Човекот е сличен на една запрежна кола, која има кола , коњ, возач и газда. Умот е шоферот, емоциите се коњот, телото на човекот е запрежната кола, свеста кај човекот е газдата на пајтонот. Умот е тој кој што управува со човекот таков како што е. И шоферот на пајтонот е тај кој што управува со истиот. Човекот цело време се труди да тие внатрешни промени кај него, таа борба помеѓу „да“ и „не“, да ја направи само со промена на начинот на мислење. Муѓутоа таа промена само во умот не е доволно, бидејки промената на мислењето е лесно но не не води до целта. До целта се доваѓа со промена на другите два дела од човекот. Тие два дела, телото и емоциите, не сакат да чујат за промена. Исто и кај пајтонот, ако шоферот не се грижи за колата и за коњот, можат лесно да дојде до кварови на делови од колата, и да се случи коњот да не го слуша шоферот ако истиот не се грижи за него со правилна исхрана и одмарање на истиот. Шоферот исто така требе и да го дресира коњот, за да тој може да го слуша и правилно да ги извршува командите. Меѓутоа овие два дела кај човекот , емоциите и телото, ниту имаат меморија , ниту сакаат да го слушаат умот. Така и коњот и колата, не можат правилно да ги обават своите функции затоа што шоферот не се грижел за доволно за нив. Јазикот на кој зборува шоферот е неразбирлив за коњот, тој не е правилно запрегнат со уздите и затоа не ги изведува правилно командите. Исто е и за колата, ако шоферот не знае како се понаша колата во кривина, ако не ги замене на време гумите ако се излижани, колата нема да ги слуша командите на шоферот. Нашиот ум воопште не се грижи за нашето тело и за емоциите. Тој е исто како и шоферот на пајтон седнат во кафана и само си фантазира дека работи. Затоа не е доволно да се работи само со умот ака се сака да се постигне нешто во таа внатрешна борба, него требе да се научи да се работи со сите делови од човекот, само така ќе се има една целина.
Човекот, како сложена целина, овие четири дела требе да ги поврзе како што требе. Кај некого тие се слабо поврзани , кај некого воопшто не се поврзани помеѓу себе. Кочијата требе да биде поврзана со коњот, и тоа цврсто. Коњот требе да биде поврзан со возачот преку уздите, значи полабаво со можност да се променува правецот, возачот требе да биде поврзан со газдата преку гласот и командата. Значи, возачот треба да го разбира јазикот на газдата, требе да знае како се управува запрежната кола и како се управува со коњот, како да ги поврзе уздите на коњот. Коњот требе да биде добро спрегнат со колата, таа спрега требе да биде доста цврста. Значи, сите овие спојки треба да бидат како што требе за да колата функционира како што требе. Исто така и кај човекот, неговите тела требе да бидат правилно поврзани кај него за да функционира како што требе. Ако само една од овие спојки не е како што требе, нема да биде целина, нама да може да функционира како што требе. Требе да обрне внимание не само на центрите кај него, него и на спојките, кои ќе овозможат правилна функција на тие центри. Возачот е мозокот кај човекот. Како таков тој мора да биде буден, да биде способен да ја одржува целата кола, да внимава на тоа да се фунцкионира се како што требе. Како прво требе да го разбира јазикот на газдата, за да разбере што очекува газдата од него. Требе да се грижи за коњот, да го нахрани, да го одмори кога требе, да го напои да не биде жеден, за да биде спремен кога ќе тргне на пат. Требе да знае правилно да го спрегне, за да може да го контролира правецот во кој тој сака да го води. Коњот е емоциите кај човекот. Мозокот кај човекот , требе да научи да ги контролира емоциите. Ако коњот не е најаден ако е жеден, ако не е одморен, тој нема да ги исполнува наредбите на возачот. Коњот е поврзан со кочијата, така и емоциите се поврзани со нашето тело. Тие го водат нашето тело. Кошијата исто така требе да биде одржувана од возачот. Тој требе да се грижи да нема пукната гума, да ги замени ако се излижани, да замени некој дел ако има скршен. Мозокот е тој, заедно со емоциите што го управуваат физичкото тело. Свеста кај човекот е газдата на пајтонот. Таа може да ги контролира сите други центри кај човекот, муот, емоциите и физичкото тело.