Купи куќа-купи стан (v.2 - Купи куќа за млади)

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,
Ме интересира дали овој проект важи исклучиво за нови градби на станови или може и за купување на старо?
Фала однапред.
Знам дека е задоцнет одговор ама ако уште не си разбрал, само за нови градби е или нов стан што треба да го купиш од фирма
Автоматски споено мислење:

дали некој има искуство за време на градбата на куќа дали може да се прават измени на внатрешноста и на кровот ,пример кај мене е со керамиди а би сакал да го направам со лим-панел , и имам во проектот баџа но сакам да не ја правам ,дали може помош
Се додека не излегуваш од границите на дозволената градба за ширина должина висина не е проблем да преправаш и внтарр да преградеш поинаку од планот, исто шо треба да ти напоменам е дека ако градбата не е повеќе од 300м2 мислам дека беше не иди комисија за проверка и не е задолжително да имаш надзор, ако надминува оваа квадратура тогаш сепак треба да запазиш и да имаш надзор, а повеќето од нив си ја знаат работата :)
 
@Lurtz доколку можеш да ми пишеш ПП, да ми дадеш некои информации во врска со купување на стан.
 
ima li nekoj dobieno godinava jas cekam od januari mesec i nisto seuste'???
 
ima li nekoj dobieno godinava jas cekam od januari mesec i nisto seuste'???
Мислам дека треба да помине на Влада -- со оглед на тоа што до денес немаше формирано Влада, не изненадува фактот што си чекал 8-9 месеци. Сепак, јави се во Мин. за финансии и во банката преку која аплицираше и побарај повеќе информации.
 
Јас го зедов пред речиси 6 години ова и одобрувањето одеше парарелно со одобрувањето од банката.

Сега се чудам што ве читам дека сте чекале по година дена одобрување.

Иначе, превара тешка беше тоа тогаш. Сите компании даваа анекс на договор да си доплатите разлика во цената, анекс на договор за балконите (купи куќа купи стан даваа 50% за логии и балкони), ...и се тоа си го поминаа легално, иако сите што зедоа таков кредит пријавија во Мин за Финансии. Таму креваа раменици...

Имаш некој ќар на крајот на денот ама далеку е од сумите кои се спомнуваат.
 
И јас го зедов кредитот пред 6 години. И немаше никаква превара или игра како што велите погоре. Како прво на инвеститорот воопшто не му е гајле од каде ми се парите, дали од банка или од држава. Битно да му се исплати колку што му кошта. Второ на банката не и е гајле од каде јас ќе го најдам учеството (во случајот пола учество ми беше од државата). Битно е да се почитуваат законските правила. Главни ограничувања се 5 години да не го отугуваш станот/куќата и 10 години да не го затвораш кредитот. Ако ти одговара тоа, земај ги парите. Секоја помош е сепак добродојдена
 
Дали проектов е сеуште во функција? Неможам да најдам ниту еден официјален сајт или слично за да добијам повеќе информации околу ова.
 
Дали проектов е сеуште во функција? Неможам да најдам ниту еден официјален сајт или слично за да добијам повеќе информации околу ова.

На 31.12.2020, во весникот Нова Македонија, случајно забележав дека е објавен оглас со правилата за овој проект за 2021. По тоа знам дека проектот е активен и оваа година.

Е сега гледам дека Министерството за финансии имаат нова веб страна па и јас не можам да се снајдам тука за да го најдам огласот. Освен во Министерството ваљда можеш да добиеш инфо и во некоја банка, ама сепак тие прво би се обиделе да ти ги протукркаат нивните кредити. :)

Поздрав
 
И од тоа што се распрашував по инвеститорите речиси сите избегнуваат да соработуваат со проектов, и сите даваат опција за плаќање само со станбен кредит или во готово.
 
И од тоа што се распрашував по инвеститорите речиси сите избегнуваат да соработуваат со проектов, и сите даваат опција за плаќање само со станбен кредит или во готово.
i toa ti e stanben kredit. nema sto da saka ili ne. edinstveno investitorot ti treba ako treba da se "nasminka" cenata da vleze vo zadadenite uslovi.
 
i toa ti e stanben kredit. nema sto da saka ili ne. edinstveno investitorot ti treba ako treba da se "nasminka" cenata da vleze vo zadadenite uslovi.

Исконтактирав 5 или 6 фирми кои моментално градат згради и сите дадоа негативен одговор на прашањето дали соработуваат со проектот. Можеби и цената на квадратот, со оглед на тоа дека им е повисока е главната причина да го избегнуваат тој начин на плаќање, се со цел да не прават комбинации од типот една цена да ти пишат во договор, а друга да е реалната.
 
Јас имам лично искуство со ова, додуша далечната 2014 година. Значи, инвеститорот не треба да го интересира од каде ти се парите. Едноставно него на сметка од банка му стигнуваат X евра, колку шо треба, а дали се од станбен или ваков или таков кредит, него ништо не му менува.
 
мислам имаше услов да не биде квадрат повеќе од 900е или така нешто
иначе да нема што него да го интересира битно ке си биде исплатен

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
мислам имаше услов да не биде квадрат повеќе од 900е или така нешто
иначе да нема што него да го интересира битно ке си биде исплатен

Sent from my iPhone using Tapatalk

Да, тој условм мислам дека се уште постои, и нормално треба да го задоволиш. Без тоа, банката нема да ти го одобри кредитот. А на инвеститорот сите пари им ги префрлува банката, парите од кредитот + твоите пари - остатокот до вкупната вредност на станот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom