- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.168
- Поени од реакции
- 10.134
Јули и август ме фати некоја мрза, книга не ми се фаќаше, па ај викам нешто полесно ќе земам, да се повратам на читањето.
Ја прочитав „Шепнувачот“ од Донато Каризи. Пријатно ме изненади трилеров и досега ми е најдоброто нешто што сум го прочитал од тој жанр. Ју Несбе може вода да му носи. До крајот не се знаеше кој е злосторникот, одлично напишано, браво за авторот.
Замерка имам за преводот на Матица. Ја имаат преведено од англиски, а не од италијански. На места се губеше смислата, а преведувачкава користеше зборови како плоштатка од чакал (претпоставувам за патека од чакал, зашто пред хотелски соби не може да има плоштад, збориме за оние соби од американските филмови што се една до друга и имаат секоја посебен надворешен влез), парка (за некој џемпер или палто; зборов барем во дигиталниот речник не постои со такво значење), конзерва пиво (претпоставувам не знаела дека can of beer значи лименка)...
Името на преведувачката е Горица Попова, јас веќе го запамтив, а препорачувам да го запамтите и вие и да бегате од нејзини преводи што подалеку. Ги има осакатено книгиве на Стиг Ларсон во издание на Три, „Девојката што го спаси кралот на Шведска“ во издание на Литература.мк, кои што се наведени дека се преведени од шведски, а „смрдат“ на превод од англиски и се препознаваат англиските конструкции на речениците, а богами и се губи смисла од време на време.