Онака го тропнав, смени го зборчето со работа, кафе, на гости. Не знам никој што фатил во продавница, али знам неколку што појма немаат кај фатиле. Со оглед на тоа дека не идат на работа вајда од некое такво место закачиле.
Е да си жив.
А знаеш зошто нема да го смениме зборчето?
Пошто во маркети имаш најголема концентрација, изгледа заборави едно време кога тука ти се препукуваше со еден бивши админ како тоа касиерките во КАМ не фатиле корона кога е толку страшна - тој заговараше седење дома, ти не.
И сеа, салто мортале. Толку беше.
Неколку месеци затворено се и одма ти се шета, ти се оди на работа, ќе се вакцинираш.
Мислам океј, ама здраво разумското размислување треба да ти е исто, или не одговара да е исто во конкретниот случај?
Пазарам во КАМ, Веро, Тинекс, Жито... редовно одам во овие маркети скоро секој 2 ден сум во некој. Досега немам видено некои касиери да не се на работа подолг период (пример 14-20 дена) колку што трае изолација. Значи? Не е ова оди во маркет и вирус ќе донесиш.
ИСТО, колку таксисти познаваш што заболиле? Никој.
Колку возачи на ЈСП кои се разболиле? Никој.
Дури и да има по некој колкав е нивниот процент од вкупниот број на возачи, таксисти и слично? - МИНОРЕН.
Ова ти се професии каде секој ден имаш контакт со еден куп на луѓе и затоа ги наброив.
Така да, дај не дефокусирајте... на копаоник ќе фател вирус али ако не фател ќе го донел од маркет. Заклучок, ајде сите на вакцинација.
Ништо, ќе го почекаме другар ти Игор од Имачка да кажи дали е вакциниран, со која вакцина, дали се осеќа убаво што му го земал редот на некој на кој стварно му треба таа вакцина и ЗОШТО во таа толку медицински развиена имачка 70% од докторите не одат бланко со размислувањето сега ќе се вакцинирам?
п.с. а тие што појма немале кај фатиле ти се истите кои по канцеларии цел ден дремат без маски со колегите, тие кои на пуш пауза во два квадрати простор седат со уште 10 души дури швајцоваат цигари и тие што шврљаат наоколу.
Не познавам голем процент на луѓе кои го фатиле вирусот, а се придржувале до мерките. Напротив, нивниот процент е мал.
Се' останато е од контакти со лица кои не внимавале и не биле општествено одговорни.