Реално, тешко срање е екипата, веројатно на рамниште на онаа од првата полусезона во 2010/11. Мирчевски е одличен играч, Шиле нема душа за повеќе од 45 минути, а тука е и Фичо Петковски, кој можеби би придонел нешто ако има креативци во тимот, вака не знам...
Најденов е добар со топка, но исто така е нема никаква кондиција. Премногу првотимци заминаа и тоа подобрите. Без Матеј, Попзлатанов и Мицевски ќе биде многу тешко. Загубивме двајца играчи кои исто така беа подобри од овие кои ги имаме, а тоа се Мартинага и Чарлстон. Да, не беа најсјајни и не се незаменливи, но во ситуацијава ќе ни беа од корист. И Мики Петровиќ не го спомнав. Во нормална ситуација немаше ни да го споменам, ама вака губењето на секој еден искусен играч е ненадоместлива штета.
Згора на тоа го загубивме и најнадежниот помлад играч, Стојчевски.
Што имаме на располагање?
Илиќ и Игески на голот, двојка со сомнителен квалитет. Во одбрана остана Велковски, а веројатно тука се и Радуловиќ и Ѓурковски. Not good, not bad во ситуацијава. Не знам со каква формација би играле, ама претпоставувам дека би имале и два поофанзивни бека, со тројца централни бекови. Едниот сигурно ќе биде Лазаревиќ. Солиден играч во ситуацијава, но штета што ќе мора да го трошиме во дефанзива. Не знам на која страна би играл, во зависност од изборот на другиот офанзивен бек. Веројатно таа улога ќе му падне на Давид Велковски, кој не ме убеди дека е материјал за прва лига. Средината е преслаба. Освен Најденов кој знае да игра со топка, не знам што ќе правиме. Не ни знам кои се можните избори. Остана ли Фитор Реџепи со Далтонскиот брк? Тука се и оние Парталко и Петејчук кои ми се тоталка недефинирани играчи, дури не можам ни конкретно да кажам на која позиција играат.
Ќе видиме како би биле искомбинирани Мирчевски/Блажевски/Петковски во нападот, али со сигурност некој од нив ќе игра на неприродна позиција. Немаме играчи ни за една целосна прва постава да се направи, каде што секој би играл на своја позиција.
Од младиве ниеден не познавам. На сликине ми личат на ептен жални, уште влакна на брадана не им расте. Сигурно уште тик токови си снимаат за да ги воодушеват девојките во средно. Остана ли на Хаџиевски внукот барем?
И се' ова надополнето со тренер како Џиџи.
Јас сум мртов сериозен дека Грне, Глигоров и Фичо Ивановски треба сериозно да размислат да заиграат полусезонава...