Исто така пред некое време ја отворив и Телеком МК апликацијата, и бев пријатно изненаден кога видов дека на цело го смениле дизајнот.
Браво Телеком, одлична работа и продолжете така.
Никој не побара, ама ставиле и црна тема, што е добар бонус, одлично направено и јас сум задоволен.
Исто и повеќето багови кои што ги имаше сега нема ништо. Ееее пред 3 години нејќеше ни да се упали апликацијата, а еве ја сега со нов дизајн и 0 багови.

И плус сега сметката се намали, од кога го намаливме бројот на мајка ми, и од кога ги откачивме за интернет и max tv.
Неотел плаќаме околу 1,000 денари, па 2,600 +1,000 ќе му дојде 3,600.
500 денари поевтино плаќаме, за разлика од претходно кога плаќавме севкупно 4,000 со се интернет 60/60 и MaxTV.
Ама NeoTV си има предност што е Android Smart IPTV STB. Претвара стар телевизор во паметен телевизор.