Кој е вашиот животен сон?
Секој од нас си има нешто во мислите кое за него е идеално исполнување на својот живот,,или можеби нешто кое потајно посакува да го постигне.Постојат луѓе кои таа своја цел се стремат да ја остварат,, како и има и такви за кои тоа останува само пуста желба...
јас на пример,отсекогаш сум посакувала да учам и да бидам позната модна дизајнерка,,но едноставно поради околностите се одлучив дека сепак ќе учам друга професија,,која исто така ми е ептен драга и ја сакам,,но секако не е мојот животен сон..тука требаше да избирам помеѓу сигурната иднина и професија која кај нас воопшто не е развиена ,,и поради разумни факти го одбрав првото,со што со второто се занимавам во слободното време како хоби....Но темава немора да се однесува конкретно на професијата,како во мојот пример, сепак насловот кажува се.......Можеби прашањево звучи малку глупаво,,но кога ќе погледнете поубаво ќе сфатите дека секој од вас има доообар и доволно долг одговор на истото.........па, почнете:smir: