Gledaj malce, ZADADENA MU E 30C.Од -8 до -10 разликата е минимална а резултатите се прилично различни.
Па јас мислам дека греачите повлекуваат дупло од декларираното. Некако 10тина минути без да работи компресор ми изгледа прилично долго време. Иначе осцилациите од 2KW на 1KW па пак на 2KW ми изгледа како ужасно лоша модулација а не дефрост. До сега немам видено клима да се префрли во дефорст мод на 1KW.
Мислам дека имаш сериозна грешка во пресметките. Со почетна температура од 22 степени и не би требало температурата на усисот да е поголема од 24-25 степени. Во вакој случај според твојата пресметка (58-25)*1,2*800/3600 ти си добил 8,8KW што е и повеќе од фабрички декларираната максимална топлина од 7,2KW. Ти си постигнал и COP од скоро 3,2 (8,8/2,8). Па и кинеските тест репорти на -7/-8 COP од 3,3 има само кога дава 3,1KW.
Да ти кажам право, му го сруши сето знаење на инжињерите.
Иначе ако математика ти е точна за тие 7KW, тогаш внатрешната температура на усис требало да биде 58-(7*3600/800/1,2)=32степени, што е малку чудно со оглед на зададената од 22.
А пошто си добар со partload температури едно квиз прашање за точноста на интерните тест репорти и многу фалениот нордиски тест.
Зошто во интерните тест репорти на Gree во ладната зона на GWH09YD има деклариран капацитет од 4,1KW на -15, а на нордискиот тест има постигнато само 3,7KW на -15?
Ова е сериозна утка од 10% на декларираното во однос на постигнатото. Ама ако ништо друго барем COP од 2 го погодиле.
Ова да не e како на еден од раните постови на темава кога обичниот Хансол давал 4KW на -15?
Иначе она што и предходно го зборував дека Амбер 09 и 12 најверојатно се истата клима само 12 со малку по-навиен компресор изгледа е вистина. Само 0,1KW разлика на -15 и 0,1 COP.
За да нема забуни еве ги линковите до кинеските тест репорти за Амберот, https://www.scanvarm.fi/tuote/gree-amber-ilmalampopumppu/ и до нордискиот тест https://www.scanoffice.fi/vttn-testiraportit-ilmalampopumppuvertailu/
А за мерењата мислам дека не треба многу да се земаат сериозно. Од моето искуство часовникот на мерачот од Анхоч за два месеци направи разлика од 45 минути. Ако бега часовникот, колку е прецизна потрошувачката? Исто така и двете сонди порачано од Алиекспрес поставени два до друга кажуваат разлика од 2 степени. Заради тоа за генерална предства мислам дека се ОК ама не и за детални мерења и барање на влакно во јајцето.
Ne letaj go prle pred magare.