Те разбирам, но дали разбираш дека има КАДЕ да побараат заштита?Covek razbiras oti zenite nemaat fizicka sposobnost da se odbranat?
Da, obrnuvaat vnimanie oti im se uklucuva alarm za opasnost.
Ne ocekuvam deka ke razberes, ama ne gledaj se od tvoja perspektiva.
Постојат институции. Постои фамилија, постојат другари.
Немој да ми кажеш дека ќе генерализираме со бранење феминистички ставови само заради тоа што жените во момент на паника мислат дека е кој знае која опасност ако некој им свирне по пат.
Опасност е некое говедо да те нападни, да.
Опасност е да се обиде да те силува, да.
Опасност е да ти провали дома, да.
Но тоа се аномалии кои немаат врска со темата, ниту пак со генерализирање можеме да дојдеме дека женските се незаштитени, дека овој свет е по нив опасен и дека ние машките тоа не го сфаќаме.
Верувај сите имаме женска челад по дома, го сфаќаме и тоа како добро. Но не паничење по секоја цена, давање на внимание на секоја будала која не ја заслужува твојата одземена среќа во тој момент затоа што таа е чиста несреќа и живее за моментот да оди на улица и да свирни по некое девојче или во диско да замара некоја на шанк.
Се знае со таквите како, има и за тоа лек, но не е вредно за внимание.
И да, во свет кога половата рамноправност е истакната од било кога порано имам едно прашање: Зошто не научите да се самозаштитите?
Знаеш физичката сила не е пресудна, барем не за да се одбраниш во прв момент ако си нападната.
Зошто мора да барате секогаш закрила кај дечко, маж, брат?
Утре ќе имаш деца, со децата ќе излезеш во парк... ако дојде некоја пијана будала да ти чачка деца ќе титкаш кај мажот ти или врат ќе му скинеш?
Сопругата моја, инсистираше едно време да научи да ракува со огнено оружје.
Од идејата знам дека и ден денес не се има откажано, но сепак здраворазумски знае дека не е дотаму стигната работата за да мора тоа сега да го прави и научи.
НО, знае колку толку да се одбрани ако ја нападнат.
Што ги спречува прогресивните госпоѓи или госпоѓици на темата да се физички активни, да не се по 200 кила, да можат да истрчаат ако треба без проблем 200 метри, да можат да примат удар, да можат да зададат удар, да можат да направат било што во свет во кој само кукаат за рамноправност а истата ја бараат на тацна - како и вниманието.
Не сакам да бегам од темата, длабоко одиме офтопик или можеби не бидејќи работите се поврзани една со друга во поширок спектар ако гледаме, но сакам да ти потенцирам дека те разбирам и ти ја разбирам загриженоста. Сепак паниката верувај не е никогаш решение, како што не е и насилството.
п.с. да знаеш само што можеш ти на твои 20 и кусур со 50 и кусур кг да му направиш на некој од 30 и кусур со 100 и кусур кг маса на него не би се плашела толку од можни исходи за тоа дали некој ќе те штипни во диско или не.