За жал друже и ти како и
@Паланчански си веќе пациент во очите на искусните Грее продавачи тука.
Ти веќе си им ги дал парите, нема што да се замараат веќе со тебе.
Отвори нов акаунт и прашај како да сакаш да купуваш клима одма ќе го добиеш вниманието од сите 4-5 продавачи тука.
Мое мислење а и поради тоа што зимава беше мноогу топла, не се малку... ама многу зависи и како си ја користел.
Еве ќе ти пратам математиката од кај мене од двете клими за истиот период па ти одлучиси.
Грее Хансолот кај мене е во 17м2 соба со низок плафон и до 05.01 се грееше на 25 степени, а од 05.01 намалена на 23 со ауто фан до пред некој ден кога фатија студовите па ја кренав на 24С со 3ка фан.
Значи од тие 31 ден за кој прашуваш ти, 20 дена била на 25С и 10 дена на 23С.
Најбрзо можам вака да пресметам, на Grafana графикот му викам да ми исцрта од 15.12.2020 до 15.01.2021
Истиот график ми ги црта вредностите за двете клими, и за Грее Хансол12 и за Мицубиши LN35.
Најдолу на графикот има min, max и average вредности за потрошувачка, при што тоа средата (average) ќе ми дојде доста корисна.
Имено, изгледа за целиот тој период и двете клими ми трошеле со по иста средна вредност (која колкав простор грее нема да коментирам во моментов)
Математиката со средната вредност вика:
0.475kw x 24h =
11.4kw x 31den =
353.4kw x 5.5мкд =
1,944мкд
Според мене, барем за Мицу-то ќе биде помалце затоа што знам дека поголем дел од киловатите ги штанцав ноќно време и во ефтина тарифа со помош на тајмерите, па тие ќе бидат по помала цена од онаа средната 5.5 што ја зедов во пресметките.