Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Како што пишав пред некој ден, трите утакмици против Волвс, Вила и Лидс ќе покажат за каде сме оваа сезона. Еве нема потреба да ја чекаме утакмицата со Лидс, доволно се покажавме, 8-то место ќе ни биде премија сезонава, нека заврши што побрзо.

Баш ни се исплатеше тоа што сами себе се отпаднавме од ФА купот ;)

Артета е под огромен знак прашалник, јас би почекал да видам до крај на сезона, и искрено не знам дали да му се даде и кратко почетокот на наредата, зависи од тоа какво лето ќе имаме, но дури и да остане и наредната сезона, се друго освен летечки старт треба да значи за него аут од клубот уште во септември.
 
Само трофеј во ЛЕ ќе му донесе кредит. Има нешто посебно во него, ама никако да проработи. Дури се мислам дека под Емери бевме поконстантни.
 
Дури се мислам дека под Емери бевме поконстантни.
Искрено, со Емери немавме никаков систем, година ипол не знаевме што е поентата со тимот, ни па што сака да направи. Не викам Артета нешто е подобар од Емери, ама се гледа од авион дека имаме некаков систем и дека имаме некаков карактер. Има структура во игра и јасно е тоа како сака да играме. Егзекуцијата е слаба...Артета има мислам најлошата среќа за тренер почетник.
 
Најчудно ми беше влегувањето на Вилиан, прво го измести од колосек Пепе кој беше солиден лево, после го немаше никаде десно, а истовремено ја умртви левата страна со Вилиан кој буквално не погоди ниеден центаршут ниту даде добар пас.

Зошто кога го извади Парти не го стави Себаљос ми е чудно, ај Елнени не беше логично за бркање резултат, но Себаљос беше пологична замена отколку Вилиан, тогаш ЕСР или Одегард ќе одеа десно, Пепе ќе си останеше лево.

Ми се чини дека Себаљос е отпишан веќе од тимот, со оглед дека не верувам дека ќе го купиме на лето.
 
Ја се мислам дека Вилиан има во договорот одредена минутажа што мора да ја игра. Не верувам дека Артета до толку слепо и наивно ќе верува на играч што констатно го разочарува.
 
Измената на Вилиан не уби тотално.

Башка откако искочи Парти се распадна и средината, неможевме да пренесеме топка.

Прави грешки Артета, далеку од тоа дека е перфектен, ама мора да се согласам дека има и страшно лоша среќа.

Е сеа за Вилиан не знам зашто игра, али со константно играње на Вилиан ќе го навлече гневот кај навивачите, и ќе почне да се ствара пак таа токсична атмосфера. Мора летово да се ослободиме од него како со Микхтаријан што напраивме.
 
Дечки никој ли нема да го пофали Рајан голманчето? Одличен беше, си нема врска голот што го прими, во неколку наврати се покажа дека е голман кој не избрзува, добро проценува топки, добро се поставува и има добри рефлекси. Делува стабилен и доволно цврст во воздушни дуели. Јас сум задоволен од неговото деби. Мислам не е мачка како Мартинез или Лено (Мартинез денес што му скина на Џака...) ама е одлична опција за втор голман.
 
Нема шанси да се отарасиме од Вилијан. Типот не ти мрда од Лондон, па што сака нека е. Мислам дека он и Луиз имаа некаков си ресторан едно време. Фудбалска кариера и трофеи им се некако во втор план, да не речам во никаков план.
 
Дечки никој ли нема да го пофали Рајан голманчето? Одличен беше, си нема врска голот што го прими, во неколку наврати се покажа дека е голман кој не избрзува, добро проценува топки, добро се поставува и има добри рефлекси. Делува стабилен и доволно цврст во воздушни дуели. Јас сум задоволен од неговото деби. Мислам не е мачка како Мартинез или Лено (Мартинез денес што му скина на Џака...) ама е одлична опција за втор голман.
Од тие дебитантски настапи веќе не проценувам кој колку го бива, по случајот со Мики и Вилијан :(
 
Секогаш кога некој ќе пише следните три очекувам 9 бода секогаш се посеруваме. Добро до толку не научивте дека нема веќе сигурни бодови?
Па не е прв пат ова да се случи па ај не сте очекувале. Доста со прогнози веќе...

Во врска со Артета. Верувам дека има капацитет за голем менаџер, само оставам вермето да покаже и му фали искуство. Сепак позитивно ме изненадува начинот на кој се справи во кризата. Верувам беше бојкотиран од некои играчи али мушки го издржа тоа и покажа сепак дека не е некој со кого може да се заебават. Искусни менаџери го јаделе дебело кога доаѓало до такви ситуации. Грешките му се поради неискуството но ми се свиѓа што не оди со главата во ѕид и гледа да се корегира. Може да се каже дека дојде во “распаднат“ тим со преплатени глумци и гетоа кој беше во страшен пад. Мислам дека максималниот пад го амортизираше и ублажи одлично и најбезболно што може. Оваа година не ни очекував некој успех иако како фан е нормално да се надевам на повеќе. И уште една не очекувам некој голем успех. Се прави ремонт голем се чисти сето непотребно и се бара за минимално да се направи максимално. Знам ќе ми реплицира некој за Вилијам али тоа е што е никој не е совршен а и што се се случува позади не знаеме.

Последниве неколку натпревари почнувам да гледам некој карактер во екипата, некаква идеја иако во многу случаеви и немавме среќа. Но доколку се држат на таа патека и не потклекнат на предизвиците очекувам за макс 2 години да се вратиме тамо каде што ни е местото меѓу најдобрите.
 
Секогаш кога некој ќе пише следните три очекувам 9 бода секогаш се посеруваме. Добро до толку не научивте дека нема веќе сигурни бодови?

Јас кажав такво нешто, не се сеќавам дали прогнозирав или велев дека ни требаа 9 бода за да имаме шанси за топ4/6. Јасно е дека нема сигурно бодови, но овие два порази покажаа дека сезонава повторно нема што да бараме ништо освен пласман на средина на табела-горе-долу.

Инаку се согласувам со делот дека последниве утакмици полека личи како да имаме концепт и игра, реално не сме некој тим ама не ебаа ептен и повреди и судиски одлуки, Парти и Тиерни ни е клучни играчи, еден куп утакмици играме без нив, еве го Тирни од претпазливост не играше една утакмица, после тоа го нема уште на пет утакмици, ептен претпазливост, Парти пак ќе пропушти неколку наптревари, не дај боже и нешто полошо да е.

Клучот беше што Артета сфати дека треба да игра со 10-ка, ЕСР тука придонесе многу, но и он како да се премори и да падна во формата, затоа со Лидс мислам дека Одегард дефинитивно треба да добие старт, изгледаше доста солидно вчера, нека одмори ЕСР малце, сепак не треба да се прегори од играње.

Но, во никој случај не треба на Артета да му се даде неограничена доверба во наредните две сезони ако продолжат овие резултати, премногу порази имаме, огромен процент на изгубени утакмици е тоа, затоа и вчера реков, ако тргнеме пак топло-ладно и другата сезона нема веќе оправданија, под услов да се донесат квалитетни играчи, секако дека со овој тим како што е сега, 6-то место е максимум според мене.
 
Не беше за тебе имаше неколку такв изјави не само тука и на фб групата прогнози. Не ми беше наменето конкретно кон некого затоа што повеќе имаше такви.

За доверба на Артета видете Клоп на почетокот како играше кој беше далеку подокажан од Артета. Најмногу кај Артета ми се свиѓа што мислам дека успеа да ја среди соблекуалната а ако немаш добра соблекуална тогаш најдобрите фудбалери имај ги се ти е џабе. За тактичар ќе видиме нека направи тим он што го сака па ќе судим тогаш, се додека не направи тим по него не му замерам многу.
 
Рубе Диаз доби само жолт за copy-paste прекршок. Не ни пробуваат да скријат веќе колку само не јебат со судиски одлуки. Јас сум милион % сигурен тоа Мартинез што му го направи на Лаказет, да беше играч на Утд или Ливерпул ќе се свирнеше пенал. Чичко Венгз што јадеше долги години гомна за судиите ни се враќа сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom