- Член од
- 19 ноември 2020
- Мислења
- 2.524
- Поени од реакции
- 9.405
Jа изгледав оваа Кика Авира сега. Иако не ја ни знаев која е , но и во старт и мене не ми е баш омилена како што велиш.Ја слушав и јас Кика, што очигледно на форумов не е баш омилена.
Се супер што ете кажува, само ме нервира фактот што упорно кажуваше дека требало да се споделуваат слични приказни. Приказни се нешто што си измислуваш, јас бар некое трауматично искуство не би ко крстила прикаска.
Мислам дека повеќето доволно сме проживеале низ студентските денови и доста имаме и видено за да сфатиме дека оваа ти е attention whore и bandwagon и дека ова што го збори дека била искористена е тотална глупост. Не била во состојба да каже да ниту пак не. Имала one night stand (вајда) со некој друг што е бил исто пијан ко неа и сеа дочекува момент со моменталната ситуација тоа да го претвори во трауматско искуство се со цел да привлече внимание. Некако не ми делуваше многу потресена во видеото, заради вакви доста народ не ги сфаќа сериозно оние што се стварно сексуално злоупотребени.
Една пријателка ми раскажуваше за нејзина другарка зашто била членка во групава, рече дека била членка од скоро со цел да ги разоткрие овие и да ги спамаат заедно со други девојчиња со цел да се откажат од групава. И поверував дека тоа е вистинската причина , а не да видат кој познанички ги има или пак дали нив ги има
Месец - два наназад кружат експлицитни видеа низ Кавадарци за нивни сограѓанки од тиквешијата. Не ги видов, туку ми пратија статус пред месец и нешто на една наводно што ја имало на видеата каде негира дека не е она на видеото туку некоја која многу личи на неа. Ова ме натера да посумњам дека и групава не е од скоро туку сигурно е неколку месеци и дека тие видеа се најверојатно таму ликнати.
Тие педофили во групата што пуштале слики од малолетнички све треба да се стрпа во Идризово за да им знае газот од разно разни загорени багабонти, автохтони и неавтохтони од зад карпатите криминалци. Уште не ми е јасно како машко препраќа видеа што ги има снимено со некоја. Моралниот и социјалниот распад на земјава не е од скоро, туку со интернетот стана поочигледно и го забрза.