Еден од најтрагичните моменти во ситуацијава е како тоа луѓето се однесуваат како да сексуалноста и сексуалната експресија е нешто „лошо“ или „неморално“. Како тоа голотијата е нешто неморално? Кога се раѓаме, се раѓаме голи, зар не? Тоа е нашата природна и автентична состојба, зар не? Разбирам дека облеката е дел од цивилизираното општество, но колку што е тоа дел, толку е и голотијата! Мизерен е обидот да се бега од сопствената природа на експресија на голотија и сексуалност и баш поради тоа генерациско сексуално репресирање се случуваат вакви настани во кои мужи од 40 години дркаат на слики од 15 годишни девојчиња! Па добро, веројатно до некаде е и природна селекција тоа што не виделе вулва во животот. Настрана од тоа, за да се справат со болката од тоа што не можат да ја имаат девојката која се сликала (па и било која девојка, макар и до гуша закопчана), користат рационализаци како „курва е“ и ред други погрдни зборови и коментари како одбранбен механизам да си докажат и оправдаат на сами себе дека таа девојка не е вредна, за да не се соочат со своето чувство на ниска вредност и полова инфериорност. Имаат проблем, само треба да увидат дека имаат проблем и да сакаат да се променат.
Понатаму, постојано се даават дупли пораки кон жените, не само од мажите и од општеството општо. Од една страна, разголувањето е пожелно и барано, се смета за нешто модерно и кул, се смета за нешто што е значајно за тоа да се биде привлечен на социјалните мрежи, секаде го има, по билборди, реклами, а на социјални мрежи па да не зборувам, особено од „инфлуенсерки“, чија главна поента е influence - да влијаат врз популацијата со својот стил, начин на облекување и себепретставување. Истовремено, за разголувањето се добива контрарната порака дека е „курвинско“, мажи јадат гомна по јавни групи, се пренесува пораката дека жените се помалку вредни ако не се закопчани до горе, дека разголувањето и експресирање на сексуалноста е „неморално“ и имплицира дека ако девојка се сликала во купаќи дека спиела со цел град итн. Со оглед на тоа колку е кревка колективната психолошка свест, не само на помладите туку и на постарите генерации, ова прави огромна штета во поглед на себепоимањето и развивањето на зрела сексуалност.
Жените, како и секој друг не само човек туку суштество на планетава, сакаат внимание! Нема ништо погрешно во барањето внимание, буквално не би можел никој од нас да постои без внимание. Проблемот е што постојано се даваат контрадикторни пораки и логично е дека при таква збунетост ќе се извештачи и до некаде изопачи сексуалната експресија, како што се случува за било што кое ни е толку значајно, а во кое се измешани толку различни емоции и паралелно постоење на контрадикторни ставови и добивање на толку различни осуди од средината. Нема ништо погрешно во барање сексуално внимание, на повеќето луѓе примарна биолошка и социјална функција им е наоѓањето сексуален партнер.
Тука има и други поенти што можат да се надоврзат, како економскиот момент (инфлуенсерки, онлифанс), генералната осаменост и сексуална отуѓеност на популацијата (видлива по конзумирањето на порнографски материјали, кои дополнително ја извитоперуваат сликата за интерполовите односи), сексуалната репресија поради некои извитоперени социјални стандарди, донесување причинско последични констатации помеѓу аспекти на живеењето помеѓу кои не постои реална каузалност, а многу веројатно не постои ни поврзаност итн.
Да не должам - како краен заклучок ќе постулирам дека не е проблем самата голотија, проблемот е контекстот кој и се придава, пред се бидејќи голотијата и барањето полово внимание не само што е сосема нормална и природна работа, туку е и сакрален, духовен елемент. Воедно, нема никаква причинско последична врска меѓу голотија и неморал. Однесувањето на девојките, со оглед на биолошката, социоекономската и психолошката клима е сосем природно и очекувано, притоа тоа не е покана за злоупотреба на податоците. Однесувањето на момците е исто така очекувано - одбранбен механизам е, тоа не значи дека е пожелно, но за да се смени потребно е сите колективно да го менуваме односот кон голотијата и сексуалноста. Да бидеме свесни дека оваа случка е симптом на подлабоко вкоренети колективни проблеми и да правиме што е можно повеќе во нашиот живот, пред се во нашето размислување и однесување, за да допринесеме кон исцелување на истиот.
Ајт сите на колективно лечење на сексуални трауми, поз.