Епа после некое време, проблемот се појави пак.
Требаше по неколку пати од SIM 1 во SIM 2 да сменам, и морав даго рестартирам телефонот секоја пат кога ќе ја сменев позицијата на SIM картичката.
Но ми дојде преку глава, и еве денес после 8 години, си ја сменив SIM картичката. Претходниот PIN код сеуште на памет го памтам lol.
Старата SIM картичка беше сечена, лепена, низ што не поминала.
Новава кога ја ставив пробав тест повик, и човече толку брзо, немаше ни секунда што пробав на 122 да свртам, со ова VoLTE и новата SIM картичка, лудилоооо. Сега очекувам и побрз и постабилен интернет, и секако претходните проблеми да не се појават пак.
Се на се сум задоволен. И на сите би ви препорачал, особено ако имате нов телефон, а стара SIM картичка, не се обидувајте да ја кратите, или слично оти ќе се зезнете на цело. Другарче пробал да ја скрати, еве го сега нема 4G мрежа, може само 3G мрежа да фаќа. Новите картички плус се модуларни, ги има во сите големини.