Moжам да се кладам дека една од причините заради која сме ја одбиле рускава, е вољата на извесен процент на наши сограѓни.
... каде позади нив седи уште поголем процент на светски „граѓани“, оти овие спомнативе наши сограѓани се само нивни слуги и кодоши,
... морам да кажам дека вака не се решава светска криза како пандемијава со SARS-CoV-2 вирусот, кој како ќе му текне прави вакцина, кој како ќе му текне ја дава, па не ја дава, не дозволува друг да ја производи, да се дозволи на светско ниво ваква поделба и селекција кој ќе биде повластен со подобра вакцина со 95% заштитеност или со послаба вакцина со заштитност до 50% !
... така апсолутно не се решава светска пандемија, ова ми личи на лечење по селски атари, геополитички интереси влезени во начинот на лечење и избор на вакцина или забрана и селекција која може која не може, каде не се гледа интересот на човекот во глобала, затоа прашање дали воопшто заслужуваме да прекине пандемијава и нема да прекине додека не се гледа подеднакво на сите страни на светот со иста вакцина со ист третман со исти лекови, без да зборува парата и геополитичките интереси,
... грешката на прво место е од промашениот СЗО кој денес е само една издувана здравствена организација без акција, без идеја, без консолидација (обединување), СЗО треба да биде -кординатор на светското здравје, тој требаше да ја организира и пандемијава и производство на вакцината на светско ниво, да одреди САМО ЕДНА ВАКЦИНА со која ќе се вакцинира популацијата и да нареди производство на повеќе места во светот на истата, а не да има монопол Фајзер, Модерна или Зенека, па нема време, нема капацитет, што значи тоа маалски ќефови? па секој да си производи сосптвена вакцина?
... се зборува за светска пандемија, вакцината треба да биде достапна на сите страни на светот без разлика ако таму живее Кунта Кинте, Меркел, Бајден или Јети, а не низ цел свет различни вакцини, различен приод на лечење, различни податоци на заболени, различен критериум на запишување на податоци за смртни случаеви, инфицирани, целосно каша попара- вака не се решава пандемија жалосно за 21 век- неспособни!
... јас би ги прашала што со бегалците? дали некој спомнал што се случува со милиони бегалци таму ваму низ Грција и Турција? таму нема ли SARS-CoV-2 вирусот? што се случува со нив, тие не се луѓе, не спаѓат во пандемијава?
...секој ден се „измислуваат“ ефикасни лекови против SARS-CoV-2 вирусот, а истите пронајдени и користени за други индикации, дали некој се прашува што со повлечени големи количини на лекови кои чудо прават како хлорохин (Chloroquine), дексаметазон (Dexamethasone), азитромицин (Azithromycin), ивермектин (Ivermectin), ремдесивир (Remdesivir ), авиган (Favipiravir), тоцилизумаб (Tocilizumab) и сите тие платени пари за количини кои веќе не се применливи поради различни несакани дејства, опет појела маца, а тие лекови правец Дрисла, ама на светско ниво некој трие раце од лесно спечалени пари!
...СЗО е во хаос, како мува без глава, цел свет поради некооринираност најмалку ќе се справи со пандемијава, а со нив во тој хаос се вртиме и ние дополнително поради неспособни лица поставени на осетливи места во здравствениот ситем поврзан со желбите на политичарите ...така да барем сега за сега, ако Природата не ја среди сама работата, ништо од нас нема да биде, човечкиот род отиде„ у ку-рац“ така простачки да се изразам, поради чемер во душава!