Илинденска и Иво Лола Рибар (макар што од оваа улица бегам како ѓавол од темјан) мораш да мислиш и за тој пред тебе да не му текне одеднаш да сврти десно затоа што му пробиле патче до зградичката. Ни знак за улица, ни ништо.

Инаку се ќе сфатам ама нема да ги сфатам овие што купуваат станови во згради кај што тераса до тераса сте со тој карши, уште да пукне да си правите секое сабајле. Приватност како во затвор ама хеј, важно се` му е на 5 минути.
 
Двајцата не можеме да заработиме колку што ти можеш да потрошиш.
Доволно ти е еден..... засега...... :P
Богами во периодот додека лежев дома 24ч на ден, потрошив скоро се што имав на картицата за секој ден остаено, па ја начнав и неговата :D Виде не виде ме пушти да се симнувам до дневна накратко.

Шала на страна, без добар влог не можеш ништо. Никој без одобрение не ти дава пари бидејќи без одобрение не можеш да земеш лист за предбележување и аЛтоматски не можеш да поднесеш за хипотекарен и аЛтоматски не можеш да купиш стан. Еве ви одогвор од инвеститор кој моментално гради 2 згради низ Скопјево.
 
Со оглед на тоа колку се ефтини кириите во скопје, будала е оној што ќе купува стан за 1200 еуро квадрат.
 
Те молам образложи пошироко, да знам бар зашто сум будала :)
 
Со оглед на тоа колку се ефтини кириите во скопје, будала е оној што ќе купува стан за 1200 еуро квадрат.
Споредено со висината на платата и не се баш така ефтини, долгорочно гледано и ако немаш идеја како да ги инвестираш парите се исплати да купиш.

Те молам образложи пошироко, да знам бар зашто сум будала :)
Будала е тежок збор и несоодветен во оваа конотација, твои се парите, ти одлучуваш како ќе ги менаџираш.

Јас поголемиот проблем го гледам како се одлучува човек да инвестира и да фрли котва во ваква вукојебина (особено луѓе со одредени скилови кои надвор може да се прилагодат многу брзо).
 
Со оглед на тоа колку се ефтини кириите во скопје, будала е оној што ќе купува стан за 1200 еуро квадрат.
Ако со парите од киријата ја плаќаш ратата за станот, будала е тој што парите му одат во ветер..
 
Финансиската писменост кај нас е нула. Побарајте buy or rent calculator на нет внесете вредности видете го резултатот. Во основа ако киријата која би ја платиле за 20 години е помала од сегашната вредност на станот, поефтино е да се плаќа кирија него да се купи.
 
Јас поголемиот проблем го гледам како се одлучува човек да инвестира и да фрли котва во ваква вукојебина (особено луѓе со одредени скилови кои надвор може да се прилагодат многу брзо).
Луѓе со одредени скилови кои надвор може да се прилагодат многу брзо и да заминат ќе зимаат доволно пари и да го отплатат станот во вујобенива за брзо време. Ако со една нога е тука , а со друга во странство и сака стан овде тогаш се зима помал стан во центар или пак ако е фамилијарен човек зимаш поголем стан на добра локација каде што можеш да го продадеш за брзо време.
 
Финансиската писменост кај нас е нула. Побарајте buy or rent calculator на нет внесете вредности видете го резултатот. Во основа ако киријата која би ја платиле за 20 години е помала од сегашната вредност на станот, поефтино е да се плаќа кирија него да се купи.
Многу глеате филмови од запад. Становите во Македонија се купуваат за цел живот а не за 5,10 или 20 години за да праиш рент бај калкулатор. Бидејки практично од Скопје нема каде да мигрираш.
Автоматски споено мислење:

Споредено со висината на платата и не се баш така ефтини, долгорочно гледано и ако немаш идеја како да ги инвестираш парите се исплати да купиш.


Будала е тежок збор и несоодветен во оваа конотација, твои се парите, ти одлучуваш како ќе ги менаџираш.

Јас поголемиот проблем го гледам како се одлучува човек да инвестира и да фрли котва во ваква вукојебина (особено луѓе со одредени скилови кои надвор може да се прилагодат многу брзо).
Кој планира да се сели или е у преодна фаза нека му ја рачуна. Ама да му кажеш на некој дека е будала зашто пре би купил стан него да го рента е друг муабет. Киријата не е воопшто ефтина, практично е за ист стан е еднаков на ратата од кредитот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom